Свет
Украинските градови добија „зелено светло“ за ЕУРО2012
УЕФА денеска ги потврди четири украински градови Киев, Лвов, Харков и Доњецк како домаќини на Европското фудбалско првенство во 2012 година.
УЕФА денеска ги потврди четири украински градови Киев, Лвов, Харков и Доњецк како домаќини на Европското фудбалско првенство во 2012 година.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) на седницата на Извршниот одбор во Мадеира даде и „зелено светло“ финалниот натпревар на ЕУРО2012 да се одигрa на олимпискиот стадион во Киев.
Претходно, УЕФА ги потврди четири полски градови Варшава, Гдањск, Познањ и Врослав, како и Киев, за домаќини на ЕУРО2012, а Лвов, Харков и Доњецк добија условна потврда.
„Пред само една година се наоѓавме во „црна зона“, но сега ситуацијата се промени и стекнавме високо ниво на доверба во УЕФА“, изјави украинскиот министер за спорт Јуриј Павленко./крај/х/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ
Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел, по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави дека работата за повторно обединување на Европа не е завршена и порача дека Западен Балкан има историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со Европската унија.
„Западен Балкан, Турција, Украина, Молдавија и Грузија имаат историска можност цврсто да ја врзат својата иднина со ЕУ. Проширувањето на ЕУ е трансформативна политика која ја подобрува безбедноста, правдата и демократијата, истовремено подигнувајќи го животниот стандард на Европејците“, се вели во соопштението на Борел.
Тој додаде дека ЕУ и земјите кандидати соработуваат на полето на безбедноста и одбраната со цел подобро да се соочат со повеќе геополитички предизвици заедно. Борел изјави дека од идните земји-членки се бара да ги зајакнат своите демократски институции и да ги поддржат човековите права и основните слободи, додека ЕУ работи на нејзината реформа и денес се подготвува за „Унијата на утрешниот ден“.
Тој подвлече дека целта не е само за поголема ЕУ, туку и за посилна, „способна да ги зачува и проектира нашите заеднички вредности низ целиот свет“.
Свет
Премиерката на Бангладеш: Сопствениците на фабрики да се откажат од луксузот заради вработените
Премиерката на Бангладеш Шеиха Хасина за време на своето обраќање по повод празникот Први мај ги повика сопствениците на текстилните фабрики и другите фабрики од Бангладеш да ги подобрат условите за работа на своите вработени со тоа што ќе се откажат од дел од својот луксуз.
„Сакам сопствениците (фабриките) да посветат посебно внимание на работниците, намалувајќи го малку нивниот луксуз, бидејќи работниците ви дадоа простор да водите луксузен живот со зголемување на производството со нивната напорна работа“, рече Хасина.
Таа, исто така, ги предупреди работниците да ги игнорираат повиците за штрајк бидејќи „на тој начин работниците понекогаш всушност си нанесуваат штета себеси, на своите семејства, на земјата и на сопствениците на фабриките“, пренесува агенцијата БСС.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.