Македонија
Околу 300 студенти протестираат пред Владата
Околу 300 студенти во вторник одржуваат студентски протест пред владата со барање за подобрување на студентскиот стандард.
Околу 300 студенти во вторник одржуваат студентски протест пред владата со барање за подобрување на студентскиот стандард.Протестот е во организација на автономното студентско движење “Слободен индекс“, кои што најавуваат дека дејствуваат без никаква политичка позадина.Според Богољуб Павловски студент на електротехничкиот факултет, протестот е со цел да се издејствува поголем буџет за високото образование, да се добијат ваучери за апсолвентите, стипендии за постдипломците, бесплатни учебници, укинување на партиципацијата, нов закон за студентско организирање, како и подобри услови во студентските домови. Протестот минува мирно, а според најавите на организаторите, студентите потоа ќе се упатат пред седиштето на студентскиот парламент како и пред министерството за образование и наука и министерството за информатичко општество. /крај/ст/
Повеќе фотографии
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

