Свет
Прогласена непосредна опасност од ерупција на филипинскиот вулкан Мајон
Филипинските вулканолози денеска го подигнале на четврт степен нивото на опасност од ерупција на најактивниот вулкан во земјата, Мајон, предупредувајќи дека за неколку дена е можна разорувачка ерупција
Четврти степен значи дека опасноста од ерупција е непосредна, а највисокиот – петти степен, дека ерупцијата е во тек.„Го подигнавме нивото на опасност на четврти степен, што значи дека ерупцијата се очекува за неколку денови“, изјавил главниот вулканолог Ренато Солидум. Тој рече дека во последните 24 часа забележана е зголемена активност на вулканот.Повеќе од 40 илјади луѓе, што претставува 85 отсто од жителите кои ја населуваат областа во подножјето на вулканот, досега се евакуирале во привремени засолништа.Гувернерот на централната провинција Албај, каде се неоѓа Мајон, Џои Салседа, рекол дека наредил распоредување на дополнителни воени сили за да ги евакуираат и жителите кои живеат на 10 километри од планината каде е вулканот, како и да ги спречат оние кои се обидуваат да се вратат во своите домови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos
Свет
Франција со резерва околу легитимноста на нападот врз Иран, но задоволна од исходот: „Хамнеи беше крвав диктатор“
Француската влада објави дека има резерви во врска со легалноста на воените операции на Израел и САД против Иран, но дека е задоволна од смртта на крвавиот диктатор, Али Хамнеи.
„Уште еднаш, очигледно, тоа не беше во согласност со меѓународното право. Она што е важно сега е што ќе се случи следниот ден“, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, пренесе „Индекс“.
Сепак, таа истакна дека Франција може да биде задоволна со смртта на врховниот лидер на Иран затоа што тој бил крвав диктатор.
„Хамнеи беше крвав диктатор кој го угнетуваше својот народ, ги понижуваше жените, младите, малцинствата и неодамна беше одговорен за смртта на илјадници цивили во неговата земја и во регионот. Затоа, можеме да бидеме задоволни само со неговото исчезнување“, рече таа за Гранд.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили во неделата одби експлицитно да ги поддржи нападите на САД и Израел врз Иран, велејќи дека на САД е да ја презентираат правната основа за преземените дејствија.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Напад врз израелски град близу Ерусалим, има повредени
Најмалку шест лица загинале во удар на ирански балистички проектил врз израелскиот град Беит Шемеш, во близина на Ерусалим.
Според израелската Итна помош, повредени се 23 лица, од кои две се во тешка состојба, две со сериозни повреди, а 18 со полесни повреди.
Magen David Adom says its medics are treating several injuries following an Iranian ballistic missile impact in Beit Shemesh.
Among the injuries is a girl in serious condition, MDA says. https://t.co/nCbhWohNYB pic.twitter.com/2NjiS5QR1k
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) March 1, 2026
Израелската војска соопшти дека на местото на нападот испратила спасувачки и медицински тимови, како и хеликоптер за евакуација на повредените.
Беит Шемеш се наоѓа во централниот дел на Израел, западно од Ерусалим, и има околу 150.000 жители.
Фото: Depositphotos

