Контакт

Политика

Власта игра грчко сиртаки

Објавено пред

Интервју: Љубомир Фрчкоски, претседателски кандидат поддржан од СДСМ и НСДП

dobivaj vesti na viber

Разговарал: Атанас КИРОВСКИ Фото: Андон ДАВЧЕВФорум: Вашиот противкандидат Ве обвини дека не го сакате македонскиот народ, а провладините медиуми постојано Ве обвинуваат дека имате земено пари од Грција и дека сте нивниот Тројански коњ во оваа претседателска трка, чија улога би била капитулација на македонските национални интереси пред барањата на Грците.Љубомир Фрчкоски: Тука има два типа обвинувања, стари исто колку и мојата активност во политиката всушност, само се сега заострени. Првиот тип обвинувања се од ендемски корен и тоа е обвинувања од луѓе кои немаат кариера кон луѓе кои имаат голема кариера. Чувството на инфериорност на овие дечки во ВМРО-ДПМНЕ кои се префрлени од СДСМ или ДА. Второто, зошто ги прават овие напади врз мене е актуелната позиција на Владата, посебно после Букурешт, каде што Владата на Груевски комплетно игра грчко сиртаки. Груевски е единствен политичар во историјата на Македонија кој беше сведок против својата држава во судот во Лондон за своите грчки газди. Врз основа на неговото сведочење, Македонија беше казнета 17,5 милиони евра во спорот Хеленик петролеум – Мамидакис кој потоа е платен кон ОКТА. Единствен во историјата кому може директно да му се каже дека служел на грчките газди е Никола Груевски како министер за економија, дефинирано и докажано со пресудата на лондонскиот суд. Според тоа, тој кога се зборува за грчко-македонските односи, нема кредибилитет да зине. А посебно не на оние што ја создавале оваа држава. Зошто себеси се сметате за македонски патриот, а власта ја обвинувате за аматеризам? Нивниот квазипатриотизам помогна да се урне нашата позиција на меѓународен план тотално во овие 2 години, а да се издигне грчката позиција. Ако ги прашате Грците која е најдобра влада во Македонија, тоа е оваа влада на Груевски, која Грците би сакале да владее колку може повеќе. Грците во меѓувреме од негативни момци станаа позитивни, а ние станавме негативците за 2 години. Исконската омраза со Грција доведе до штета за сопствената држава. Сметаа дека со антиквизацијата ќе ги насекираме Грците, всушност си дадовме автогол, ги насекиравме нашите пријатели кои се шокираа од таа тема и сметаат дека е таа не само детска и смешна, туку и автодеструктивна. Како изгледа народ кој после 20 години државност и јасно дефиниран идентитет, почнува наново да се преиспитува кој е и што е. Тоа дополнително придонесе грчката позиција да се прикаже како рационална наспроти една лунатик позиција на Македонија. Откако ги прекинавме релациите после Букурешт со Нимиц и со преговорите воопшто, се отвори темата и на идентитетот. Ние немавме проблем со идентитетот до Букурешт. Сега гледате, во писмото на Бакојани се вели дека идентитетот треба да се изведе од името. Бугарите, во меѓувреме, кога видоа ваква ослабната позиција на Македонија, ги подигнаа своите очекувања. Нивната теза беше дека сакаат да ја видат Македонија во ЕУ и НАТО, но дека имаат разбирање за Грција. Сега таа теза се смени, дека Македонија пред НАТО и ЕУ треба да ги реши сите спорови со соседите, значи не само оној со Грција. Како ќе ве видат слаби и на колена легнати со оваа влада која нè води од пораз во пораз на меѓународен план, така позициите на соседите се засилуваат и стануваат поамбициозни кон нас. Го обвинувате Вашиот противкандидат дека само реторички се залага за влез на Македонија во НАТО, а дека, всушност, нема концепт како тоа да го направи, за разлика од Вашата агенда за брз прием во НАТО. Јас не го обвинувам, јас дефинирам дека е тоа така. Ако ја видите неговата програма, тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ, само со други датуми, бидејќи ја утнаа работата со визната либерализација и сл. Другиот дел од програмата се глупости, затоа што тој не мисли сериозно да биде претседател, туку прифатил да биде восочна фигура. Ѓорге и Грујо функционираат како Тито и Јованка. Овој одлучил да биде Јованка. Да нема никаква улога, да се глупира само со протокол и да раздава некои плакети, да се бави со духовни работи, да се држиме за рака и да повикуваме духови, таков тип на програма има, и тоа тој го прифатил, и не се буни против тоа. Истовремено, глуми некаква едноставност до