Европа
Челниците на десет земји во недела ќе разговараат за мигрантската криза по планот на Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер подготви план од 16 точки врз чијашто основа во неделата попладне ќе се водат разговорите на челниците на десетте земји кои се наоѓаат на ткн балканска бегалска рута.
Главната цел на оваа средба е да се засили соработката меѓу земјите од западен Балкан, без разлика дали станува збор за членки на Европската унија, кои се наоѓаат на мигрциската рута од Грција до Германија, за да може протокот бегалци да биде ставен под контрола.
На мини-самитот во недела ќе учествуваат македонскиот и романскиот претседател Ѓорге Иванов односно Клаус Јоханис, како и австрискиот канцелар Вернер Фејман, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Бугарија Бојко Борисов, на Грција Алексис Ципрас, на Унгарија Виктор Орбан, на Словенија Миро Церар, на Хрватска Зоран Милановиќ и на Србија Александар Вучиќ.
На состанокот ќе учествуваат и претседателите на Европскиот совет и на Европскиот парламент, Доналд Туск односно Мартин Шулц, министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн, чија земја претседава со Советот на ЕУ, високиот комесар на ОН за бегалци Антониот Гутиерес, претставници на Фронтекс – европската агенција за граници, како и на Европското биро за азил.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер ја подготви нацрт заедничката изјава, на чијашто основа би требало да биде водена денешната расправа. Но некои челници, веќе однапред во саботата овој нацрт го оценија како „несериозен и нереален“. Според документот, се предвидува покренување на операција на Фронтекс на границата меѓу Македонија и Грција.
Според повеќето европски медиуми кои имале увид во планот на Јункер, се предвидува учесниците на состанокот да се обврзат во рок од 24 часа да именуваат лица за контакти во своите кабинети за да се олесни размената на информациите и координацијата во управувањето со бегалската криза.
Овој документ бара челниците да се обврзат дека ќе ги зголемат капацитетите на своите земји за на бегалците да им биде пружен привремено засолниште, храна, вода и здравствена заштита, а доколку тоа не се во состојба да го сторат, треба да бараат покренување на Механизмот на ЕУ за цивилна заштита. Исто така, би требало да разменуваат информации за капацитетите за да се обезбеди нивна максимална искористеност. Од челниците, исто така, се бара да обезбедат капацитети за регистрација на бегалците и земање биометриски податоци.
Во нацртот на документот се вели и дека челниците се обврзуваат на размена на информациите за големината на бегалскиот бран кој минува низ нивната земја, а во тоа техничка помош можат да им пружат агенциите на ЕУ.
Имигрантите коишто не ги исполнуваат условите за азил би требало да бидат вратени. „Челниците се обврзуваат дека ќе ги забрзуваат своите национални и колективно координирани напори за враќање на имигрантите на коишто не им е потребна меѓународна заштита. Техничката помош ќе ја пружи Фронтекс“, е 10-та точка од планот на Јункер.
Тој бара од учесниците на средбата да се обврзат дека нема да го поттикнуваат доаѓањето на имигрантите на границите на други земји без нивна согласност. „Челниците се обврзуваат дела ќе се воздржат од олеснување на движењето на бегалците или имигрантите на границите на друга земја во регионот без согласност на таа земја. Политиката на насочување на бегалците кон соседна земја не е прифатлива“, се вели натаму во нацрт документот.
Челниците, меѓу другото, би требало да го потврдат принципот дека секоја земја може да одбие влегување на државјанин на трета земја, кој не сака да поднесе барање за меѓународна заштита, со тоа што претходно треба да биде проверено дека не се крши меѓународниот закон за невраќање на жртвите на нивните прогонувачи. Се бара и засилена борба против криумчарењето луѓе. Во нацрт документот се истакнува и дека спроведувањето на сите преземени мерки би требало да се проверува на неделна основа.
Пред самитот во саботата некои од челниците веќе реагираа на планот, па за хрватскиот премиер документот го правел некој кој „се разбудил по длабок сон“ и кој не ја познава фактичката состојба на теренот. Љубљана најави дека ќе бара распоредување на Фронтекс на границата меѓу Турција и Грција и на хрватско-српската граница.
Во Софија се состанаа премиерите на Бугарија, Србија и Романија, кои заземаа заеднички став за средбата во Брисел, односно дека трите земји нема да дозволат да станат тампон зона за бегалците, доколку Германија или некоја друга земја која е цел на мигрантскиот бран ја затвори својата граница./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германија и Белгија против запленувањето на средствата на руската централна банка во ЕУ

Германија и Белгија не се заинтересирани за идејата за запленување на средствата на руската централна банка кои моментално се замрзнати во рамките на Европската Унија.
Канцеларот Фридрих Мерц и белгискиот премиер Барт де Вевер се согласија по ова прашање за време на состанокот во Берлин.
„Од правна гледна точка, не е толку едноставно“, рече Де Вевер.
Мерц, исто така, предупреди на негативното влијание врз пазарите на капитал. Може да се случи тогаш и другите земји да ги повлечат своите државни средства.
Според Европската комисија, околу 210 милијарди евра средства на руската централна банка се замрзнати во ЕУ поради инвазијата на Украина.
Приходите од камата сега се користат за финансирање на оружје и муниција за Украина.
Сепак, предлозите за директно користење на парите преку налози за експропријација се контроверзни.
Де Вевер се залага за одржување на сегашниот пристап, кој користи само камата на замрзнатите средства на централната банка.
„Тоа е како гуската што ги снесува златните јајца“, објасни тој. „Треба да ја задржиме оваа гуска.“
Само кога ќе се договори мировен договор меѓу Русија и Украина „гуската може да се стави на маса“, заклучи белгискиот премиер.
фото: принтскрин
Европа
(Фото) Украински дрон се урна во Естонија

Украински борбен дрон се урна во Естонија, соопштија властите денес, во инцидент за кој се верува дека се случил во недела наутро.
„Тоа беше украински дрон кој нападна руски цели. Нема докази дека станува збор за руски дрон“, изјави Марго Палосон, раководител на естонската Служба за внатрешна безбедност, за естонското радио ЕРР. Според извештаите, ова е прв ваков инцидент во Естонија.
A Ukrainian military drone veered off course and crashed in Estonia. Authorities say they have no claims against Ukraine.
Wreckage and a blast crater were found in Tartu County. According to officials, the drone was likely Ukrainian.
Margot Pallonen, head of the Internal… pic.twitter.com/YHvhI0bw3a
— NEXTA (@nexta_tv) August 26, 2025
Украина нападна руски терминал за нафта и гас во балтичкото пристаниште Уст-Луга, во близина на естонската граница, во саботата навечер. Во понеделник, земјоделец во округот Тарту во Естонија пронашол остатоци од борбен дрон на својата нива, рече Палосон. Исто така, бил видлив кратер од експлозија.
Не е јасно дали дронот дошол од латвискиот или рускиот воздушен простор. Употребата на дронови во војување може да претставува закана за соседните земји.
Во последните месеци, руски дронови влегоа во воздушниот простор на Полска, Литванија и Латвија преку Белорусија, руски сојузник. Слични инциденти се пријавени во Романија и Молдавија.
фото: принтскрин
Европа
Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.
„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.
Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.
Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.
Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.
Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.
фото: принтскрин