Македонија
Директорот за царини и даноци на ЕК спроведе мониторинг во Македонија
Директоратот за царини и даноци на Европската комисија – DG TAXUD деновиве одржа мониторинг мисија за оценка на подготвеноста на Македонија за преземање на обврските од пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата.
Директоратот за царини и даноци на Европската комисија – DG TAXUD деновиве одржа мониторинг мисија за оценка на подготвеноста на Македонија за преземање на обврските од пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата.
Пристапувањето кон овие конвенции е предуслов за воведување на системот на Заеднички транзит и поедноставување на царинските постапки при спроведување на транзитна постапка кон државите на ЕУ и ЕФТА државите (Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн), како и кон Турција. На мисијата присуствуваа експерти во областа на транзитот од Европската комисија – DG TAXUD и претставници на државите членки на конвенцијата: Финска, Словенија и Унгарија. Во работата на мисијата учествуваше и Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Проектниот тим на Царинската управа за Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС) го претстави напредокот за воспоставување на системот од почетокот на неговата имплементација до сега. При мисијата беа остварени посети на царинските испостави Табановце, Скопје 2 и одделението за управување со гаранции, каде практично беше прикажано започнување и завршување на транзитна постапка и придобивките од употребата на системот.
Мисијата оствари средби и со претставници на коморите на економските оператори кои работат во областа на увозот и извозот, шпедитерите и банките со цел да се увиди нивната подговеност за користење на системот. Од посебен интерес за мисијата беше работењето на Македонски железници со новиот систем, поради што се оствари посебна средба со претставниците на оваа компанија.
Експертите од Европската комисија ја оценија состојбата околу подготовките на Царинската управа како многу успешна, со многу високо ниво на подготвеност. Врз основа на резултатите се очекува ЕК да достави покана до Македонија за пристапување кон конвенциите, по што ќе следи и пристапување во системот за заеднички транизт на ЕУ кон средината на 2015 година.
Царинската управа работи на воведувањето на системот НКТС од 2010 година. Воведувањето и употребата на транизитниот систем базиран на НКТС на национално ниво, што беше реализирано на 1 март 2014 година, претставува важен чекор со кој се создадени услови за започнување на процедура за поврзување со електронскиот систем на Царинската управа на Република Македонија со царинските системи на Европската унија, уште пред добивање на статусот полноправна членка на ЕУ.
Воведувањето на НКТС за економските оператори од Македонија ќе значи: намалување на трошоци и доцнења предизвикани од употреба на декларации во хартиена форма, побрзо ослободување и раздолжување на транзитната гаранција заради завршување на транзитната постапка во реално време, намалување на бројот на формалности при спроведување на поедноставените царински постапки во транзит, висок квалитет на услуга, намалување на времето на чекање на операторите на границите и кај одредишните испостави при трговијата со сите земји на ЕУ, Швајцарија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Турција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

