Контакт

Регион

Бебе фрлено низ прозорец од стан во Белград

Објавено пред

Бебе старо само 15 дена настрада во петок наутро во Белград, откако неговиот татко го фрлил од прозорец од стан на трети кат од зграда во Белград, јавуваат српските медиуми. Постојат сомнежи дека таткото го фрлил бебето по нервно растројство.

dobivaj vesti na viber

Трагедијата се случила утрово околу 5.28 часот во општината Стари Град. „Добивме повик утрово околу 5.28 часот и ни беше јавено дека татко го фрлил своето девојче старо само 15 дена, низ прозорец од трет кат. Лекарската екипа за жал можела само да констатира смрт на девојчето. Таткото кој има меѓу 35 и 36 години со полициска потера е префрлен во психијатриската болница „Др. Лаза Лазаревиќ““, изјави за „Блиц“ портпаролката на Итната помош, доктор Нада Мацура.Од полицијата изјавиле дека бебето било најдено на плочникот и дека се утврдуваат околностите под кои дошло до несреќата. /крај/бл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

„Многу е тешко да се предвиди што е следно“: серијата земјотреси околу Санторини ги збуни геолозите

Објавено пред

Грчкиот остров Санторини и неговата околина продолжуваат да се тресат, а десетици илјади луѓе се евакуирани. Тековните земјотреси најверојатно се предизвикани од серија движења на раседот, но тие се многу невообичаени, изјави Дејвид Пајл, професор по геологија на Универзитетот во Оксфорд, за LiveScience.

dobivaj vesti na viber

– Проблемот со овој настан е што гледаме земјотрес по земјотрес. Сè се случува под вода и многу е тешко да се предвиди што ќе се случи следно“, вели Пајл, кој го проучувал вулканот Санторини.

Егејското Море се наоѓа на мала плоча од Земјината кора, која се протега додека африканската плоча се лизга под евроазиската плоча. Ова истегнување, додаде тој, доведува до движења на раседите кои потоа предизвикуваат земјотреси.

„Областа е малку повеќе погодена отколку во 2011 и 2012 година, а стапката на откриени земјотреси е поголема, но фокусот е надвор од вулканот“, рече Пајл.

Повеќето земјотреси се случија помеѓу вториот подводен вулкан Колумба, кој се наоѓа на 7 километри североисточно од Санторини и малиот остров Анидрос.

Иако научниците веруваат дека овој пат земјотресите се активирани од движењето на тектонските плочи, не сите се сигурни дали постои поврзаност помеѓу серијата земјотреси и потенцијалната вулканска активност кај Колумбо.

„Ние навистина не знаеме многу за системите за снабдување со длабока магма на вулканите“, рече Пајл.

Вулканот Колумбо последен пат еруптираше во 1650 година, кога предизвика катастрофално цунами што ги опустоши островите во регионот.

Санторини бил обликуван од таканаречената минојска ерупција пред околу 3.600 години. Истиот вулкан имал „една од двете најголеми ерупции во овој дел од светот“ пред околу 520.000 години.

Прикажи повеќе...

Регион

Во петок повторно бојкот на маркети во Хрватска, се очекува да има и во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово

Објавено пред

Потрошувачката платформа „Ало, инспекторе“ најави обновен генерален бојкот на продавниците и услугите поради рекордни цени за петок, 7 февруари и седумдневен бојкот на еден малопродажен синџир од сабота.

dobivaj vesti na viber

Јосип Келемен, советник на платформата „Ало, инспекторе“, рече дека Србија, Босна и Херцеговина, Македонија повторно ќе бојкотираат, а ќе се приклучи и Косово.

„Потрошувачите побараа од нас да не се откажуваме и да продолжиме понатаму. Почнуваме сè повторно: од трговски синџири, пекари, услуги, производи“, изјави Келемен за новинарите во Загреб.

Тој најави дека овој петок ќе се бојкотира секоја форма на купување производи и услуги, а од сабота ќе се одржи и бојкот на еден малопродажен синџир. Граѓаните ќе одлучат за кој ланец ќе биде тоа во анкета објавена на Фејсбук страниците на платформата.

