Контакт

Книги

Ангажиран автор за пишување на продолжението на ‘Милениум' од Ларсон

Објавено пред

Шведскиот издавач на серијата „Millennium“ на Стиг Ларсон го ангажирал писателот Давид Лагеркранц да го напише четвртото продолжение кое треба да биде објавено во август 2015 година.

dobivaj vesti na viber

Оригиналната трилогија на Ларсон за новинарот Микаел Бломквист и хакерката Лизбет Саландер е продадена во повеќе од 75 милиони примероци во светот, а според неа во Шведска и во САД се снимени филмови.

„Донесовме одлука да му дозволиме некому да ја продолжи приказната и напише што натаму се случило“, изјави Ева Гедин од издавачката куќа „Norstedst“.

Лагеркранц, кој е коавтор на книгата за фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, веќе почнал да го пишува продолжението, што, како што вели, е „многу забавно“. Новата книга ќе ја следи приказната за убиството, корупцијата и семејните тајни од првите три книги и ќе се концентрира на главните ликов, но се очекува дека Лагеркранц ќе даде и свој печат на книгата, пишува BBC.

Партнерката на Стиг Ларсон, Ева Габриелсон за шведскиот дневен весник Aftonbladet изјави дека смета оти „невкусно е на неговите книги да се прават обиди да се згрнат уште повеќе пари“. Стиг Ларсон ги доврши книгите кои станаа светски бестселери веднаш по нивното објавувањето на првата во средината на 2005 година, насловена на шведски „Човекот кој ги мрази жените“, но кога книгата беше објавена англиски насловот беше променет во„Девојката со тетоважа на змеј“, „Девојката која си играше со оган“ и „Кули во воздух“ или „Девојката која ги удираше осилата“, пред да почине од срцев удар на 9-ти ноември 2004 година, една година пред објавувањето на првиот од серијата романи „Милениум“

Ева Габриелсон, којашто живееше со Ларсон триесет години, уште во 2011 година објави дека тој почнал да го пишува и четвртото продолжение и имал 200 страници за четвртото продолжение во неговиот лаптоп, коишто таа може да ги заврши ако дозволи семејството. „Веројатно станува збор за неповрзани делови. Стиг пишуваше спонтано, ќе ги напишеше прозорите, но дури подоцна ги поврзуваш. Тоа не може да се нарече роман“, рече тогаш за BBC Габриелсон. Таа сега тврди дека издавачот немал пристап до делумно довршениот ракопис, па Лагеркранц ќе мора да почне од нула.

Според други извори, Ларсон напишал 120 страници од четвртата книга, кои навистина се наоѓаат во неговиот лаптоп. Габриелсон, беше инаку, во правен спор со семејството на писателот за неговата оставина Таа предложи да ја доврши четвртата книга, но сепак семејството на Ларсон не се согласи. „Нема да откријам за што се работи во четвртата книга, и што е уште поважно, нема други примероци“, напиша таа во автобиографската книга „Милениум, Стиг и јас“чиј коавтор е француската новинарка Мари-Франсоа Коломбани.

Шведскиот новинар и писател Стиг Ларсон е роден 1954 година, израснал во северниот дел од земјата во местото Норсјое. Го воспитувале бабата и дедото, сѐ до смртта на дедо му во 1962 година. Тогаш го завршил образованието и го отслужил воениот рок, се вработил како новинар, а една од првите задачи му било известување за граѓанската војна во Еритреја. По враќањето од Африка, каде што бил заразен од маларија, почнал да работи како графички дизајнер и уредник во новината агенција Tidningarnas Telegrambyr, каде што се задржал дваесет години.

Важеше како еден од најдобрите светски познавачи на десничарските екстремистички групи и силно се спротиставуваше на нивното влијание. Во средината на 1980-те го покрена проектот „Stop the Racism“. Фондацијата Expo ја основа во 1995 година и стана главен уредник на истоимениот весник кој беше под постојани закани од десничарските екстремисти.

Трите книги од серијалот „Милемниум“ станаа светски феномен и најпродаваните европски книги последните децении. Првата и третата беа наградени со најреномираната награда за криминалистички романи во Скандинавија – Glasnyckel, додека втората ја доби наградата на Шведската академија за уметност за детективски романи./крај/мф/сн

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 час

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп-Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 час

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади Томахавки на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, ја споменал можноста Украина...

Регион2 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет3 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на Томахавките, состанокот Трамп-Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија3 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет13 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија17 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија20 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија21 час

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија22 часа

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија23 часа

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија23 часа

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија23 часа

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија24 часа

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...

Европа1 ден

Немири на пропалестинските протести во Валенсија

Најмалку пет лица беа приведени, а неколку беа повредени во пропалестинските протести во Валенсија што се одржаа пред и за...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Америка е во трговска војна со Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД се во трговска војна со Кина. Новинарите во Белата куќа го прашаа...

Европа1 ден

Украина тврди дека идентификувала повеќе од 1.000 Кубанци, кои се борат за Русија

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на...