Македонија
Проштална средба на Милошоски со Фуере
Шефот на дипломатијата, Антонио Милошоски денеска оствари проштална средба со евроамбасадорот Ерван Фуере, кој наскоро ќе ја напушти функцијата Шеф на делегацијата на Европската Унија и Специјален претставник на Европската Унија.Како што соопштуваат од македонското МНР, Милошоски искажал благодарност за ангажманот на Фуере, кој функцијата ја извршуваше пет години. Шефот на дипломатијата оценил дека двократната препораката за старт на преговорите воспоставувањето на безвизниот режим со Шенген зоната се меѓу позначајните настани што во контекст на европската интеграција на земјата се случиле за време на мандатот на Фуере.Фуере на средбата изразил надеж за скорешно отпочување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија. Милошоски и Фуере размениле мислења и за актуелни политички прашања. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борци
„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и скрнавење на македонското знаме е крајно вандалски чин и ние како Главен одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 сме згрозени од овој чин и целосно го осудуваме“, велат од Сојузот на борци.
„Ваквиот однос кон државните симболи само доведува до нестабилност на соживотот во земјата. Веднаш бараме до Министерството за внатрешни работи и до Основното јавно обвинителство да се постапи по законските нормативи. Никој нема право и законите важат за секој кога се постапува кон уништување на државните симболи.
Згрозени сме од чинот кој ја вознемири целата јавност и сите нас во Сојузот на борци.
Ваквиот начин на однесување не води кон добробит за сите граѓани во државата.
Апелираме уште еднаш до надлежните органи ВЕДНАШ да постапат со соодветни законски мерки“, се додава во соопштението.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег
Наутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.
Скопје
Дел од општините Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:-
– Во период од 10,00 до 11,30 часот улицата Исаија Мажовски бр.26 во општина Ѓорче Петров;
– Од 12,00 до 14,00 часот дел од корисниците на улицата Франц Розман општина Карпош.