Контакт

Свет

Пет бунтовници убиени во американски напад во Пакистан

Објавено пред

Во ракетен напад на американско беспилотно летало во недела наутро биле убиени пет бунтовници кои се криеле во северозападниот дел од Пакистан, соопштиле пакистански службеници, пренесува AFP

dobivaj vesti na viber

Нападот бил извршен врз селото Невај Ада, кое се наоѓа на границата од племенската зона во северен Вазиристан.„Од американското беспилотно летало биле истрелани две ракети. Била гаѓана куќа која била користена како база на екстремистите, при што петмина биле убиени“, изјавил за AFP висок функционер за безбедност во градот Пешавар.Локални жители изјавиле дека од урнатините на куќата биле извлечени пет тела, а повеќе лица биел ранети во ракетирањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

САД открија руски план за подметнување пожари на американски летови, Путин е предупреден, објави Њујорк Тајмс

Објавено пред

Русија се подготвуваше за диверзантски операции против САД со поставување експлозивни направи во товарни пратки и испраќање со авион. Како одговор, САД го предупредија рускиот претседател Владимир Путин за последиците од „поддршката на тероризмот“, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани извори.

dobivaj vesti na viber

Во декември генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека Русија долго време не води прикриена, туку отворена војна против земјите на НАТО. Тврдењата на Руте уследија по извештајот на ОБСЕ кој покажа дека Русија извршила приближно 150 напади врз земјите на НАТО од почетокот на војната во Украина. Овие напади вклучуваат сајбер напади врз железници, болници, GPS системи и водни мрежи. Извештајот, исто така, ги нагласува хакирањето, саботажата и заканите за воените објекти и подводната инфраструктура.

Потеклото на операцијата со запаливи уреди датира од летото кога на аеродромите и магацините во Германија, Велика Британија и Полска почнаа да се палат навидум безопасни товарни пратки. САД и Европа беа убедени дека Русија стои зад овие инциденти.

До август, според Њујорк тајмс, претставниците на Белата куќа станале сè позагрижени за разузнавачките извештаи кои сугерирале дека Москва планира многу поширока операција – пренесување на војната од Украина на американско тло.

За време на серијата состаноци во собата за кризни ситуации, високите советници на претседателот Џо Бајден ги анализираа пресретнати комуникации меѓу високи функционери на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Овие дискусии опишаа пратки на стоки за широка потрошувачка кои се запалија, вклучително и мал електричен масажер што се користеше како уред за тестирање.

Откако Русите сфатија како се движат пакетите низ безбедносните системи на воздушниот товар и колку долго трае транспортот, следниот чекор беше да ги испратат овие предмети на летовите до САД и Канада со цел да предизвикаат пожари откако ќе се истоварат пратките.

Карго авионите беа примарна грижа, иако патничките летови понекогаш носат и помали пакети во делот за багажот.

Во август, американскиот секретар за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас воведе построги мерки за проверка на товарните пратки кои влегуваат во САД, според Њујорк Тајмс. До октомври, по повеќекратните предупредувања, тој изврши притисок врз извршните директори на големите авиокомпании да ги забрзаат мерките за да се спречат катастрофи во текот на летот. Некои од овие безбедносни мерки беа јавно објавени, а други останаа во тајност.

Зад затворени врати, претставници на Белата куќа се обидоа да утврдат дали рускиот претседател Владимир Путин лично го наредил планот за саботажа или не бил информиран. Неколку официјални лица сугерираа дека диверзантските дејства би можеле да бидат дело на офицерите на ГРУ кои дејствуваат според општа директива за зголемување на притисокот врз САД и нивните сојузници во НАТО.

Според извори на Њујорк Тајмс, предупредувањата на крајот му биле доставени на Путин и се чини дека имале ефект. Пожарите во Европа барем засега престанаа. Сепак, останува нејасно дали Путин лично наредил прекин на операциите и колку долго ќе трае затишјето. Постои можност Русија да го искористила ова затишје за да развие понапредни уреди кои потешко ќе се откријат при идни диверзантски напади, заклучуваат американските медиуми.

