Свет
Во Балетот владее страв
Со Балетот раководат две личности од сенка, при што целиот репертоар и програма се приспособуваат за едната од нив. Имам чувство дека Националниот балет се приватизира, а атмосферата, од уметнички аспект, се повеќе се политизира
КАТЕРИНА КИПРОВСКА – ПРИМАБАЛЕРИНА
Со Балетот раководат две личности од сенка, при што целиот репертоар и програма се приспособуваат за едната од нив. Имам чувство дека Националниот балет се приватизира, а атмосферата, од уметнички аспект, се повеќе се политизира
*Во моментов во Балетот се подготвува "Ромео и Јулија". Вие веќе еднаш бевте Јулија, дали сте и сега во поделбата?
– Да, во поделба сум. Но, за жал, нема да играм. Актуелното раководство на Балетот, од причини кои не се професионални и уметнички туку поинакви, одлучи целиот ансамбл да се подготвува заедно, а јас поединечно и сама. Сето време работев без партнер, иако требаше да ја толкувам главната улога. Тој факт нека му служи на чест на раководството, особено што јас сум единствената активна првенка во Македонија која ја има одиграно оваа улога. Згора на тоа, јас ја работев со кореографот Хазарос Сурмеан пред седум години кога се поставуваше претставата, што значи дека најмногу ја познавам улогата.
*Која е основната причина што нема да играте: кадровска политика, недостиг на партнер или нешто трето?
– За жал, по заминувањето на првенецот Василиј Чичијашвили, не само јас туку и други солистки од Балетот се оставени без партнер. Постојаното канење на гости, всушност, е само за една балерина, но така не се води репертоар и репертоарска политика. Инаку, заминувањето на Чичијашвили го чувствувам и како лична загуба, бидејќи во изминатите четири години ми беше постојан партнер. Заедно го одигравме целиот репертоар, а со успех ја претставуваме повеќепати Македонија и во странство. Тој беше миленик на нашата публика. Но болна вистина е дека тој не замина туку беше избркан, па дури и депортиран од Македонија. Не сакам да помислам, но сепак се сомневам дека тоа е направено од завист, од оние на кои им пречеа неговиот квалитет и успех кај публиката и критиката. Кога сето оваа лакрдија ја спроведуваше раководството во Балетот, а за жал и со поддршка на Министерството за култура, очекував дека некои вработени во Балетот, кои имаат посредно влијание во политиката, тоа ќе го спречат. Се чини дека се случи токму спротивното, тие да бидат главните организатори на неговото депортирање. Токму на тој начин, оние што требаа да се грижат за Македонскиот балет, практично го уназадија. Со тој потег му овозможија на Загрепскиот балет да добие еден врвен уметник, а Македонија да остане културно многу посиромашна. Впрочем, сиот тој срамен случај и нанесе штета и го извалка образот на нашата култура, па и на сета земја.
* Дали во ансамблот можеби имаше некакви реакции за то случај.
– Не, чудно, но немаше.
* Зошто?
-Од едноставна причина: во Балетот, во сиот ансамбл е внесен страв. Тоа се чувствува во контактите со луѓето, се чувствува во воздухот.
*На кој начин?
– Со директни и индиректни притисоци однатре и однадвор.
* Во смисла на квалитет, каква е моменталната состојбата во Балетот?
– За состојбата говори фактот што веќе го споменав. Балетот е доведен во ситуација кога без постојани гостувања на странски уметници, не може да го одржува репертоарот. Имаме само еден маж првенец – Горан Божинов. Со него соработувам 17 години и го почитувам, но нему годините веќе не му дозволуваат самиот да го носи целиот репертоар. Исто така, мислам дека и атмосферата, од уметнички аспект, се повеќе се политизира, за што нема никаква потреба. Не сакам ниту да ги коментирам најавите дека во МОБ ќе гостуваат кореографи од хип-хоп сцената во Америка. Ако идејата алтернатива на класичната балетска уметност да бидат кореографи од шоу-бизнисот, тогаш е јасно каде се движи Балетот, а и нашата култура. Што се однесува до најавите за редефинирање на репертоарот, повеќе од очигледно е дека тоа не се случува. Костурот на репертоарот и натаму се претстави кои се поставени во изминативе 2-3 години. Ова се однесува и на големата и на малата сцена.
