Спорт
Работнички слави 65 години постоење
Најтрофејниот македонски кошаркарски тим, Работнички, вечерва ќе го прослави јубилејот, 65 години од основањето. Во таа пригода, во 19:30 часот, Работнички ќе одигра пријателски натпревар со белградска Црвена звезда.
Најтрофејниот македонски кошаркарски тим, Работнички, вечерва ќе го прослави јубилејот, 65 години од основањето. Во таа пригода, во 19:30 часот, Работнички ќе одигра пријателски натпревар со белградска Црвена звезда. Натпреварот со Црвена звезда ќе биде искористен, Работнички да им врачи благодарници на сите кои придонеле во развојот на екипата која беше име во лигата на поранешна СФРЈ, а во самостојна Македонија освои 14 шампионски и 4 куп титули.На натпреварот, навивачката група на Работнички, „Сити парк бојс“ ќе одбележи 15 години од основањето, така што натпреварот со Црвена звезда треба да биде вистински спектакл. „Голема чест ни преставува што ќе бидеме гости на Работнички и што токму ние сме повикани на прослава на така значаен јубилеј. Работнички е еден од најголемите клубови од поранешна Југославија. Ние од наша страна ќе се обидеме да се прикажеме во вистинско светло и да приредиме вистински кошаркарски спектакл“, изјави за Б92, бекот на Црвена звезда, Никол Васиќ. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Партизан заинтересиран за Лука Станковски
По Бојан Димовски, фудбалскиот клуб Партизан покажа интерес за уште еден македонски фудбалер, Лука Станковски (22) играч на Раднички од Крагуевац.
Лука Станковски во Раднички дојде на позајмица од Газијантеп. Во меѓувреме стана важен играч во тимот на Феѓа Дудуиќ, на 13 натпревари постига три гола, поради што клубот за 30.000 евра го откупи неговиот договор од турскиот клуб.
„Моцартспорт“, пушува за интересот на Партизан, но не наведува колкава сума е подготвен клубот од Белград да понуди за Станковски. Според овој извор, проблем може да биде фактот што Партизан сè уште не го испочитувал договорот за обештетување на Никола Миличиќ. Овој играч пред една година од раднички се пресели во Партизан, се повреди на подготвките, не успеа да дебитира, а пред неколку дена овој играч замина во шпанскиот второлигаш Бургос. Инаку за Миличиќ, Партизан на Раднички треба да му плати 500.000 евра.
„Трансфермаркт“, вредноста на Станковски ја проценува на 800.000 евра.
Спорт
Јувентус има подготвени замени за Влаховиќ
Душан Влаховиќ во летниот преоден рок ќе го напушти Јувентус. Влаховиќ и неговите менаџер ги одбија сите понуди на клубот околу новиот договор, кој предвидуваше намалување на платата. Бидејќи има договор до јуни 2026 година, летниот преоден рок ќе биде последна шанса Јувентус да заработи од неговиот трансфер.
Челниците на Јувентус веќе имаат план како ќе реагираат по заминувањето на Влаховиќ. Нивната намера е да го задржат Рандал Коло Муани, Францускиот репрезентативец неодамна го засили клубот. Одлично се вклопи постигна три гола во првите два натпревари.
Планот на Јувентус е и наредната сезона да го задржат Муани на позајмица, а по завршувањето на сезоната 2025/2026 да го откупат од ПСЖ за 45 милиони евра.
Јувентус не сака веднаш да го купи Муани, бидејќи во летниот преоден рок за 30 милиони евра сака да го ангажира дефанзивецот на Феенорд, Словакот Давид Ханцко.
Покрај Ханцко, во летниот преоден рок, челниците на „старата дама“ ќе тргнат и по Виктор Осимен. Нигериецот сезонава е позајмен во Галатасарај, а се претпоставува дека Наполи ќе прифати 75 милиони евра.
Спорт
Алаба (повторно) се повреди
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба заработи повреда на тетивата на левата нога, соопшти шпанскиот клуб.
Алаба (32) ги пропушти повеќето натпревари во досегашниот тек од сезоната поради повреда на предните вкрстени лигаменти. Според шпанските медиуми, Алаба ќе отсуствува две до три недели.
Австрискиот дефанзивец, по пауза од 13 месеци, се врати на теренот на 19. јануари на натпреварот против Лас Палмас, по што влезе од клупата за резерви во следните три натпревари, за да го заврши претходното коло од шпанската Ла Лига против Еспањол како неискористена резерва.
Алаба му се приклучи на Реал Мадрид во 2021 година, како слободен играч од Баерн Минхен.
Реал Мадрид е прв во поредокот во Ла Лига со 49 бодови, додека во Лигата на шампионите ќе игра бараж со Манчестер сити за место во осминафиналето, откако заврши на 11. место по првата фаза од натпреварувањето.
Реал утре ќе му гостува на Леганес во четвртфиналето на шпанскиот Куп, а на 9.февруари во градското дерби ќе го пречека Атлетико. Овие натпревари и баражот со Манчестер сити ќе ги пропушти и Антонио Ридигер, кој се повреди во саботата против Еспањол.