Прикажи повеќе...

Регион

Пуховски: „Веќе денеска во некоја кафеана може да се степаат луѓето што гласаа за Милановиќ“

Објавено пред

Ден по убедливата победа на Зоран Милановиќ на изборите за претседател на Хрватска, раководството на ХДЗ донесе одлука премиерот и претседателот на Собранието да не одат на заклетвата на Милановиќ, односно на инаугурација.

dobivaj vesti na viber

„Зазедовме став, нема да честитаме, ниту ќе се изложиме, поради флагрантно кршење на Уставот, на апсурдна ситуација да ја слушаме заклетвата на Милановиќ кон Уставот, откако тој ја прекрши во безброј наврати. Нема да одиме ниту јас, ниту претседателот на Собранието“, изјави Андреј Пленковиќ во понеделникот по седницата на претседателството и Националниот комитет на ХДЗ.

Дали е политички мудра и рационална одлуката на премиерот Пленковиќ и претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ да не одат на инаугурацијата на реизбраниот претседател Зоран Милановиќ? Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски вели дека во овој случај не се работи само за личниот конфликт меѓу „Зоки и Пленки“, туку за односот меѓу институциите.

„Какви и да се нивните меѓусебни односи и мотиви, за сите нас однадвор, тука се работи за односите на институциите. Па така, владејачката партија која го има парламентарното мнозинство одлучи премиерот и претседателот на Собранието да не одат на таа инаугурација. Тоа се протоколарни работи за кои одлучува самиот претседател на Собранието. Но, се работи за тоа дека навистина е грд, непотребен и пред се опасен потег“, рече Пуховски.

Тоа е, вели, продолжување на практиката што ја започна Милановиќ кога на првата инаугурација не му подаде рака на претседателот на Уставниот суд, а продолжи со неприсуството на конститутивната седница на Собранието по последната парламентарна избори.

„Тоа повеќе им одговара на малите момчиња од шесто и седмо одделение од основно училиште кога се караат во училишниот двор“, додава тој.

Дрско го нарече и одбивањето на собраниските служби да ја објават честитката што Арсен Баук како претседател на собраниската комисија за одбрана ја упати до Милановиќ.

Пуховски вели дека ја разбира фрустрацијата на луѓето во ХДЗ по тешкиот пораз, особено по неуставното однесување на Милановиќ со години, но тоа не го гледа како оправдување да играат слична игра. Тој смета дека овој потег ќе доведе до дополнителна ескалација.

Според Пуховски, Милановиќ со својот помирувачки говор во изборната ноќ ја префрлил топката на ХДЗ, каде што не се подготвени да го признаат изборниот пораз. И сето тоа го кочи функционирањето на институциите и државата.

„Не гледам што би можело да се направи понатаму бидејќи, се сомневам, Милановиќ ќе го искористи ова и ќе каже дека нема да разговара со нив во следната прилика. Се доведовме до симболичен колапс, а бидејќи тоа се живи институции кои функционираат секојдневно, тоа доведува до колапс на некои елементи од секојдневниот живот кои се суштински за одржување на заедницата. Затоа сметам дека одлуката што ја донесе ХДЗ е целосно погрешна“.

Сето тоа создава ситуација во која, според Пуховски, ќе се негува хулиганското однесување на Милановиќ.

„Немаме две еднакви сили во оваа битка бидејќи едната страна (извршната и законодавната власт) е објективно многу посилна, што во својот говор го призна и Милановиќ. Ние всушност имаме лош систем кој инаугурира поделба на извршната власт во рамките на поделбата на власта. Тоа значи дека целиот систем зависи од пристојноста и добрата волја на двајцата актери. А систем кој зависи од добра волја не може предолго да функционира ниту во локалното ловечко друштво“, забележува Пуховски.

Пуховски вели дека не гледа како ќе продолжат работите.

