Македонија
За неколку месеци ќе почне со работа првиот Ветерен парк во Македонија
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, и генералниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски во саботата извршија увид на првиот Ветерен парк во Република Македонија
Во петокот заврши поврзувањето со електропреносната мрежа на МЕПСО и паркот што го гради ЕЛЕМ во Богданци, откако претходно на 20-ти февруари заврши подигањето и монтажата на 16 ветерни турбини, пишува МИА..
Ветерниот парк се очекува да испорачува најмалку 100 гигават часови природно одржлива енергија на годишно ниво, што е доволно да се обезбеди снабдување на над 60 илјади граѓани
„Ветерниот парк е со инсталирана моќност од околу 37 мегавати со што ќе се добива нова количина енерегија произведена во Македонија од околу 100 киловат часови годишно или споредбено со нивото на една посериозна хидроцентрала како што е Тиквеш”, истакна Пешевски.
Пешевски истакна дека се очекува во наредните два до три месеца Ветерниот парк да биде ставен во функција со што ќе протечат и првите киловат часови електрична енергија произведена со ветер.
Вредноста на проектот е над 56 милиони евра од кои околу 80 отсто се обезбедени од германската КФВ Банка.
„Изградбата на Ветерниот парк е еден од проектите за искористување на сончевата енергија во Република Македонија, нешто што ќе претставува и туристичка атракција”, рече Пешевски нагласувајќи дека Владата ќе продолжи со реализација на вакви проекти.
Директорот на ЕЛЕМ, Бошковски информира дека од вчера почнал тест периодот и приклучувањето на ветерниците на ниско, средно и високонапонската мрежа, односно дека за два-три месеци ќе може да се вклучат во електроенергетскиот систем.
„На овој начин ќе го зголемиме учеството на обновливи извори на енергија во вкупното производство на енергетскаенергија во Република Македонија”, рече Бошковски.
Проектот за изградба на ветерни електрани во месноста Ранавец во близина на Богданци почна вомај минатата година./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