Келемен додаде дека анкетата отворена денеска побудила голем интерес кај граѓаните поради што двапати „падна серверот“.

Според него, трговците не ја разбрале пораката од претходните два генерални бојкоти.

Во Хрватска денеска завршува седумдневниот бојкот на три трговски синџири: Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – флаширана вода, газирани пијалоци и детергенти.

Бојкотите беа поддржани од синдикатите, опозицијата и владата.

Како мерка за помош на граѓаните во борбата против високите цени, Владата одлучи да ја прошири листата на производи со ограничени цени на 70 производи, наместо досегашните 30.

Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека државата реагирала, но дека сега мора да се вклучат и други, оценувајќи дека „никој немаше да банкротира ако цените беа малку поумерени“.

Хрватските медиуми пишуваат дека многу хрватски граѓани кои живеат во пограничните области на земјата се повеќе избираат да купуваат во Словенија и Италија, каде што цените на разни стоки се пониски.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Нов силен земјотрес на Санторини, улиците се празни, илјадници жители и туристи продолжуваат да го напуштаат островот

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11.35 часот во областа Санторини.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот повторно бил во близина на селото Оја, на 25 километри североисточно.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 14 километри под површината на земјата.

Ова подрачје од утрово е погодено од најмалку 30 земјотреси посилни од 3 степени според Рихтеровата скала, а од утринава ова е трет земјотрес со јачина над 4 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес со јачина од 4 степени е регистриран утрово во 4.16 часот, со епицентар на 18 километри од Аркесини на Аморгос, на длабочина од 10,8 километри, јави „Прототема“.

Вториот земјотрес со јачина од 4,3 степени бил пет минути подоцна, со епицентар на 17 километри од Аркесини, на длабочина од 11,8 километри.

Поради постојаната сеизмичка активност, засилени се силите на противпожарните единици на „Јужен Егеј“, а мобилниот оперативен центар „Олимпос“ пристигна во Санторини со дополнителни екипи, вклучувајќи кучиња за спасување и дронови.

Вкупно 51 пожарникар и девет возила се распоредени на островот, а слични сили беа испратени и на другите острови, како Аморгос, Јос и Наксос, каде што хеликоптерот на противпожарната служба е во подготвеност.

Грчкиот весник пишува дека улиците на Санторини се празни и дека личат на времето од пандемијата на коронавирусот.

Илјадници жители и туристи продолжуваат да го напуштаат островот, а многу од улиците на Санторини се затворени со полициски ленти за да не се загрози безбедноста на граѓаните.

Санторини исто така е во состојба на готовност бидејќи локалните власти се загрижени поради кражби по заминувањето на приближно 11.000 жители, кои ги напуштија своите домови.

Полициските сили беа ставени во состојба на готовност, со интензивни патроли и блокади на патиштата, во обид да спречат евентуални упади.

Многу училишта на островите Киклади, вклучувајќи ги Миконос, Наксос, Парос, Патмос и Лерос, ја прекинаа наставата поради можна закана од дополнителни земјотреси.

Апликацијата на Министерството за дигитална администрација MiSaFeTiPlan, која покажува каде во државата има отворени простори на кои жителите од овие области може да најдат безбедно засолниште во случај на природни катастрофи, од денеска е достапна за корисниците на интернет.

Професорот по сеизмологија и поранешен претседател на Грчкото здружение на експертите за земјотреси, Димитрис Папаниколау, утринава изјави дека очекува силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала.

„Требаше да внимаваме да не градиме на падините. Доколку се случи земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала, најверојатно ќе се откинат големи парчиња и ќе имаме слични последици и за зградите“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Кривичниот суд за случајот со Фросина: Јавноста да не подлегнува на провокации и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија

Судиите и подружницата на Здружението на судиите на РСМ при Основниот кривичен суд Скопје изразува длабоко жалење за загубениот млад...

Македонија6 часа

Кривична за поранешниот директор на СОЗР за поткуп, фалсификување, проневера: Финансиската полиција со детали

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, поранешен директор на Службата...

