Спорт
Милито погоди четири пати, Интер не победи
Лацио го победи актуелниот првак на Италија Милан, со 2:0, во натпревар кој се одигра во рамките на 21-то коло, во Серија А.
Лацио го победи актуелниот првак на Италија Милан, со 2:0, во натпревар кој се одигра во рамките на 21-то коло, во Серија А. Лацио со победата остана на четвртото место на табелата, зад Јувентус, Милан и Удинезе, до победата на полупразниот „Олимпико“ го предводеа Ернанес и Роки. Диего Милито ја врати формата која ја имаше во периодот кога со Интер ја освои Лигата на шампиони. Милито постигна четири гола, но Интер не успеа да го победи Палермо, натпреварот заврши 4:4. На спротивната страна, кај гостите од Сицилија три гола постигна Фабрицио Миколи. Удинезе остана на третата позиција откако на „Фриули“ го совлада Лече со 2:1. Првиот гол за Удинезе го постигна Пациенца, кој само ден претходно како позајмен играч од Јувентус пристигна во Удине. Наполи на Горан Пандев забележа уште еден разочарувачки резултат, откако на домашен терен одигра само 0:0 со една од најслабите екипи во лигата, Чезена. Значајна победа забележа Каљари, кој на домашен терен ја совлада Рома со 4:2. Поради лошите временски услови беа одложено четири натпревари од 21-то коло: Парма-Јувентус, Болоња-Фиорентина, Сиена-Катанија и Аталанта-Џенова. Вечерва ќе се одигра последниот натпревар од оваа рунда, Новара ќе му биде домаќин на Киево. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Мекгрегор не трпи провокации: Поради повикот „Напред Хабиб“ плукна човек
Ирскиот ММА борец Конор Мекгрегор се уште не може да го преболи понижувачкиот пораз од Хабиб Нурмагомедов.
И покрај тоа што нивната борба беше пред шест години, Мекгрегор сè уште е фрустриран од секое спомнување на борецот од руската република Дагестан.
На социјалните мрежи кружи нов срамен чин на некогаш најпопуларниот УФЦ борец во светот.
На видеото се гледа како Мекгрегор плука во лице на непознат маж кој го испровоцирал Ирецот со едноставно извикување: „Напред, Хабиб!“
Откако го слушнал повикот, Мекгрегор налутено се свртел, а потоа му пришол на насмеаниот човек и го плукнал во лице.
„Те плукнав во лице и што направи? Ништо“, му рекол Мекгрегор бидејќи неговиот порстаклук не предизвикал реакција од другата страна.
Поради ооа Ирецот може повторно да има проблем со законот, како што наведуваат некои американски извори наведуваат дека плукањето в лица се класифицира како насилничко однесување и напад.
Conor McGregor spit in this guys face after he yelled “Let’s go Khabib” 😬
“I spit in your face, what you do? Nothing.”#UFC #MMApic.twitter.com/eDSV3FwHL2
— Championship Rounds (@ChampRDS) February 3, 2025
Инаку, Мекгрегор секоја недела прави се повеќе испади, а неодамна жестоко го навреди Нурмагомедов и неговиот тим.
Тој потоа се сврте против сонародникот Пол Хјуз затоа што по мечот покажа почит кон Усман Нурмагомедов.
Иревот никогаш не се опорави од споменатиот пораз во една од најголемите УФЦ борби во историјата.
Тој се врати во октагонот по двегодишна пауза и го победи Доналд Сероне, но потоа претрпе два порази од Дастин Поаире.
Во кариерата на 28 меча има 22 победи (19 со нокаут) и шест порази (два со нокаут).
Мекгрегор неодамна беше осуден за сексуален напад, поради што го напуштија бројни спонзори.
The UFC just dropped extended cage audio and Khabib truly HATED Conor McGregor… pic.twitter.com/t5kbHzQXvo
— internet hall of fame (@InternetH0F) January 28, 2025
Спорт
Тел сепак заврши во Тотенхем
Францускиот фудбалер Матис Тел, во последните минути од преодниот рок му се приклучи на Тотенхем на позајмица.
Планот на Тотенхем беше веднаш да го откупи неговиот договор, но Баерн инсиситирал на позајмица до крајот на сезоната.
Тотенхем за шест месеци ќе може да го купи Тел за 60 милиони евра.
Тел е член на клубот од Минхен од летото 2022 година, кога пристигна од Рен за 20 милиони евра.
Не играше многу оваа сезона, само 14 натпревари, најчесто како резерва.
Вкупно за Баерн одигра 83 натпревари, постигна 16 гола и забележа седум асистенции.
Спорт
Дурент ќе се врати во Голден Стејт Вориорс?
Изненадувачкиот трејд на Лука Дончиќ од Далас во ЛА Лејкерс ги инспирираше другите тимови да пробаат нешто слично.
Во американските медиуми кружат гласини дека Феникс Санс добиле повеќе понуди за Кевин Дурент.
Дурент најмногу се поврзува со Голден Стејт Вориорс. Дурент играше во Вориорс од 2016 до 2019 година, освои две шампионски титули.
Дурент има уште една година од договорот со Феникс, а ќе заработи 54 милиони долари.
На Санс не им оди баш најдобро оваа сезона, имаат скор 25-23 и моментално се осми на Западот.
За потсетување, Дурент беше МВП на финалето во 2017 и 2018 година, како и најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната во 2014 година.
Тој играше на Ол-стар натпреварот 15 пати, а во шест пати се најде во најдобрата постава во НБА.