Македонија
Помалите општини во Македонија се поефикасни

Македонија не е стигната до фазата на поставување на индикатори за мерење на работата на општините, беше речено денеска на тркалезна маса на тема „Мерењето на работењето на локалните власти -меѓународно искуство и нови пристапи за Република Македонија“
Тркалезна маса на тема „Мерењето на работењето на локалните власти-меѓународно искуство и нови пристапи за Република Македонија„ во организација на Министерството за локална самоуправа со поддршка на Советот на Европа. На тркалезната маса се дискутираше за изнаоѓање ефективни начини и методи како да се подобри задоволството на граѓаните во секоја општина, со помош на икуствата на странските гости во овој сектор.„Мерењето на перформансите во локалните власти ги вклучува и градочалниците за да сфатат како и колку добро тие ги доставуваат услугите. Во Велика Британија ние направивме многу грешки додека стигнавме до тука, каде што сме денес, а и да не ги направите истите грешки, Мислиме дека имаме многу добар систем на поставување на услуги во самите општини,„ изјави гостинот на трибината од Советот на Европа, Џон Барбер. Оваа тркалезна маса е еден вид на иницијатива за реформа за локалната самоуправа во три фази. Треба да се создаде база на податоци во која ќе се следи развојот на општините во Македонија. „Во Македонија се мерат капацитетите на општините но не сме во таа фаза каде ќе ги поставуваме индикаторите за мерење на работата на општините. Во Република Македонија општините се разликуваат и по број и по гоемина и по приходи. Градоначалниците имаат исти надлежности во локалната самоуправа така што имаме општини со 1.400 и општини со 100 илјади жители, па во сите теории помалите општини имаа помали капацитети и тие се поефикасни во работењето“, рече Рузван Сулејмани експерт и поранешен министер за локална самоуправа на денешната тркалезна маса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.