Контакт

Спорт

Почнува Европското првенство во кошарка во Полска

Објавено пред

Денес започнува Евробаскетот кој од 7 до 20 септември ќе се одржи во седум града во Полска.

dobivaj vesti na viber

Македонската кошаркарска репрезентација денес со почеток во 16.30 минути ќе го одигра првиот натпревар од А групата против репрезентацијата на Грција. За сите навивачи на кошарката кои сакаат да навиваат за Македонија, денес со почеток во 16 часот во плоштадот Пела   колективно ке се следи натпреварот заедно со пејачите од македонската естрада. Сител телевизија ќе врши пренос од натпреварите од Европското првенство. Во Групата А која ќе се игра во градот Познан покрај Македонија се наоѓаат Грција, Хрватска и Израел. Утре Македонија со почеток исто така од 16.30 игра против Израел а задутре со Хрватска. Во Гданск се наоѓа групата Б во која се репрезентациите на бранителот на титулата Русија, Германија, Латвија и Франција. Во Групата Ц се: Шпанија, Словенија, Србија и Велика Британија. Во групата Д се: Литванија, Турција, домаќинот Полска, и Бугарија. За Македонија ова е второ натпреварување на Европските првенства по точно десет години по Европското првенство во Франција од 1999 година кога исто така беше во иста група со Израел  со домаќинот Франција но и со силната репрезентација на Југославија. Пред десет години Македонија го заврши натпреварувањето на Еуробаскет без ниту еден освоен бод и со три порази. За една репрезентација да се квалификува во понатамошниот дел од  натпреварувањето треба да биде пласирана на првите три места  во својта група. Покрај Познан останати градови во Полска во кои ќе се одржуваат натпреварите се: Гданск, Лоѓ, Вроцлав, Варшава, Катовице, и Бидгошч.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Бесни се во Рајо Ваљекано: Секогаш истото се случува против нив

Објавено пред

Серија несреќни околности или нешто повеќе, е прашањето што го поставува целата шпанска спортска јавност утрово, по ремито меѓу Рајо Вањекано и Барселона (1:1).

dobivaj vesti na viber

Поводот е пеналот што Ламин Јамал го претвори во гол во 40-та минута.

Не само што немаше основа за пенал по стартот на Чаварија токму врз Јамал, туку судијата Матео Бускетс немаше начин дополнително да ја провери својата одлука.

Причината е откажувањето на ВАР системот, со кој имаше проблеми од самиот почеток на натпреварот, што е мала утеха за домашните фудбалери.

Рајо успеа да израмни во второто полувреме и да стигне до бод, а победа на тимот од Мадрид спречи одличниот голман Џоан Гарсија, кој правеше чуда меѓу стативите.

По натпреварот, Иси Паласон, асистентот на голот на Рајо, рече дека судијата Бускетс им потврдил дека немало пенал.

„Судијата ни призна дека не беше пенал! Секогаш исто се случува против истиот тим“, беше бесен Паласон.

По три натпревари, Барса има седум бода и заостанува зад лидерите Реал и Атлетик Билбао, два тима имаат по три победи.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Донарума ќе го засили Манчестер сити

Објавено пред

Манчестер сити успеа да го комплетира трансферот на Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен за сума од 35.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Италијанскиот репрезентативец официјално ќе стане нов голман на Сити во текот на денот, кога ќе го стави потписот на четиригодишниот договор.

Донарума беше избришан од плановите на Луис Енрике ова лето, откако одби да потпише нов договор со европскиот првак. Актуелниот му истекуваше на крајот од сезоната.

Голот на ПСЖ одо оваа сезона го брани Лукас Шевалие од Лил.

Италијанецот е второто голманско засилување на Сити во преодниот рок, откако претходно на „Етихад“ се врати англискиот репрезентативец Џејмс Трафорд од Барнли.

Поранешниот голман на Милан, кој го освои Европското првенство со Италија во 2021 година и ја однесе наградата за играч на турнирот, досега има одиграно 161 натпревар за ПСЖ, со 56 натпревари без примен гол.

Foto/ EPA/FRANCK FIFE

Прикажи повеќе...

Спорт

Коло Муани извиси, Јувентус ќе потпише со Луис Опенда

Објавено пред

Белгискиот фудбалер Луис Опенда, во следните часови треба да стане нов играч на Јувентус.

dobivaj vesti na viber

Според Фабрицио Романо, Лајпциг му дозволил на својот напаѓач да отпатува во Италија на медицински прегледи откако постигнале договор со тимот од Торино.

„Старата дама“ треба да плати отштета во износ од нешто повеќе од 40 милиони евра. Во новиот клуб, тој репрезентативецот на Белгија ќе заработува четири милиони евра годишно.

Трансферот на Опенда му ја затвори вратата на Рандал Коло Муани, кој во вториот дел од минатата сезона играше на позајмица во Јувентус. Иако играчот на Пари Сен Жермен беше нивниот прв избор, неколку пречки стоеја на патот. Французите не беа спремни да прифатат пофлексибилен аранжман што би му одговарал на Јувентус, проблемот беше финансискиот фер-плеј, како и желбата Душан Влаховиќ да остане.

Влаховиќ треба да остане во Јувентус и да влезе во последната година од неговиот договор, а се шпекулира дека му е понуден нов. Многу помала, според која би заработувал седум милиони евра годишно. Би била фиксна за три години, а во договорот би имал откупна клаузула од 25 милиони евра.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес после 15 години зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија48 минути

Македонија доби 2,3 милиони евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ50 минути

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет2 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, а повеќе од...

Европа3 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија3 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија3 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет4 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет5 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет5 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија5 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија16 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија16 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија18 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ20 часа

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија22 часа

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион24 часа

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет1 ден

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...

Македонија1 ден

Паднати дрвја, настрешници и покриви, оштетени моторни возила и скинати кабли на ЕВН по вчерашното невреме во Скопје

Вчерашното невреме што го зафати Скопје предизвика бројни проблеми и материјални штети во различни делови на градот. На бројот за...

Скопје2 дена

(Видео) Вистинска драма кај „Борис Трајковски“, евакуација на публика, 9 полицајци завршија во болница

Попладнево околу 16 часот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје изби пожар кој предизвика паника кај учесниците...