простост, демек како нормален човек од народот. Ама тука има 2 милиона нормални луѓе. Тоа не е референца за претседател ако во гимназија сте продавале пиперки и патлиџани во Прилеп. Треба да решите проблеми во мандатот претседателски. Јас дефинирам дека неговата позиција е составена од две концепции кои не се случајни и едно големо отсуство на што било. Неговиот единствен политички ангажман е последната фаза на одумирачкиот комунизам кога тој беше ситен комуњар во Сојузот на социјалистичката младина на Македонија. Тој ја преспа независноста на Македонија заедно со неговиот ментор Шкариќ кој го работеше реформираниот Устав на југословенската федерација кога ние го правевме македонскиот Устав. Вториот тип активност му беше кога беше против Охридскиот договор, заедно со Шкариќ повторно. Организираа семинари и издадоа книга. Тие глумеа научен напад врз Договорот. Дека, наводно, со тоа се прави федерализација на државата, консоцијална демократија и блокада на системот преку Бадентеровиот принцип и на крај беа против пропорционалната застапеност. Кога видоа дека ја утнаа, немаа доблест да го признаат тоа. Е сега, тој вели дека тоа го зборувал како научник. Но, хомо дуплекс, едно зборувам како научник, а друго како политичар – нема. Јас од моите колумни не се откажувам, иако сум ги напишал како слободен интелектуалец. Тоа албанофобство му стои, и сметам дека тоа е многу опасно, колку и да се обидат да го перат. И втора работа е неговата јасна анти-НАТО позиција. Тие две работи кај него се поклопуваат. Анти-НАТО позицијата која разбирливо не може да биде отворено кажана, но неговиот ментор е отворено анти-НАТО активист. Тие имаа теза дека штом се распадна Варшавскиот пакт, нема потреба и од НАТО. Тоа е видливо во вокабуларот кој зборува за европска Македонија, но не и за НАТО. Мислам дека Иванов рече дека НАТО ќе стане поблизок за Македонија кога ќе се реформира и нема да решава по принцип на консензус, туку по принципот -1? Брус Џексон, кој е експерт во таа област, му одговори дека 10 години се расправа околу тоа, и дека најверојатно ќе се расправа уште 25 години додека не се промени во одлучувањето. Тоа зборува само за наивноста, неискуството и барање оправдување за напуштањето на НАТО-агендата. Но, ова е познато. Во Македонија има еден антиамериканизам кој се крие зад тоа. Старите комунистички структури се скрија зад тоа и сега, демек, зборуваат за Европа, а не за НАТО, и тој антимериканизам беше својствен за сите транзициски земји. А, овде во нашава провинциска, селска приказна, ќе ја видите зад тезата дека Нимиц е истрошен и дека Американците треба да бидат надвор од процесот на преговорите. Тоа е јасна локална теза. Не може заменик-министерот за надворешни работи да искажува свое стручно мислење. Тој не е експерт, туку е државен службеник. Откако настана скандал, почнаа да го ублажуваат. Во основа, тие мислат дека Американците ни пречат бидејќи притискаат кон договор, а ако се ослободиме од нив, знаат дека во наредните 10 години со Грците ништо нема да се направи. Ние воопшто не можеме да влеземе во билатерала со нив. Ѓорге развива теза дека ќе направел детант на врвот?! Еве што се случува: кај комисијата за некакви безвезни расправи за историските книги добија шлаканица – јавно. И тоа со дополнителни 4 страници образложение зошто мислат дека е тоа глупаво и зошто немаат намера да губат време со Милошоски како таков. Таа ароганција на Грција, ако останеме сами, само ќе се зголемува во однос со нас. Нашата позиција ќе слабее и ќе ни лицитираат нови и нови барања. Оваа слаба Влада мисли дека е тоа некаков патриотизам, а тоа е копање дупка за самиот себеси и влегување во таа дупка сè подлабоко и подлабоко. После 5 години не е идеја да раскажуваме: ова беше нашиот Милошевиќ, видете што ни направи. Тоа е доцна. Ние сега мора да ги поразиме на 5 април и да го зададеме првиот удар. Велите дека има можност брзо да се надмине спорот со Грција преку име за меѓународна употреба кое ќе ја замени референцата ФИРОМ. Може ли да ги вратиме позициите што ги имавме пред Букурешт? Ние после Букурешт имавме уште подобри позиции. Имавме едно решение што го нудеше Нимиц, а во основа тоа е она што сега го напаѓа Бакојани, а тоа се гаранции за нашиот национален идентитет и јазик како македонски. Тогаш дојдоа експлицитните изјави од Нимиц и Даниел Фрид дека за нив не е