Спорт
Рели Дакар 2010: Марк Кома повторно трет
Минатогодишниот шампион во категоријата мотори на две тркала, Шпанецот Марк Кома повторно се пласира на третото место во втората етапа од релито Дакар која се возеше од Кордоба до Ла Риоха
Победник на втората етапа е Французинот Давид Фретиње, кој извозе со време од 3 часа 59 минути и 20 минути пред сонародникот Давид Косто и Марк Кома од Шпанија. Кома се соочи и со 22 минутен пенал поради пребрзо возење додека поминуваше низ населено место од втората етапа.Во категоријата на мотори на четири тркала победник е Уберт Дитре од Франција со извозени 4 часа, 18 минути и 3 секунди, пред шпанецот Хуан Мануел Гонзалес Короминас кој задоцни 2 минути и Алехандро Патронели од Аргентина. Насер Ал Атилах од Катар е победник во категоријата автомобили со време од 4 часа 1 минута и 55 секунди пред Французинот Гуерлан Кришерит и Бразилецот Маурисио Невес. Рускиот тим Камаз издвојува еден-два победа во втората етапа кај категоријата камиони. Владимир Чагин беше најбрз со извозено време од 4 часа, 35 минути и 7 секунди пред сонародникот и клупски колега Фирдаус Кабиров и Андре де Азеведо од Бразил кој задоцни дури 14 минути. Следната етапа се вози од Ла Риоха до Фиамбала со вкупна километража од 687 километри, и тоа ќе биде последна етапа на целосно Аргентинска почва бидејќи од следната натпреварувачите ќе навлезат во Чиле. Втората етапа од релито Дакар помина без смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дубаи има договор со најдобриот европски шутер
Кошаркарскиот клуб Дубаи сериозно се подготвува за новата сезона. Откако, како што објави „Естандо“, клубот постигна договор со Ели Окобо, договор за следната сезона има и Андреас Обст.
Договорот на германскиот „снајпер“ со Баерн истекува во јуни оваа година и се чини дека тој е подготвен да го нплати својот квалитет.
Обст кој наскоро ќе наполни 30 години, има просек од 15,5 поени по натпревар оваа сезона, а неговиот процент на шут за три поени е импресивни 41 процент.
Foto/ depositphotos
Спорт
Леброн: Не знам дали ќе играм следната година
Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари во историјата, ја игра својата 23-та сезона во НБА.
Асот на Лејкерси беше во центарот на вниманието на медиумите за време на Ол-стар натпреварот во Лос Анџелес, а главното прашање беше, секако, дали ќе игра следната сезона.
„Сакам да живеам. Кога ќе знам, ќе знаете и вие. Не знам во моментов. Немам поим“, истакна Џејмс.
Леброн има 41 година. Ова е последната година од неговиот договор со Лејкерси, во кој треба да добие 52,6 милиони долари.
„Целосно сум фокусиран на оваа сезона. Сакам да влеземе во плејофот и да се бориме за титулата. Се надевам само дека ќе останеме здрави, бидејќи тоа е предуслов за секој квалитетен настап“, заклучи Џејмс.
Foto/ depositphotos
Спорт
Капитенот на Њукасл на долга пауза поради повреда
Бруно Гимараеш од Њукасл Јунајтед ќе отсуствува околу два месеци откако заработи повреда на тетивата.
Фудбалерот од средниот ред се повреди за време на натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата против Тотенхем. Њукасл славеше, а капитенот се повреди на самиот крај од натпреварот.
Ова беше негов втор натпревар откако се опорави од повреда на глуждот. Скенирањата потврдија дека Бразилецот го очекува подолга пауза, што е голем удар за Њукасл.
Њукасл ја победи Астон Вила во четвртото коло од ФА Купот, а следниот натпревар ќе го игра како гостин на Карабаг во првиот натпревар од плејофот за осминафиналето на Лигата на шампионите.
Тимот на Еди Хау е на 10-то место на табелата во Премиер лигата со 36 бода.
Foto/ depositphotos

