Македонија
Манифестации по повод Денот на полицијата

Одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај започнува денеска со низа пригодни манифестации
Одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај започнува денеска со низа пригодни манифестации.
Во касарната Ѓорче Петров ќе биде организирана крводарителна акција на припадниците на Министерството за внатрешни работи (МВР), а во Домот на АРМ ќе биде промовирана кампањата “денови на безбедноста”..
Манифестации ќе продолжат в четврток со положување цвеќе на споменикот на загинатите припадници на МВР и пред зградата на граничната полиција.
Централната манифестација ќе се одржи во касарната Ѓорче Петров. со постројувањето на почесниот вод на МВР. Министерката Гордана Јанкулоска ќе одржи поздравен говор, а ќе биде изведена и методоско-показна вежба на припадниците на полицијата, како и изложба на фотографии од активностите на припадниците на МВР. /крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)