„Партијата која во моментов е формално послаба (извршна и законодавна власт) би морала да се сврти кон фактот дека е реално многу посилна и да почне да се однесува како надмоќна партија. Парадоксално, тој аргумент токму во својот говор го изнесе самиот Милановиќ, велејќи дека 75 проценти што ги добил на изборите ги имало само во неделата. Тоа беше еднократна ситуација, тоа се случи дури тогаш. Веќе денеска можно е луѓето кои во неделата гласале за Милановиќ да се степаат некаде во кафeана. Ги собра незадоволните од сите страни: и оние кои имаат премногу ХДЗ и оние кои имаат премалку ХДЗ. И се чини дека ХДЗ не се во состојба да прифатат дека сè уште се водечка сила во државата, дека треба да го диктираат темпото и да го прифатат повикот на Милановиќ за соработка и да видат до каде може да оди“, тврди Пуховски.

Прикажи повеќе...

Свет

Зголемен бројот на жртви во пожарите во Лос Анџелес: совети до жителите

Објавено пред

Во пожарите во Лос Анџелес досега загинале најмалку 25 лица, а според последните информации девет од нив загинале во пожарот во Палисадес, додека 16 од нив загинале во пожарот во Итон.

dobivaj vesti na viber

Националната метеоролошка служба во Лос Анџелес ги повика жителите да останат на готовност бидејќи се очекува ветровите повторно да зајакнат.

Пожарите се уште се активни во повеќе делови од овој град, а се повикуваат сите да останат будни.

Според заменик директорот на Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес, Аниш Махаџан, луѓето се предупредуваат да носат соодветни маски за дишење за да се заштитат од потенцијални здравствени проблеми.

Кога зборуваме за маски, мислиме на респираторни маски, како маски N95 или P100.

„Овие маски се специјално дизајнирани да ја намалат изложеноста на штетните честички кои се наоѓаат во пепелта и чадот, кои можат да навлезат длабоко во вашите бели дробови и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми“, рече тој на конференцијата.

Други маски за лице, како што се платнени маски, медицински маски или бандани, нема да обезбедат соодветна заштита од пепел и други честички.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија54 минути

ДУИ: Од првиот ден на нејзиниот мандат, Андоновска јасно ја покажува својата намера да го намали присуството на Албанците во ИЈЗ

Демократската унија за интеграција остро реагира на постапките на директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, која, како што...

Македонија1 час

Над половина метар снег на Попова Шапка и Маврово

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -6...

Свет2 часа

(Видео) Градоначалничката на Лос Анџелес била на коктел во Гана кога избувнал пожарот во Палисадес

Како што ескалираше пожарот во Лос Анџелес на 7 јануари, градоначалничката Карен Бас се фотографираше на коктел-забава во амбасадата во...

Свет3 часа

Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Јужнокорејските власти денеска го уапсија отповиканиот претседател Јун Сук-Јол под обвинение за бунт, при што Јун рече дека се согласил...

Македонија4 часа

Забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Европа4 часа

Советник на Путин: Мирот е можен само ако Русија добие пет украински региони

Близок советник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и Украина и Молдавија би можеле да престанат да постојат како...

Европа4 часа

Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град

Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад...

Македонија18 часа

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниеден претседател на комисија

Како претседател на Собранието мојата главна одговорност е да ги почитувам и спроведувам Деловникот и неговите процедури, вели претседателот на...

Македонија19 часа

(Видео) Пуштен во употреба патот Градско – Дреново, доцни оти една година биле повлечени и вработените и механизацијата на „Страбаг“ 

Со врнежи снег утрово свечено во употреба беше пуштен експресниот пат Градско-Дреново, долг 15,5 киломтери. За свеченоста, исто како и...

Регион20 часа

Комесарката за проширување на ЕУ: Нема да има геополитички попуст, процесот на проширување ќе продолжи да се заснова на заслуги

Агресивната војна против Украина отвори можност за проширување на Европската Унија, но нема да има геополитички попуст, процесот на проширување...

Македонија22 часа

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија22 часа

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија23 часа

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија23 часа

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија1 ден

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа1 ден

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет1 ден

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија1 ден

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет1 ден

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија1 ден

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...