Свет
Се очекува предавање на власта во Јемен
Политичките сили во Јемен уште вo саботата може да се договорат за предавање на овластувањата на претседателот, изјавил шефот на дипломатијата во оваа земја од југот на Арабискиот полуостров, каде избувнаа немири по задушувањето на антивладините демонстрации
„Се надевам дека тоа ќе се случи денеска, временскиот период за предавање на власта е нешто за што може да биде дискутирано на состанокот“, изјавил министерот за надворешни работи на Јемен, Абубакар Ал Кирби, цитира Reuters. Опозицијата ги повика противниците на режимот да одржaт протестни митинзи на кои ќе се бара оставката на претседателот на Јемен, Како што пренесе AFP стотици илјади приврзаници и противници на претседателот Али Абдула Салех кои во петокот протестираа по улиците на главниот град Сана, во саботата ги обновија протестите.Претходно, претседателот Салех изјави дека тој нема да бара проширување на неговите овластувања и продолжување на мандатот кој истекува во 2013 г., како и дека нема да ја пренесе власта на својот син. Потоа, барајќи намалување на тензиите во земјата, Салех вети дека годинава ќе го даде на референдум нацртот за новиот устав кој ќе претставува транзиција кон парламентарни форма на управување со државата како што бара опозицијата. Сепак, опозицијата ги отфрли овие иницијативи на Салех сметајќи дека за тоа е премногу доцна.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен. Претседателот Салех на 18-ти март бјави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Во средата таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Последниве месеци во повеќето земји од Блискиот Исток и Северна Африка беа покренати масовни народни протести кои веќе доведоа до соборување на повеќедецениските владејачки режими во Египет и во Тунис. Во моментов безредијата продолжуваа, а особено се интензивни во Сирија. Повеќеседмични анти-владини демонстрации се одржаа претходно и во Алжир, Ирак, Јордан, Мароко, Оман, Бахреин. Но најнасилните судири се’ уште се одвиваат во Либија, каде што безбедносните сили лојални на режимот на либискиот водач Моамер Гадафи кој е на власт 42 години, со офанзива се обидоа да го задушат востанието во источниот дел од земјата, што беше причина и за интервенција на западните сојузници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американски разузнавачи со предупредување: Русија и Кина подготвуваат заедничка инвазија
Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека Русија и Кина тесно соработуваат за голем број воени прашања, вклучително и потенцијална инвазија на Тајван.
Такво нешто ја поттикна американската администрација да планира како да спречи такво сценарио, пренесува „Блумберг“.
„Ова е првпат Кина и Русија да соработуваат за прашањето на Тајван. Кина дефинитивно сака да соработува со Русија во оваа насока“, рече шефицата на Националната разузнавачка служба Аврил Хејнс за време на нејзиното сведочење пред Конгресот.
Републиканскиот сенатор Мајк Раунд од Јужна Дакота ја праша Хејнс за такво сценарио за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени служби во Сенатот. Тој праша и дали Пентагон планира одговор на таквата можност, бидејќи големи се шансите во случај на конфликт со една земја да биде отворен потенцијален конфликт со една или повеќе од нив. Тоа би влијаело на многу работи.
„Секако дека постои можност да се случи такво нешто. Одговорот на тоа прашање зависи од сценариото што би се развило“, рече Хејнс, додавајќи дека разузнавачките проценки укажуваат дека постои зголемена соработка во партнерството „без забрани“ меѓу Русија и Кина во секој општествен сектор – политички, економски, воени, технолошки“, пренесува медиумот.
Нејзините изјави, според написите ги потврдил и генерал-полковник Џефри Круз и нагласил дека ситуацијата внимателно се следи и дека „тие се подготвени доколку се случи несакано сценарио“.
Медиумот анализира дека треба да се знае дека Русија, Кина и Иран во средината на март одржаа заеднички воени вежби наречени „Поморски безбедносен појас – 2024“ во Оманскиот Залив и Арапското Море.
Свет
Медведев до Швајцарија: Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците
Дмитриј Медведев, поранешен руски претседател и актуелен заменик на Советот за безбедност, рече дека конференцијата за прекин на огнот во Украина ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на „мировниот план“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Швајцарската влада претходно објави дека Русија во моментов не е меѓу десетиците поканети земји, додавајќи дека е отворена за нејзино учество, но дека Москва не е заинтересирана. Берн го најави собирот во јануари, велејќи дека го организирал на барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Медведев објави денеска на Телеграм. „Која е користа за Русија од швајцарската „мировна конференција“? Придобивката е трикратна. Прво, тоа ќе биде уште еден доказ за пропаѓањето на таканаречениот мировен план на идиотот Зеленски.
Второ, тоа ќе стане видлив доказ за целосната немоќ на сегашните западни елити, кои извршија болна самокастрација на нивната способност да го прекинат воениот конфликт. Згора на тоа, по директна наредба на група сенилни лекари од Вашингтон.
Трето, тоа ќе им овозможи на нашите вооружени сили да продолжат да ја чистат територијата на Мала Русија од неонацистите без мешање или сметка за нечии глупави „мировни иницијативи“ и сите ние да извршиме скрупулозна работа во насока на конечниот колапс на политичкиот режим на Украина и брзото враќање на нашите оригинални територии во Руската Федерација. Ти благодарам, земјо на сирењето и часовниците“, напиша Медведев.
Европа
(Видео) Голем пожар во фабрика во Берлин, жителите предупредени да го избегнуваат подрачјето
Голем пожар во фабрика во Берлин-Лихтерфелд, која произведува системи за противвоздушна одбрана што се користат на бојното поле во Украина.
Противпожарната бригада предупредува на отровен чад, пренесува „Билд“.
‼️ A defense-industrial company factory is on fire in Berlin
According to media reports, a fire with toxic smoke occurred at a metallurgical plant of the defense-industrial company Diehl. The company is the main contractor of the IRIS-T production program and ammunition for this… pic.twitter.com/jZBBXTEdSm
— NEXTA (@nexta_tv) May 3, 2024
Адријан Венцел, портпарол на берлинската противпожарна бригада, изјави за Билд:
„Целосно изгореа четири ката од зградата. Дел од неа е веќе урнат, а ја гаснеме однадвор. Пожарот повеќе не може да се стави под контрола однатре.
Дежураат околу 160 пожарникари. Спасувачите носат заштитни одела.
Можеме да потврдиме дека во зградата биле запалени и хемикалии. Таму биле складирани сулфурна киселина и бакар цијанид. Постои ризик да се формира водород цијанид и да се издигне во воздухот со чад“, додаде портпаролот.
Противпожарната бригада го информираше населението преку апликации за предупредување.
Feuer mit Explosionen in Berlin Lichterfelde am 03.05.2024 #Feuerwehr #brand pic.twitter.com/4hZG5XekU0
— Niko (@nl_an) May 3, 2024
Станува збор за фирма „Diehl Metal Applications“ која има сопствен систем за доработка на метални површини во објектот.
По проценка на временските услови и соодветниот правец на ветерот, чадот од фабриката се пресели на север. Противпожарната бригада советува избегнување на просторот околу претпријатието, затворање на прозорците и вратите и исклучување на вентилацијата и климатизацијата.
Сојузната држава Берлин издаде официјално предупредување за опасност, советувајќи ги луѓето да ја избегнуваат областа.
Учениците и наставниците од околните училишта беа испратени дома.
Во е-пошта до родителите, една гимназија испратила порака во која ги замолува учениците да останат дома.
Засега нема информации за причината за пожарот, но соопштено е дека нема повредени.