Контакт

Спорт

Марк Кома повторно трет

Објавено пред

Минатогодишниот шампион во категоријата мотори на две тркала, Шпанецот Марк Кома повторно се пласира на третото место во втората етапа од релито Дакар која се возеше од Кордоба до Ла Риоха

dobivaj vesti na viber

Минатогодишниот шампион во категоријата мотори на две тркала, Шпанецот Марк Кома повторно се пласира на третото место во втората етапа од релито Дакар која се возеше од Кордоба до Ла Риоха.

Победник на втората етапа е Французинот Давид Фретиње, кој извозе со време од 3 часа 59 минути и 20 минути пред сонародникот Давид Косто и Марк Кома од Шпанија. Кома се соочи и со 22 минутен пенал поради пребрзо возење додека поминуваше низ населено место од втората етапа.

Во категоријата на мотори на четири тркала победник е Уберт Дитре од Франција  со извозени 4 часа, 18 минути и 3 секунди, пред шпанецот Хуан Мануел Гонзалес Короминас кој задоцни 2 минути и Алехандро Патронели од Аргентина.

Насер Ал Атилах од Катар е победник во категоријата автомобили со време од 4 часа 1 минута и 55 секунди пред Французинот Гуерлан Кришерит и Бразилецот Маурисио Невес.

Рускиот тим Камаз издвојува еден-два победа во втората етапа кај категоријата камиони. Владимир Чагин беше најбрз со извозено време од 4 часа, 35 минути и 7 секунди пред сонародникот и клупски колега Фирдаус Кабиров и Андре де Азеведо од Бразил кој задоцни дури 14 минути.

Следната етапа се вози од Ла Риоха до Фиамбала со вкупна километража од 687 километри, и тоа ќе биде последна етапа на целосно Аргентинска почва бидејќи од следната натпреварувачите ќе навлезат во Чиле. Втората етапа од релито Дакар помина без смртни случаи./крај/дак/сл



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Елмас со Наполи го освои Суперкупот – Давид Нерез со два гола ја реши Болоња

Објавено пред

Фудбалерите на Наполи со трофеј ја завршиша 2025 година. Актуелните италијански шампиони, во ројад, го освоија Суперкупот, со победата над Болоња (2:0). Мечот, с два гола, го реши Бразилецот Давид Нерез. Наполи трет пат во историјата го крена трофејот во Суперкупот, претходно тоа му успеа во 1990 и 2014 година.

dobivaj vesti na viber

Тимот на Антонио Конте, во чии редови од стартот на теренот беше Елиф Елмас, речиси рутински ја совлада Болоња. На противникот во текот на целиот меч му дозволи само една шанса.

Наполи доминираше од стартот, а Елмас ја промаши првата голема шанса за Наполи. Македонскиот репрезентаивец, во 10-та минута од речиси идеална позиција шутираше крај голот на Раваља.

Втората голема шанса ја пропушти Спинацола во 37-та минута. Имаше ситуација „еден на еден“, но Раваља со брилијанта интервенција спречи водство на Наполи.

Две минути подцна голманот на Болоња капитулираше. Давид Нерез, од 23 метри постигна спектакуларен гол.

Во вториот дел Болоња ја имаше единствената шанса во 55-та минута, а казната стигна две минути подоцна, кога Нерез ја казни грешката на Раваља.

Еламс на теренот остана до 68-та минута, кога на неговото место влезе Ноа Ланг.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Минамино ја заврши сезоната, веројатно го пропушта Светското првенство

Објавено пред

Играчот од средниот ред на Монако и јапонската репрезентација, Такуми Минамино (30), сериозно го повреди коленото, во неделата, на натпреварот од Купот на Франција против Оксер и веројатно ќе го пропушти Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.

dobivaj vesti na viber

Минамино претрпе руптура на предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека операција.

„За време на натпреварот против Оксер, нашиот играч од средниот ред Минамино го повреди левото колено. Лекарските прегледи покажаа руптура на предните вкрстени лигаменти“, објави клубот од Кнежевството.

Јапонецот е во Монако од јули 2022 година и досега постигна 23 гола на 120 натпревари. Тој одигра 73 натпревари и постигна 26 гола во дресот на Јапонија.

На Светското првенство, Јапонија ќе игра во групата Ф заедно со Холандија, Тунис и една екипа од квартетот Украина, Шведска, Полска и Албанија.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Спорт

Филкруг пристигна во Милано, утре ќе потпише договор со Милан

Објавено пред

Напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, вечерва слета во Милано. За утре се закажани медицинските тестови, доколку успешно ги мине ќе стане член на Милан.

dobivaj vesti na viber

Напаѓачот на Вест Хем, Филкруг, треба да му се придружи на Милан како позајмен играч со опција за откуп од Вест Хем.