Македонија6 часа

Судскиот совет ќе формира комисија за постапките што се воделе против Јованов, кој ја прегази Фросина: „По увидот во сите списи, ќе кажеме дали има пропуст“

Судскиот совет ќе формира комисија, која ќе утврдува дали имало пропусти во претходните постапки што се воделе против 20-годишникот Васил Јованов,...

Македонија7 часа

Денес во 16.30 часот тргнува првиот воз од Скопје за Куманово, ќе се патува 41 минута

Скопје и Куманово, по две и пол години прекин, повторно ќе бидат железнички поврзани. Министерот за транспорт и врски Александар...

Македонија8 часа

Акција во МВР: се истражува Одделот за општи и заеднички работи

МВР со потврда дека се спроведува полициска акција поврзана со работењето на Одделот за општи и заеднички работи во ова...

Македонија8 часа

Претрес во домот на поранешниот директор на СОЗР, се обезбедуваат докази за поткуп и проневера

Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејства за обезбедување докази во предмет за кривични дела...

Македонија9 часа

Фросина била прегазена заедно со нејзиното куче Аја, кое било пронајдено под автомобилот на Васил

Здружението од Кавадарци, „Лина – спаси живот, добиј живот, помогни им на животните“, на социјалните мрежи објави статус во кој...

Македонија11 часа

В сабота протест во Неготино за правда на Фросина: „Стоп за сообраќајното насилство“

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи в сабота во Неготино, објавија организаторите на настанот на...

Македонија12 часа

„Тој сѐ уште не е правосилно осуден, и да добил затвор, ништо немало да се промени“, вели професорот Калајџиев

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, на социјалните мрежи ја коментираш тезата дека сообраќајната несреќа во која смртно беше прегазена...

Свет12 часа

Австралискиот премиер: Остануваме посветени на решение со две држави

Австралискиот премиер Ентони Албанез ја повтори „долгогодишната“ поддршка на неговата земја за решение за две држави на Блискиот Исток, по...

Свет13 часа

Пристигна првата реакција на Хамас откога Трамп рече дека САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Официјалниот претставник на Хамас, Сами Абу Зухри, изјавите на Доналд Трамп за преземање на Појасот Газа ги опиша како „смешни“...

Свет13 часа

Американската војска почна да транспортира мигранти во Гвантанамо, објавени фотографии

Првиот американски воен авион со приведени мигранти полета синоќа за заливот Гвантанамо, соопштија американски официјални лица, додека администрацијата на претседателот...

Свет14 часа

Трамп: САД сакаат да го преземат Појасот Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе го преземат разурнатиот од војна Појасот Газа и ќе го развијат економски...

Европа14 часа

(Видео) Зеленски го изнесе главниот услов за преговори за крајот на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе биде подготвена да се вклучи во преговори за ставање крај на нејзината...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Нови 15 милијарди денари капитални инвестиции за општините, историски најголема инвестиција

Денеска, на редовна седница на Владата практично почнавме со постапката за објавување на вториот повик преку Министерството за локална самоуправа,...

Топ1 ден

Ја затворил поранешната девојка: ја удирал со тупаници и клоци, ја влечел за коса: распишана потерница по 40-годишник

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140...

Македонија1 ден

Јакимовски: Трн во око им се маркетите, Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња

Владата воопшто не зборува за нивните миленичиња, реагира на социјалните мрежи лидерот на ГРОМ и актуелен градоначалник на општина Карпош,...

Македонија1 ден

Момчето на Фросина: Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите, не ни дозволија заедно да остариме

Момчето на Фросина Кулакова, која смртно беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“, со потресна објава се огласи на социјалните...

Топ1 ден

Загина 57-годишен маж од Кочанско: со возилото излетал од патот

Вчера во ОВР Кочани било пријавено дека во периодот од 23.00 часот на 02.02.2025 до 16.30 часот на 03.02.2025 на...

Македонија1 ден

Втор земјотрес во Македонија денеска

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...