*Сегашното раководство ве обвини како ексдиректори за оставени долгови и нереализирана програма. Коментар?
– За финансиските аспекти на работењето, јас, како поранешен уметнички директор на Балетот, не можам да коментирам. Но знам дека оставивме помалку долгови отколку што наследивме. За уметничките и програмски остварувања подобро од мене ќе говори фактот што во 2006 година за прв пат Балетот ја доби највисоката државна награда "11 Октомври". Не верувам дека државата и одборот немале точна процена за тоа што постигнал Балетот, но веднаш по донесувањето на одлуката за наградата, јас бев разрешена како директор од новите власти во МОБ. За жал, и тоа говори за цената на успехот која некогаш треба да се плати.
* Балетот неодамна доби уште една награда "Златна бубамара".
– Ако таа награда е критериум за една национална институција од областа на уметноста, тогаш коментар не е потребен.
*Што мислите за вечниот проблем со недостиг на балетски кадар?
– За да може една национална установа, каква што е Балетот, да го одржува квалитетот на репертоарот и високите уметнички стандарди на т.н. железен репертоар, нужно е да ги има сите неопходни услови кои ги побаруваат кореографските и сценските стандарди.
Изминативе две години направивме еден исчекор со вработување на 5 нови балетски танчари, а многу членови на ансамблот се здобија со многу високо образовани и специјализации во странство. Би било добро таа политика да трае и натаму. Но, очигледно, и тенденциите се обратни, а дури и првенци се бркаат од Балетот.
*Се зборува дека во МОБ и особено во Балетот има директор во сенка. Што мислите?
– Мислам дека сте во право. Во Балетот раководат две личности од сенка, при што целиот репертоар и програма се приспособуваат за едната од нив. Имам чувство дека Националниот балет како да се приватизира и поради тоа трпат многумина.
*Последен пат пред публиката настапивте како Жизел. Дали сте задоволна?
– Задоволна сум од настапот. Улогата на Жизел е една од најтешките во балетската уметност. Тоа е критериум за успешност на една првенка. На мојата матична сцена во МОБ и на повеќе светски сцени ја имам одиграно повеќе од 35 пати. Жалам што во Македонија како да се одбегнува оваа улога, бидејќи таа подразбира исклучителна техничка и уметничка подготовка.
*Што друго имате на вашиот репертоар?
– Ги играм сите главни улоги кои во моментов се на репертоарот на нашиот балет – во "Есмералда", "Оревокршачка", "Танго" и, секако, во "Жизел". Дирекцијата на Балетот не ме стави само во поделбата во "Шехерезада" што сметам дека не беше професионален туку калкулантски чекор на тие што одлучуваат. Но за оваа улога воопшто и не жалам бидејќи целата претстава трае 30-ина минути, од кои вистинска балетска игра на главната женска улога е само 10 минути. А и тие си играат, како што ние професионално велиме, на полупрсти, без шпиц патики. Тоа и не е некој предизвик за балетско докажување.
*По сите овие улоги, што би било нов предизвик за вас?
– Има уште улоги од класиката, од железниот репертоар кои би сакала да ги одиграм, а кај нас не се поставени. Како одат работиве во Балетот, којзнае дали во догледно време ќе имам шанса нешто такво да заигра. Ете, во моментов ми беше предизвик повторно да ја подготвам Јулија. Работев напорно и тешко, бидејќи работев сама, но многу ми помогна репетиторот Јагода Сланева со која соработувам 17 години. Јулија е една прекрасна улога од класичниот балет која не била често на репертоарот на нашата сцена. А јас за неа добив прекрасни критики од балетските критичари. Иако нема да играм, сепак, како човек од Балетот, ме радува фактот што оваа претстава повторно ќе заживее на сцената, а со тоа на многумина за првпат ќе им се даде шанса да настапат во оваа претстава која изобилува со прекрасни танчарски и драмски елементи, специфични за Шекспир. Д.Стојановиќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Хамас не е разоружан, а Иран се обидува да ги обнови своите нуклеарни капацитети
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Иран се обидува да ги обнови своите ракетни и нуклеарни капацитети кои беа оштетени за време на војната во јуни оваа година.