спорно постоењето македонски јазик и нација. Тој момент беше дел на дилот тоа да се гарантира. Имаше понуда, ако ние прифатиме, а Грците не, тогаш тоа да се стави во резолуција на Советот за безбедност на ОН која ќе ја замени Резолуцијата 847 со која сме примени во ОН. Но, нашиве не преговараа и воопшто не се испита таа можност. Со експлицитни гаранции на нашиот идентитет ќе дојдеше име за меѓународна употреба кое ќе беше подобро од она што го прифатија вмровците пред Букурешт, Република Македонија – Скопје. Таа понуда беше подобра бидејќи имаше имиња кои имаа историска референца за нас, како што нè викале Римјаните во првиот век по Христа. Имаше некаква основа, не беше лабораториски изум, меѓународното име кое ќе го замени ПЈРМ. Сега, таму има детали, во која широчина ќе важи меѓународното име, дали ќе има нов договор меѓу нас и нив, има еден куп детали. Пиларот на договорот беше готов во октомври, но Американците немаа партнер од наша страна. Нашиве од незнаење, како мали деца, направија глупост. Имаше по Букурешт едно чувство на грижа на совест кај меѓународната заедница за неправдата што ни е направена, една таква енергија и сакаа брзо да нè завршат. И тој момент, кој во теоријата се вика виндоус оф опортјунити, нашиве тотални аматери не го разбраа и не го фатија. Потоа прекина сè. Сега не постои тој процес, можат тие сега да назначат и принцеза да преговара, но процес не постои. Лупаа нешто ко “Максими по дивизија” за некаква двојна формула, а всушност нема ништо, и нема да има ништо. Со овие позицијата ќе се заострува. Ако случајно ја заокружат власта, странците ќе се однесуваат кон нив како кон племе дојдено од Азија. Со жесток притисок, уцени и ароганција кон нас. Ако ја заокружат власта, не дај Боже, тоа ќе ни се случи. Ете зошто тие играат грчко сиртаки. Никој друг во државава не игра и не е попогоден за грчката влада отколку Груевски. Жесток сте во вашиот вокабулар. Некои експерти обвинија дека како последица на жестоката реторика во кампањата ни се случи и оној тежок инцидент на плоштадот. Како да не, тоа било поради вокабуларот. Тоа е гола пропаганда. Насилството е поттикнато од владеењето кое е насилно. Ние имаме оценка во сите извештаи дека Македонија е демократија која назадува, по сите основи. Како транзицијата треба да заврши според концептот на Владата? Со диктатура? Тоа ли е завршување на транзицијата и транзиционите политичари? Дали транзицијата завршува со стапови и лопати? Тие ја завршуваат транзицијата како “инцидент” од влада и премиер, овде го користам терминот на Брус Џексон. Ние завршуваме како авторитарен систем, со судење новинари, имаме притисок врз слободата на собирање. Ние ова никогаш не сме го имале, независно дали биле влади на Љубчо или Бранко. Да се разбереме, во Уставот пишува дека има слобода на собирање и без пријавување. Што е тоа 24, 48 часа? Сега ние да отидеме со 1.000 луѓе да протестираме, имаме право. Не смеат тоа да го забранат – тоа е уставна одредба. Што сега измислуваат забрани и пријави, како причина за судирот. Тоа не е основа за судирот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД Државна лотарија и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ8 минути

При претреси во Виница и виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија10 минути

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија22 минути

(Видео) АKT СДСМ ја претстави новата платформа против корупција МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски Истражувачки Центар за...

Свет2 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа3 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет4 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет4 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет4 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет5 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа5 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија15 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет15 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет18 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет18 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија22 часа

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија1 ден

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет1 ден

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...