Европа
Меркел и Оланд побараа единствен одговор на Европа на бегалската криза
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд побараа во понеделникот во Берлин единствен одговор на Европа на бегалската криза.
„Мораме да покренеме единствен систем за правото на азил“, рече Оланд нагласувајќи дека станува збор за „вонредна состојба која ќе потрае“.
Меркел истакна дека Европската унија мора што поскоро да започне еднакво да го применува правото на азил.
Канцеларката посака во оваа година да бидат покренати центри за регистрирање во државите на влез, Грција и Италија. Не е отворен ниту еден ваков центар во кој мигрантите кои имаат право на азил би се одвојувале од останатите, иако одлука за тоа е донесена во октомври минатата година. „Не можам да толерирам вакво доцнење“, рече Меркел. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Полскиот премиер: Европа мора да ја зголеми одбраната
Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека Европа ќе мора да ги зголеми своите одбранбени капацитети за да избегне конфликти и да биде побезбедна и повторно повика на развој на заеднички европски систем за противвоздушна одбрана.
Минатата година Полска одвои речиси четири отсто од својот бруто домашен производ (БДП) за одбраната со цел да ги зајакне сопствените воени капацитети.
На Европскиот економски конгрес на југот на Полска, Туск ги повика земјите од ЕУ да ги зголемат трошоците за одбрана за најмалку 100 милијарди евра.
„Европа мора да биде подготвена во следните десет месеци и следните пет години за ситуација во која ниту една сила нема да се осмели да крене рака против неа“, рече Туск.
„Голема сума пари (за европска безбедност) ќе ја оддалечи војната од европските граници долго време, можеби и трајно“, смета Туск, повторувајќи ја потребата од заеднички систем за противвоздушна одбрана.
„Мора да бидеме способни да го одбраниме нашето небо“, порача Туск.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така присутна на конгресот, се согласи дека Европа мора да троши повеќе за одбраната и вети дека доколку остане на чело на Комисијата, ќе предложи нови проекти во областа на одбраната. .
Таа претходно предложи назначување постојан европски комесар за одбрана.
Европа
Шпанските студенти планираат протести против Израел
Студентите во Шпанија во наредните денови би можеле да почнат протести против „геноцидот што го изврши Израел во Палестина“ по примерот на универзитетите во САД, Холандија и Белгија, изјавија нивните претставници за шпанските медиуми.
На Филозофскиот факултет во Валенсија, приморски град на југозападот на земјата, студентите веќе една недела спијат во шатори и секојдневно протестираат.
„Бараме од нашиот универзитет да ги прекине сите врски со институциите и компаниите што соработуваат со Израел“, изјави 20-годишната Естер Монге, студентка по политички науки и социологија за весникот „Ел Паис“.
Во моментот многу универзитети одржуваат состаноци, на кои студентите и професорите гласаат за блокадите на факултетите.
„Студентскиот совет ќе одлучи за активностите во наредните денови“, рече Марија Хозе Лера, координаторка на „Палестиниум“, група за солидарност со палестинските аспирации.
Лера, која има докторат по психологија на Универзитетот во Севилја, вели дека моменно се одржуваат состаноци на универзитетите во Мадрид, Сарагоса, Барселона, Жирона, Гранада и во други градови.
Во понеделникот стотици студенти се собраа пред Универзитетот во Барселона, каде што ги развиорија своите транспаренти.
„Сакаме нашите факултети да ги прекинат сите односи со Израел и компаниите што работат таму“, рече 24-годишниот Пабло Кастиља, дипломиран студент по јавна политика.
Во Мадрид сѐ уште нема протестно кампување, но има демонстрации. На автономниот универзитет во Мадрид планираното предавање за НАТО беше откажано под притисок на пропалестинските демонстранти.
Друг јавен универзитет, Universidad Complutense de Madrid, објави декларација со наслов „Со Палестина против геноцидот во Газа“.
„По влошувањето на насилството врз палестинскиот народ, ги повикуваме професорите, истражувачите и вработените во администрацијата да се спротивстават на колективното казнување на Палестинците што го спроведува Израел“, се вели во декларацијата усвоена од администрацијата на Факултетот за политички науки и социологија.
Сведоци сме на геноцидот врз палестинскиот народ, што е продолжение на децениското систематско насилство врз палестинскиот народ и неговата присилна емиграција“, се вели во декларацијата објавена на веб-страницата на Факултетот.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка: „Ова се руски агенти, сакаа да го убијат Зеленски“
Украинските разузнавачи соопштија дека спречиле руски заговор за атентат на претседателот Володимир Зеленски. Украинската служба за државна безбедност СБУ објави дека фатила руски агенти, кои биле вработени во украинската државна гарда. Разузнавачките претставници велат дека руски агенти планирале да ги убијат претседателот и други високи владини функционери.
Шефот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека неуспешниот атентат требало да биде подарок за Владимир Путин пред неговата денешна инаугурација.
СБУ на својот канал на „Телеграм“ објави тврдење дека руски таен агент ги пренел координатите на безбедната куќа пред планираниот воздушен напад. Претставници на разузнавањето додадоа дека Русија планирала да ги уништи сите траги од дронот што би се користел за гаѓање на претседателот со друг проектил.
„Непријателот активно развиваше планови за да го тргне претседателот Володимир Зеленски. Една од задачите на руската разузнавачка мрежа ФСБ беше да бара џелати меѓу војниците блиски до службата што го штити претседателот, кои би можеле да го убијат шефот на државата“, соопштија од СБУ.
„Покрај Володимир Зеленски, непријателот планира да ги елиминира и шефот на Службата за безбедност на Украина, Васил Маљук, шефот на Воената разузнавачка служба на Украина, Кирил Буданов, и други високи функционери“, се вели во соопштението.
„Ограничен број луѓе знаеја за нашата специјална операција и јас лично го следев нејзиниот напредок. Терористичкиот напад, кој требаше да биде подарок за Путин пред инаугурацијата, всушност беше неуспех на руските специјални служби“, рече Маљук.
„Но, не смееме да заборавиме – непријателот е силен и искусен, не може да се потцени. Ќе продолжиме да планираме однапред и да си ја работиме работата секој предавник да ги добие заслужените судски казни“, заклучи тој.
СБУ наведува дека при претресот на просториите на уапсените руски агенти биле пронајдени „релевантни средства за уништување“ и други докази за криминални активности.