Свет
Ќерката на Гадафи го тужи НАТО за воени злосторства
Ајша Гадафи, ќерка на либискиот водач полковникот Моамер ел-Гадафи, во вторникот поднесе до судот во Брисел тужба против НАТО за „воени злосторства“
За ова светските агенции ги известија правните застапници на Ајша Гадафи кои исто така се обидуваат да ја поништат одлуката на Европската унија за замрзнувањето на имотот на либискиот режим„Одлуката на НАТО да стрела врз цивилни објекти претставува воено злосторство“, изјави за AFP адвокатот Франсес Лук Бросоје кој ја предал тужбата во обвинителството на Брисел и во сојузното белгиско обвинителство. Тужбата се однесува на воздушниот напад на авионите на НАТО од ноќта меѓу 30-ти април и 1-ви мај. врз на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи во Триполи, кога беше убиен најмладиот син на Гадафи, 29-годишниот Саиф ал-Араб, како и три внуци на либискиот водач – двегодишниот Сеиф, двегодишната Картаџе и четиримесечното бебе Мастура, како и неколкумина негови пријатели и соседи. Ајша Гадафи е мајка на бебето Мастура, сестра на Сеиф ал-Араб и тетка на неговите деца Сеиф и Картаџе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Амбасадорот на САД во ОН: Ќе го лишиме Мадуро и неговиот картел од сите ресурси
САД вчера им соопштија на Обединетите нации дека ќе воведат и спроведат максимални можни санкции за да ги лишат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот нарко-картел од ресурси.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци води кампања на смртоносни напади врз бродови покрај венецуелскиот брег и пацифичкиот брег на Латинска Америка за кои се сомнева дека се вмешани во трговија со дрога. Трамп, исто така, се закани со напади на венецуелска почва, објави Ројтерс.
„Најсериозната поединечна закана за оваа хемисфера, за нашето соседство и за САД доаѓа од транснационални терористички и криминални групи“, изјави американскиот амбасадор во ОН, Мајк Валц, пред Советот за безбедност на ОН.
САД го зголемија своето воено присуство во регионот, а Трамп најави блокада на сите бродови што се предмет на санкции од САД. Досега овој месец, крајбрежната стража на САД пресретна два танкери што превезуваа сурова нафта од Венецуела во Карипското Море, според Ројтерс.
„Реалноста е дека санкционираните танкери за нафта дејствуваат како главна економска линија за Мадуро и неговиот нелегитимен режим. Санкционираните танкери, исто така, ја финансираат нарко-терористичката група Картел де Лос Солес“, тврди Валц.
Вашингтон го прогласи Картел де лос Солес, или Картел на Сонцето, за странска терористичка организација кон крајот на минатиот месец поради нејзината наводна улога во увозот на дрога во САД. Во исто време, го обвини Мадуро дека го предводи тој картел. Венецуелската влада ги нарече таквите тврдења „смешни“, а групата „непостоечка“.
Свет
Зеленски: Вашингтон останува посветен на постигнување мировен договор
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД сè уште се посветени на постигнување мировен договор, откако беше информиран за разговорите што украинските преговарачи ги водеа со американската страна.
Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа изјави дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и началникот на Генералштабот на украинските вооружени сили Андриј Хнатов, по нивните состаноци со американски претставници.
Зеленски рече дека се подготвуваат нацрти на договорот и дека за време на разговорите се разгледани одредени точки.
„Остануваме во постојан контакт со САД и сметаме на континуирана соработка“, рече претседателот на Украина.
Зеленски додаде дека Вашингтон сака конечен мировен договор, наведувајќи дека Украина целосно соработува и дека „тоа никогаш нема да биде пречка за мир“.
Сепак, нагласи тој, Русија мора да престане со „саботажа на дипломатијата“ и сериозно да го сфати завршувањето на војната.
Украинскиот претседател, исто така, повика на континуиран притисок врз Москва за прекин на агресијата, тврдејќи дека меѓународната заедница ги има „сите потребни инструменти“ за да го постигне ова.
Фото: депозитфотос
Свет
Американска анализа: Украина ја плаќа цената на европската слабост
Главниот проблем на Украина не е американскиот претседател Доналд Трамп, туку слабоста и неодлучноста на европските елити кои не се во можност да ја преземат одговорноста за безбедноста на континентот и самата Украина, според американскиот весник „The Hill“.
Авторот на текстот оценува дека од почетокот на конфликтот, Европската Унија не успеала да дејствува обединето, туку „одговорила со смели зборови, но со плашливи акции“, додека во суштина го префрла товарот на поддршката на Украина на Соединетите Американски Држави. И покрај трите години наводно прекумерна попустливост од страна на администрацијата на Џозеф Бајден и јасните сигнали од новата администрација на Трамп дека ваквите практики се завршени, европските престолнини продолжуваат да одбиваат да ја преземат целосната одговорност за сопствената колективна безбедност.
Во текстот се истакнува дека европските лидери не сакаат да ја прифатат новата политичка реалност, потпирајќи се на надежта дека „Русија едноставно ќе попушти“, иако, како што е наведено, нема индикации дека тоа ќе се случи. Според авторот, Европа продолжува да избегнува одлучувачки потези во однос на Украина.
Како примери се дадени постапките на поединечните земји-членки: Шпанија прибегнува кон „сметководствени трикови“ за да избегне значително зголемување на воените трошоци, Германија одбива да испорача ракети со долг дострел на Украина, додека ЕУ како целина не е во можност да се согласи за запленување на замрзнатите руски средства.
„Постојаната стратешка недоследност и слабост на Европејците само го зајакнува впечатокот дека Украина не може да победи во долгорочна војна против Русија – крајот на конфликтот не е на повидок“, заклучува авторот на статијата во весникот „The Hill“.
Слична оценка претходно изрази и „Politico“, кој напиша дека Европа, одбивајќи да заплени замрзнати руски средства, ја изневери Украина и покажа дека не е во можност да ѝ обезбеди соодветно и одржливо ниво на поддршка.
Фото: депозитфотос

