Македонија
Работилница на МАРРИ во Скопје

Претставници на меѓународни и домашни институции утре ќе дискутираат проблеми како нелегалната миграција, шверцот и трговијата со бело робје.
Регионалниот центар на МАРРИ, заедно со министерството за надворешни работи и министерството за внатрешни работи, ќе организира работилницата на која ќе се решаваат проблеми со кои се соочуваат земјите-членки на МАРРИ, како што е нелегалната миграција и нејзините ефекти врз безбедноста, шверцот и трговијата со бело робје, врските меѓу безбедноста и можните области на меѓународна соработка помеѓу соседните држави. „Оперативната соработка меѓу земјите членки на МАРРИ може да биде успешна само ако тие се способни брзо и лесно да разменуваат информации од техничка и стратешка природа“, се вели во соопштението на МАРРИ.На работилницата ќе учествуваат членови на национални институции на земји членки на МАРРИ кои се занимаваат со управување со границите. Двајца релевантни претставници на власти од висок ранг треба да дадат нови информации за моменталната соработка на границите, да ги споделат искуствата, да ги дискутираат проблемите, како и да дадат препораки за иднината. Претставниците од меѓународните организации како ОБСЕ, Интерпол, Еуропол, Фронтекс и други, исто така ќе бидат поканети на работилницата. Тие ќе треба да ја презентираат нивната улога на полето на граничните премини и мрежата на соработка меѓу граничната полиција на меѓународните аеродроми. Работилницата насловена како „Воспоставување на мрежа за соработка меѓу граничната полиција на меѓународниот аеродром Гранични вкрсртени точки во земите-членки на МАРРИ“ ќе се одржи на 27 март во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски во Стразбур: Денес Северна Македонија е препознатлив и ценет актер на меѓународната сцена

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Стразбур присуствуваше и се обрати на свечен настан по повод одбележувањето на Денот на независноста: 34 години од македонската независност и 30 години членство на Република Северна Македонија во Советот на Европа.
Во своето обраќање, Муцунски потсети на значењето на 8 септември 1991 година, кога македонските граѓани „во еден глас се изјаснија на референдумот, определувајќи се за независна и суверена држава – кулминација на вековните стремежи на македонскиот народ за самоопределување и достоинствен живот во сопствената татковина.“
Тој истакна дека денес Северна Македонија е препознатлив и ценет актер на меѓународната сцена.
„Како членка на Обединетите Нации, Советот на Европа и горда членка на НАТО, активно придонесуваме за глобалниот мир и безбедност. Продолжуваме со борбата против организираниот криминал, трговијата со луѓе и шверцот на дрога – области во кои нашиот придонес е препознаен и ценет од меѓународните партнери,“ нагласи Муцунски.
Посебно беше потенцирана улогата на Советот на Европа.
„Во 2025 година ја одбележуваме 30-годишнината од нашето пристапување во Советот на Европа – организација која беше и останува витален партнер во поддршката на нашиот демократски развој, напредокот на правните реформи и зајакнувањето на институциите. Горди сме на длабоката, динамична и продуктивна соработка која зборува за сеопфатните и стратешки важни односи,“ додаде тој.
Муцунски говореше и за европската перспектива и придонесот кон европската стабилност.
„Нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија продолжува со решителност и надеж. Подготвени сме да придонесеме, како рамноправни, за стабилноста, просперитетот и споделените вредности на Унијата. Ние не сме само млада европска демократија – ние сме народ со богата историја, силен дух и јасна визија за иднината,“ потенцираше тој.
Македонија
Алиу: Се формира Здравствениот совет, здравствените политики ќе добијат стручна и научна поддршка

Денеска во Министерството за здравство се одржа првата конститутивна седница на Здравствениот совет, на која присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу.
Здравствениот совет, како советодавно тело на министерот за здравство согласно Законот за здравствена заштита е составен од девет члена – еминентни професори, доктори на науки во различни специјалности, од кои дел се и меѓународно признаени експерти со импресивни биографии и стручни трудови.
– Целта е Здравствениот совет тековно и континуирано да ги анализира прашања од областа на здравството, да даде стручен придонес при подготовката на предлог-закони и подзаконски акти, како и стручни мислења и предлози во различни области од делокругот на работа на Министерството. Денешната дискусија беше иницијална, за повеќе различни аспекти кои во следниот период советот подетално ќе ги анализира. Уверен сум дека ќе имаме успешна и плодна соработка, порача Алиу.
Инаку, членови на Здравствениот совет се: проф.д-р Сашко Кедев, проф.д-р Марија Срцева, проф.д-р Азис Положани, проф.д-р Виктор Камнар, проф.д-р Светозар Антовиќ, проф.д-р Игор Кафтанџиев, прим.ас.д-р спец. Фадил Цана, спец.д-р Злате Мехмедовиќ, и доц.д-р Илир Вела. За претседател на Здравствениот совет е избрана проф.д-р Марија Срцева.
Македонија
Награда до три илјади евра за тој што ќе даде информација кој му го запали автомобилот: Галетановски со повик

По инцидентот во кој беше опожарен неговиот автомобил на социјалните мрежи се огласи поранешниот директор на Зоолошката градина во Скопје и актуелен претседател на Градската организација на СДСМ, Ѓорги Галетановски.
„За жал некогаш треба да ни се деси лоша работа за да видиме кој е до нас. Фала ви другари за поддршката и за сите пораки и повици и извинете што стварно не беше можно на сите да вратам и кренам. Не ви го заборавам ова и на сите ви должам. Ме знаете добро јас не ги делам другарите ни по вера ни по партија, никогаш не се сменив и нема да се сменам. Помагав и ќе помагам на кој можам без да се фалам така и ќе продолжам. Од денес натаму ќе направам се да дознаам и помогнам органите да спречат криминални дејствија да го зимаат мирот на граѓаните. А ќе се дознае тоа сум сигурен“, пишува Галетановски.
Повика доколку некој има веродостојна информација за извршителот или нарачателот да го контактира најавувајќи и награда за тоа.
„Доколку било кој знае веродостојна информација за извршителот или нарачателот нека ме контактира ќе биде награден со 2-3 илјади евра“, напиша галетановски