Во среда, на Бадник според новиот календар, Филкруг ќе тренира под водство на Масимилијано Алегри за прв пат и ќе биде достапен за првиот натпревар во 2026 година против Каљари, благодарение на специјалното одобрение од Фудбалскиот сојуз на Италија.

Некои медиуми од Апенините пишуваат дека, по завршувањето на сезоната Милан ќе може да го откупи договорот на Германецот за сума од 11 до 13 милиони евра.

Филкруг не беше во преден план оваа сезона во Вест Хем оваа сезона, одигра само 413 минути во девет настапи. Германскиот напаѓач сè уште нема постигнато гол во натпреварувачката сезона 2025/26.

Foto/ depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Економија8 часа

Минималната плата ќе се зголеми во март за 1.500-2.000 денари, зголемување пред март ќе значи отпуштање работници, вели Дурмиши

Економско – социјалниот совет на денешната седница не се договори за зголемување на минималната плата барем на 500 евра, според...

Македонија8 часа

На аеродромот во Скопје откажани се осум лета, а еден е пренасочен

Авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се стабилизира, реализирани се 27 лета, откажани се осум лета, а еден е пренасочен, соопшти...

Македонија10 часа

(Фото) Николоски: На автопатот Охрид – Кичево се вршат сложени инженерски зафати, кои првпат се користат во регионот

Првпат на автопатот Охрид-Кичево изведуваме сложени инженерски и градежни зафати и ова првпат се изведува во регионот, а се со...

Македонија10 часа

Мисајловски: Буџетот за одбрана за 2026 е 358 милиони евра, што е 8,4 проценти повеќе од годинава

Стабилно буџетирање, дополнителен стимул во процесот на модернизација и целосното почитување и унапредување на правата и обврските кон вработените, се...

Македонија11 часа

Мицкоски: Зголемувањето на минималната плата мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавците

Целта на Владата е да создаде посилна економија која отвора нови работни места и обезбедува достоинствен животен стандард за секој...

Македонија12 часа

Трамп менува 30 амбасадори, меѓу кои и Агелер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп заменува 30 дипломати од кариера од амбасадорски и од други позиции во амбасадите, меѓу...

Македонија13 часа

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија се најде на третото место во Европа според стапката на убиства на жени извршени од партнер или член на...

Европа14 часа

(Видео) Руски генерал убиен во Москва

Руски генерал е убиен во експлозија во Москва, потврдија руските власти. Рускиот истражен комитет соопшти дека генерал-потполковник Фанил Сарваров е...

Топ15 часа

Американски државјанин истепал полицаец пред ноќен клуб во Градскиот парк: кај Американецот пронајдени поголемо количество оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени...

Свет15 часа

(Видео) Сојузник на Трамп: Ако Путин го отфрли мировниот договор, мора да одиме до крај

Републиканскиот американски сенатор и сојузник на претседателот Доналд Трамп, Линдзи Греам, изјави дека Вашингтон треба драстично да го зголеми притисокот...

Европа16 часа

Батлер во Елисејската палата крадел садови и порцелан: сакал да ги продаде на интернет

Главниот послужувач задолжен за среброто во Елисејската палата е уапсен под сомнение за кражба на вредни садови и порцелан, а...

Свет16 часа

Трамп назначи специјален пратеник за Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за специјален пратеник за Гренланд. „Џеф...

Македонија17 часа

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри...

Свет1 ден

Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица...

Македонија1 ден

Доктор Беќаровски советува: Како да се заштитиме во денови на екстремно загадување

Во денови кога концентрациите на ПМ 2.5 и ПМ 10 честичките се енормно високи, а загадениот воздух станува сериозна закана...

Македонија1 ден

МВР апелира до возачите да внимаваат поради маглата

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска упати апел до сите учесници во сообраќајот крајно внимателно да ги управуваат своите возила...

Топ1 ден

Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш

Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи...

Македонија2 дена

Скопје утрово го сруши рекордот, најзагаден град е во Европа

Скопје утрово се најде на 21. место на најзагадени градови светот и прв во Европа, покажуваат податоците на светскиот сервис на мерење...

Македонија2 дена

АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство,...

Свет2 дена

Поради зимата во Газа умираат бебиња и деца, повик до Израел да дозволи помош

Организацијата „Лекари без граници“ (Médecins Sans Frontières – MSF) вчера предупреди дека бебиња и деца во Појасот Газа умираат од...