Свет
Запрен бродот со руските хеликоптери за Сирија

Товарниот брод на кој според западот се руските борбени хеликоптери за Сирија, е запрен во близина на брегот на Шкотска, откако осигурителната компанија му ја откажала полисата за осигурување, јавија лондонските медиуми.
Запирањето на товарниот брод „Alead“ на руската бродска компанија „Фемко“ доаѓа во периодот на зголемените тензии меѓу Западот и Русија околу ситуацијата во Сирија. Западните сили ја разгледуваат можноста за воена интервенција во Сирија и ја обвинуваат Москва дека го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, чие заминување од власта го бараат. Кремљ, пак, останува на ставот дека ситуацијата во Сирија не може да се реши со барањето за заминување на Асад, туку за тоа да решаваат сириските граѓани по институционален пат.
Во однос на ткн „хеликоптерска криза“, Русија тврди дека го почитува договорот на Советот за безбедност на Обединетите нации и дека во случај испораката на хеликоптерите за Сирија всушност станува збор за ремонт на сириски борбени хеликоптери од руско производство, според договор што бил потпишан многу пред да започне 15-месечната криза во Сирија.
Крајната дестинација на бродот „Аlaed“ којшто испловил од руското пристаниште Калининград на Балтикот, наводно ги превезува борбените хеликоптери од типот Ми-25, е пристаништето Тартус, каде што се наоѓа единствената руска морнаричка база во Средоземјето.
Руската компанија „Фемко“ ги осигурува своите пловила во британската компанија „Standard Club“, којашто во вторникот соопшти дека ги укинала сите осигурителни полиси за бродовите коишто се во сопственост на „Фемко“.
Интернет изданието на весникот The Daily Telegraph пренесува дека британската влада ја известила компанијата за осигурување дека давањето осигурување за таа пратка најверојатно претставува кршење на санкциите на Европската унија воведени против режимот во Сирија“, и оти барала укинување на полиците за осигурување.
Меѓутоа, како што наведува весникот The Huffington Post UK, повикувајќи се на портпаролот на осигурителната компанија, „Standard Club“ самата решила да ги укине осигурителните полиси за осумте бродови на руската компанија.
Против слободното пловење на рускиот брод „Alaеd“ минатата седница се залагаше американската државна секретарка Хиалри Клинтон, која тврдеше дека на него се наоѓа оружје коешто сириската армија на претседателот Асад има намера да го употреби во задушувањето на бунтот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сијарто: Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес изјави дека Унгарија нема да го поддржи пристапувањето на Украина во Европската Унија без оглед на, како што изјави, заканите на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Коментирајќи го говорот на Зеленски на состанокот на амбасадорите претходниот ден, Сијарто на прес-конференцијата рече дека украинскиот претседател одржува „непријателски став кон Унгарија, и унгарската нација“, пренесува МТИ.
„Јасно е дека тој се однесува кон Унгарија и Унгарците како кон непријатели“, рече Сијарто.
Регион
(Видео) Голем пожар во Грција: наредена итна евакуација

Поради големиот шумски пожар што избувна денес во Грција, властите на таа земја наредија евакуација на неколку села западно од Атина, објави противпожарната служба, пренесуваат медиумите во регионот.
Повеќе од 180 пожарникари, 15 авиони и 12 хеликоптери се вклучени во гаснењето на шумскиот пожар што ја зафати боровата шума во планините во близина на Коринт, пренесува АП.
Massive fire in Corinthia Greece . Villages evacuted.
Seen firefighters battle major blaze today.
115 firefighters including three commandos unit, with 25 aircraft assisting . pic.twitter.com/5X4DECwXUp— Samiran Datta (@SamiranDatta5) July 22, 2025
Временските услови се особено тешки за пожарникарите, со оглед на тоа што Грција беше погодена од топлотен бран што донесе температури до 40 степени Целзиусови во многу делови од земјата.
Порано денес, противпожарен хеликоптер се урна во морето и потона додека се обидуваше да се наполни со вода за да се справи со друг пожар во близина на Атина.
Тројца членови на екипажот на хеликоптерот беа спасени и однесени во болница, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Почина Ози Озборн: легендата на хеви металот и фронтмен на групата Блек Сабат

Британската хеви метал легенда Ози Озборн, фронтмен на бендот Блек Сабат, почина на 76-годишна возраст, соопшти денес неговото семејство.
„Со неопислива тага мораме да објавиме дека нашиот сакан Ози Озборн почина утрово. Тој беше опкружен со семејство и љубов“, напишаа неговата сопруга Шерон и децата, објавија медиумите.
Пејачот, кој го доби прекарот „Принц на темнината“, страдаше од Паркинсонова болест неколку години.
Озборн, чие вистинско име беше Џон Мајкл Осборн, беше вокалист на хеви метал бендот „Блек Сабат“ по заминувањето на големиот Рони Џејмс Дио, тогаш популарен соло музичар.
Од 2002 година, тој е ѕвезда на реалното шоу „Озборнови“, кое прикажува секојдневни сцени од животот на неговото семејство.
Фото: принтскрин