Спорт
Квалификации за СП во фудбал во 2010 во Јужна Африка
Вкупно четиринаест натпревари ќе се одиграат денеска на европските терени, односно УЕФА зоната од квалификациите за пласман на Светското првенство 2010-тата во Јужна Африка
Во групата 9, каде настапува и нашата фудбалска селекција, покрај дуелот на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, меѓу Македонија и Норвешка (17:45 часот) се игра и натпреварот меѓу репрезентациите на Исланд и досега непоразената Холандија (20:45).Табела група 9: Холандија 15 бодови (5 натпревари), Шкотска 7 (5), Исланд 4 (5) Македонија 3 (4) и Норвешка 2 (3).Во дргите групи се среќаваат:Група 1 (20:00) Шведска – Данска и (21:45) Албанија – Португалија.Група 3 (17:30) Словачка – Сан Марино.Група 4 (17:00) Азербејџан – Велс и (18:00) Финска – ЛихтенштајнГрупа 6 (17:00) Казахстан – Англија, (18:00) Белорусија – Андора и (20:15) Хрватска – УкраинаГрупа 7 (20:00) Литванија – Романија и (20:30) Србија – АвстријаГрупа 8 (19:30) Бугарија – Р. Ирска и (20:30) Кипар – Црна Гора
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Карагер заврши во „Жолтиот ѕид“ па пијан ги ги интервјуирал играчите
Џејми Карагер не можеше да одолее на привлечноста на „Жолтиот ѕид“. Првиот полуфинален натпревр во Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0) го искористи од прва рака да ја почувствува атмосферата на „Вестфален“.
Карагер од трибината, со навивачите на Борусија го виде победничкиот гол на Никлас Филкруг, со кој Борусија обезбеди минимална предност пред реваншот во Париз.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, сега фудбалски коментатор и аналитичар одлично се забавуваше меѓу најверните навивачи на „милионерите“. Можеби малку премногу, бидејќи се врати во алкохолизирана состојба.
Од студиото го прашаа дали е доволно трезен за да го води интервјуто, кога се врати и го зазеде своето место покрај Петер Шмајхел.
„Тоа всушност има смисла, затоа што не јадев премногу. Јадев чизбургер ооколу два и пол кога стигнав до хотелот. Тоа може да објасни зошто ми се платка јазикот додека зборувам! Осум пива на „Жолтиот ѕид“, имам ново семејство, ново семејство на пријатели, тоа беше едно од најдобрите искуства во мојот живот, неверојатно“, одговори Карагер.
Во микс зоната, Карагер и Шмајхел го интервјуираа Џејдон Санчо. Карагер го праша: „Ако дојдеш до финалето можеме ли заедно да испиеме неколку пива“.
„Не пијам“, кратко му одговори Санчо.
Jamie Carragher smashed after 8 pints, interviewing Jadon Sancho…
CBS never misses 🤣🤣 pic.twitter.com/CCnsZ7ZMgA
— Project Football (@ProjectFootball) May 1, 2024
Спорт
Анадолу Ефес верува во Мијатовиќ
Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул.
Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан.
Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин.
Таму беа елиминирани од Виртус, но клупските челници искажаа задоволство од неговата работа, поради што и му понудија договор на две сезони.
Ефес пред три дена ја совлада Дарушафака во 29. коло од турскиот шампионат и со тоа го обезбеди првото место пред почетокот на плеј-офот.
Спорт
Лукс Ернандез го пропушта Европското првенство?
Францускиот репрезентативец, Лукс Ернандез (28), се повреди во текот на полуфиналениот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:0).
Ернандез го повреди левото колено кога се обиде да го блокира Никлас Фулкруг, во моментот кога напаѓачот го постигна единствениот гол на натпреварот во 36.минута.
Ернандез веднаш го напушти теренот, клубот се уште не објави за каква повреда станува збор. Медиумите шпекулираат дека станува збор за вкрстените лигаменти.
„Неговото колено имаше навистина голем оток по натпреварот“, изјави тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
Лукас Ернандез е брат на Тео Ернандез, член на Милан. Лукас кариерата ја започна во Атлетико Мадрид, а Баерн го доведе во 2019 година за 80 милиони евра. Четири години подоцна тој пристигна во ПСЖ за 45 милиони евра.
Ернандез има 37 настапи за француската репрезентација со која го освои Светското првенство во Русија во 2018 година, додека во Катар во 2022 година се повреди во 13. минута од првиот меч со Австралија. После тоа тој повеќе не играше, а неговиот тим стигна до финалето и загуби од Аргентина.
Тој ја освои и Лигата на нации во 2021 година, во карирата освоил 14 клупски трофеи.
Со оглед на тоа што францускиот селектор Дидие Дешам има рок до 16 мај да го состави списокот со играчи за ЕП, а ситуацијата со Ернандез се уште е неизвесна, можно е тој да не се најде на списокот на патници за ЕП.
Европско првенство започнува на 14 јуни. во Германија. На ЕП Франција ќе биде во групата Д со Холандија, Австрија и Полска.