Свет
Рамазан во екот на туристичката сезона низ светот
Почетокот на големиот исламски празник Рамазан, посниот месец, се одредува според деветтиот лунарен месец и секоја година се поместува за околу 10 дена. Оваа година падна токму во екот на туристичката сезона насекаде низ светот
Првпат во последните триесет години Рамазан се паќа во овој период од годината и тоа предизвикало голема загриженост меѓу туристичките работници, особено и поради светската економска криза што влијаеше со намалување на туристичките приходи. Турција, Египет и неколку други муслимански земји веќе преземале мерки за привлекување на гости од муслиманска вероисповест, кои по правило овој празник го поминуваат во своите домови. На оние кои го слават празникот им се понудени цени пониски за 30 отсто, а во многу хотели им е овозможено да ги обавуваат традиционалните обреди, продолжените молитви и останатите рамазански обичаи. Исто така, во некои летувалишта на Медитеранот плажите и базените ќе бидат осветлени со рефлектори, па муслиманите ќе можат да се капат навечер.Рамазан е период во кој исламските верници се молат и постат од изгрејсонце до зајдисонце, апстинирајќи од секаков вид храна. Рамазан е месец на молитви и добри дела. Во текот на Рамазан припадниците на исламот треба да се чуваат од злодела и лоши мисли. Припадниците на исламот кои не можат да постат во текот на Рамазан, должни се да ги постат пропуштените денови, кога ќе имаат можност. Доколку во текот на Рамазан ненамерно се прекине постот, тој може да биде повторно продолжен. Постот има и здраствена димензија. Според исламскиот пророк Мухамед, да се пости значи да се биде здрав.Рамазанот завршува со Фитер Бајрам, кој трае три дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

