Црна хроника
Еден од обвинетите за тероризам во Дива населба делумно ја призна вината, адвокатот веднаш побара консултации

Под силно полициски обезбедување во просториите во Врховниот суд во Скопје во вторник започна судењето против обвинетите за тероризам за судирот помеѓу македонската полиција и вооружена група во Дива населба во Куманово.
Еден од обвинетите Сами Укшини, познат како командант Соколи, пред судот рече дека делумно ја признава вината, но пред да се доизјасни, неговиот адвокат побара консултација со својот клиент и пауза од судиката, а судиката му објасни дека во овој дел од постапката треба да се изјасни единствено за тоа дали се чувствува виновен или не за делата за кои се товари.Во моментот во тек е пауза, по што се очекува сите 29 обвинети да се изјаснат дали се чувствуваат виновни за делата „тероризам“ и „терористичко организирање“.Јавниот обвинител Наум Пановски го образложи обвинителниот акт и рече дека Обвинителството ќе докаже дека обвинетите биле учесници во судирот во Куманово, како и во нападот врз полициската станица Гошинце.Според обвинението, дел од обвинетите на 21 април минатата година ја нападнале полициската станица Гошинце и го зеле целото оружје за логистичка поддршка.Според доказите на Обвинителството, единицата за специјални задачи при МВР на 9 мај минатата година постапувала по судска наредба за вршење на претрес со цел пронаоѓање на лицата кои го украле оружјето од Гошинце. Приближувајќи се кон објектот каде што требало да се изврши претрес, криминално-терористичката група фрлила рачна бомба од што биле повредени дел од припадниците на специјалната единица. Групата продолжила со рафали од автоматски пушки и истрели од снајпери и нападот траел цел ден и цела ноќ кон 10 мај. Во борбите загинаа осум полицајци, а 42 се тешко ранети. Од изведените докази на Обвинителството структурата на терористичката група била составена од три нивоа, првото било командната структура во која најголем дел се косовски државјани, второто ниво била логистиката која обезбедувала помош и засолниште за учесниците во нападот и најголем дел од логистичарите се од Македонија. Третото ниво е најниското ниво во кое се членовите на паравоената група.Обвинителството смета дека ќе докаже дека обвинетите се одговорни за настаните во Гошинце и во Куманово, дека постапувале со директна умисла, а исто така ќе се докажат и побудите и околностите што точно се случило.Обвинителството располага со докази сместени во три класери. Во првиот класер се доказите за Гошинце, во останатите класери доказите за Куманово.Обвинителот Пановски рече дека Обвинителството располага со записници од увид, заедно со документација, траги од лице место, барутен тест од облеката од групата учесници од нападот, огнено оружје пронајдено во Дива населба во Куманово.„Од доказите Обвинителството смета дека несомнено не само што ќе се докаже учеството на обвинетите во дејствијата, туку ќе се докаже и основната и правната квалификација на делата кои им се стават на товар“, рече обвинителот Пановски.Пред почетокот на рочиштето одбраната на обвинетите побара да се одложи судското рочиште бидејќи според адвокатот Шазивер Исеини, не се исполнети условите за одржување на рочиштето бидејќи тие побарале изземање на основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.Одбраната бара овој случај да го преземе Специјалното јавно обвинителство, но Судот не го прифати ова барање бидејќи до сега до судот не стигнало барање од Специјалното обвинителство дека овој случај е во нивна надлежност. /крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.