Регион
Лидерот на неонацистичката грчка Златна зора пуштен од затвор

Основачот и челник на неонацистичката грчка партија Златна зора, Никос Михалолиакос, обвинет во рамките против оваа партија за организирање криминални структури и предизвикувања насилства со смртни последици, ослободен е во петокот од затвор и сместен во домашен притвор, по истекот на законскиот рок од 18 месеци притвор.
Никос Михалолиакос, на 57 години, кој е обвинет за „водење и членување во злосторничка организација“ и „незаконско носење оружје“, не смее да ја напушта Грција. И покрај куќниот притвор, тој може да се движи со придружба за да учествува на седниците на парламентот чиј член е и по предвремените парламентарни избори од 25-ти јануари.
„Михалолиакос незаконски е држен во притвор и нема таму да се врати (…) Неговата невиност ќе биде докажана на суд“, изјави за грчките медиуми неговиот адвокат Никос Антонијадис по повод излегувањето на неговиот клиент од затворот со висока безбедност Коридалос во западното предградие на Атина. Антонијадис истакна дека наскоро ќе побара и укинување на мерката домашен притвор, која е одредена поради обвинувањето за „незаконско поседување и носење оружје“, којашто според адвокатот е неоснована.
Освен Никос Михалолиакос, на условна слобода е пуштен и Јанис Лагос, пратеник на златна зора, обвинет во истрагата за убиството на левичарскиот активист и познат пејач Павлос Фисас на 18-ти септември 2013 година. И нему му е забрането напуштањето на земјата и учество на јавни собири, соопштија грчки правосудни извори.
Михалолиакос и Лагос беа уапсени и сместени во притвор по серијата инциденти со имигранти во Атина, и поради убиството на Фисас кого со нож го избоден член на Златна зора. Ова убиство претставуваше почеток на истрагата без преседан против политичка партија во Грција, во рамките на која беа уапсени нејзини инсталации со ксенофобна и антисемитска ориентација во грчката полиција, беа уапсени десетици партиски активисти и претресени бројни канцеларии на партијата во кои беше откриено оружје./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.