„Ги вративме значително назад во обете области, но да, тие ќе се обидат да ги обноват своите ракетни и нуклеарни капацитети. Мислам дека вистинскиот проблем со Иран е што треба да го прифатат фактот дека не треба да имаат капацитет за нуклеарно збогатување“, рече Нетанјаху во интервју за американскиот „Фокс њуз“.
Според него, Техеран треба да го извади целиот материјал што веќе го збогатил, односно да го изнесе од Иран и да спроведе инспекции.
„Не бараме ескалација, се надевам дека ниту тие нема да го сторат тоа, но ако го сакаат тоа, сè е можно“, додаде премиерот на Израел.
Зборувајќи за Хамас, Нетанјаху рече дека палестинското милитантно движење мора да ги предаде сите свои оружја и инфраструктура на тунели за да може мировниот план на Вашингтон за Газа да продолжи.
„Хамас вети дека ќе се разоружа, но одбива да го стори тоа“, рече Нетанјаху.
Премиерот на Израел додаде дека Хамас сè уште има околу 20.000 луѓе со калашникови, кои „периодично ги користат за егзекутирање на секој што не сака нивната тиранија да продолжи“.
„Тие имаат вкупно 60.000 пушки АК. Тоа е она што значи разоружување. Мора да ги земат сите тие пушки, да ги однесат и да ги разбијат тие терористички тунели што ги имаат. Сè уште има стотици километри терористички тунели. Хамас одбива да го стори тоа“, вели тој.
На прашањето дали верува дека втората фаза од планот за Газа може да се постигне дури и ако Хамас не е подготвен да се разоружа, Нетанјаху рече дека смета дека мора да се даде шанса.
„Постои обид да се доведат меѓународни сили. Досега тоа не вроди со плод, но ќе му дадеме шанса. Бидејќи ако може да се направи на полесен начин, во ред. А ако не, ќе се направи на друг начин“, заклучи премиерот на Израел, објави Танјуг.
Свет
Мерц: Германија не е топка во рацете на суперсилите
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Германија не е топка во рацете на суперсилите и нагласи дека претстојната година може да биде одлучувачка за неговата земја.
Во своето прво новогодишно обраќање до нацијата, Мерц рече дека Германија не е жртва на надворешни околности, објави порталот „Тагешау“.
Тој исто така рече дека 2026 година може да биде одлучувачка година за Германија и Европа кога децении мир, слобода и просперитет ќе започнат со обновена сила.
„Европа мора посилно да ги наметне своите интереси за да обезбеди мир и просперитет во 2026 година, во услови на предизвиците на руската агресија, глобалниот протекционизам и променливите односи со Соединетите Американски Држави“, рече Мерц.
Тој изјави дека е сè појасно „дека руската агресија беше и е дел од план насочен против цела Европа“, додавајќи дека Германија се соочува со саботажа, шпионажа и сајбер напади секој ден.
Мерц истакна дека дополнителен предизвик доаѓа од протекционизмот во глобалната економија и дека зависноста на Европа од увезени суровини сè повеќе се користи како политички лост против неа.
Откако ја презеде функцијата во мај, Мерц помогна во европските напори за поддршка на Украина против руската инвазија, објави Танјуг.
Свет
(Видео) Нов Зеланд ја пречека Новата година со огномет
Нов Зеланд ја пречека Новата година во 12 часот по средноевропско време со огномет и прослави низ целата земја.
Пред Нов Зеланд, Новата година пристигна на пацифичките острови Самоа, Тонга и Киритибати (Велигденски Остров), каде што жителите ја пречекаа 2026 година претежно на плажа или на баровите на плажите.
По нив, Новата година ќе ја дочекаат Австралија, Северна и Јужна Кореја, Тајланд, Индија, ОАЕ, Русија, Јужна Африка и поголемиот дел од Европа.
Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во новата 2026 година, па Бразил, Њујорк и Лос Анџелес ќе бидат последните што ќе ја дочекаат Новата година.

