Спорт
Најголемите победи на мундијалите
Со денешната победа над Северна Кореја од 7:0, националниот тим на Португалија ја постигна една од најголемите победи во историјата на светските фудбалски првенства
Најуверливата победа дoсега во историјатот на мундијалите ја има остварено Унгарија, која на Светското првенство во Шпанија 1982 г. го победи Салвадор на 15 јуни 1982 г. во Елче дури со 10:1, што во просек значи дека гол беше постинуван секоја осма минута. Сепак, Унгарците и покрај оваа единствена двоцифрена победа на глобалното фудбалско нетпреварување не успеаја во Шпанија да ги минат натпреварите по групи и да се пласираат во осминафиналето. Унгарија инаку претходно исто така го држеше приматот во оваа категорија на светските првенства со победата над тогаш дебитантот на мундијалите Јужна Кореја од 9:0 на 17 јуни 1954 г. во Цирих.Следат: Југославија – Заир 9:0, 18 јуни 1974 г., Гелзеркирхен, Германија; Шведска – Куба 8:0, 12 јуни 1938 г., Антиб, Франција; Уругвај – Боливија 8:0, 2 јули 1950 г., Минеиро, Бразил; Германија – Саудиска Арабија 8:0, 1-ви јуни 2002 г., Сапор, Јапонија (и Јужна Кореја) и Португалија – Северна Кореја 7:0, 21 јуни 2010 г., Кејптаун, Јужна Африка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тиквеш го освои Купот на Македонија
Foot/ ffm.mk
Фудбалерите на Тиквеш испишаа историја и за прв пат во историјата го освоија Купот на Македонија. Исто така, оваа победа им овозможи на кавадарчани првпат да учествуваат во европските купови, тие ќе играат во квалификациите во Конференциската лига.
Во финалето кое се одигра на Националната Арена националниот стадион „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада Воска Спорт со 2:1.
Тиквеш поведе преку Кристијан Стојкоски, кој постигна одличен гол од слободен удар во 41. минута.
Tikves markiert in der 41. Minute das 1:0 per Freistoß https://t.co/nOamIuabKS pic.twitter.com/GoNMIrOQ4K
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
По еден час игра, Бразилецот Луан Силва зголеми на 2:0, за голема радост на 10.000 навивачи кои од Кавадарци дојдоа во главниот град да го бодрат својот тим.
#Tikves erhöht in der 59. Minute nach Eckball auf 2:0 https://t.co/ZgXE2lTKNk pic.twitter.com/pneNaK7TJI
— Makedonien.mk (@makedonien_mk) May 22, 2024
Голот за надеж за Воска го постигна Никола Саркоски во 77. минута, но охриѓани немаа сили да се вратат во мечот.
Со ова Тиквеш ја заокружи најуспешната сезона во клупската историја, во првенството овој тим го освои четвртото место.
Спорт
(Видео) Гасперини го надмудри Алонсо, Лукман со хет-трик го растури Баер, Аталанта ја освои Лига Европа
Фудбалерите на Аталната го освоија првиот европски трофеј во клупската историја. „Ла Деа“, во финалето во Даблин, го победи Баер Леверкузен со 3:0. Хет-трик постигна Адемола Лукман, кој го совлада Ковар во 12., 26. и 75.минута. Аталанта со победата во финалето стави крај на европскиот рекорд на Баер, играчите на Чаби Алонсо до овој меч немаа пораз на 51 натпревар.
Спорт
Борусија сите вработени ќе ги носи на финалето со Реал
Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“ ќе го игра финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а челниците на германскиот тим покажаа зошто популарните „милионери“ се голем клуб и колку се грижат за луѓето, кои се дел од целиот проект.
Сите вработени во клубот, на број се 519, ќе бидат специјални гости на мечот за највредниот трофеј во клупскиот фудбал. Сите трошоци ќе бидат на товар на Борусија.
На трибините ќе бидат сите од хигиеничарките до директорите.
На овој начин клубот сака да изрази благодарност за сето она што го прават секојдневно и придонесуваат за успехот на Борусија.
Освен тоа, „милионерите“ во Лондон ќе ги однесат сите членови на нивната младинска школа од 12 до 19 години, за да бидат дел од големиот спектакл.
Борусија Дортмунд последен пат беше во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година кога токму на „Вембли“, загуби од Баерн (2:1).