Надворешна политика
Орбан сака што поскоро членство на Македонија во НАТО и ЕУ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во средата во унгарскиот Парламент апелирал за што поскоро отпочнување на преговорите за членство на Македонија во Европската унија (ЕУ) и НАТО, нагласувајќи дека земјата ги завршила сите потребни задачи.
На Орбан, од страна на претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски во Будимпешта му беше врачена наградата „Гоце Делчев“, награда која ги обединува сите Македонци низ целиот свет, се доделува на оние чија јавна дејност има големо влијание врз македонскиот народ.
„Македонија се посвети на членството во ЕУ и НАТО, се подготви, ги заврши сите потребни задачи. Затоа неразбирливо е зошто Унијата и Северно-атлантскиот сојуз „гради” еден таков долг кон балканската држава, што и покрај тоа што признава, дека Македонија е подготвена за приклучување, сепак не ги започнува преговорите со неа. Напомена, дека и причината за тоа е позната: дебатата за името помеѓу Македонија и Грција“, истакнал Орбан, потенцирајќи дека оваа дебата не може да биде пречка за започнување на преговорите со Македонија за членство во ЕУ и покана за НАТО.
Орбан во својот говор потсетил дека и покрај тоа што со децении Македонците и Унгарците живееле во различен комунистички систем, сепак и македонците страдаат од исти работи како и Унгарците, како на пример недостаток на слобода, запоставување на националната култура и немање на право на слободно движење, и затоа Унгарија поради „чувството на заедничката судбина” се залага за случајот на Македонија на меѓународната сцена.
Претседателот на Обединетата Македонска Дијаспора, Мето Колоски потенцирал дека со наградата е признаена работата на Виктор Орбан, со што беа помогнати напорите на Македонија за интеграција, како и работата во интерес на зацврстување на унгарско-македонските односи, особено на економско поле.
Виктор Орбан наградата ја окарактеризира како награда доделена на цела Унгарија од страна на целиот македонски народ, истакнувајќи дека „ваквите награди го симболизираат и тоа, дека борбата за слобода никогаш не е безнадежна”./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.