Свет
Успешна проба на ракетата „Арес 1“ за следно патување на човекот на Месечината

Во близина на гратчето Промонтори, во американската држава Јута, успешно е испробан ракетен мотор кој НАСА го подготвува за следното патување на човекот на Месечината
Во дел од секундата се запалиле половина милион килограми моќно гориво од ракетата „Арес 1“, долга 47 метри.Пробата ја набљудувале повеќе од четири илјади луѓе, а многумина ја следеле преку телевизиски пренос.Новата ракета е силна замена за неколку ракети на цврсто гориво, кое се користи за лансирање на вселенски летала, и веќе се нарекува најмоќна на светот.Првиот обид пред две недели не успеа поради дефект на компјутерот.Ракетата и опремата со неа чинат 75 милиони долари. „Арес 1“ е главна компонента во враќањето на плановите на НАСА за пат на Маесечината, кој го најави поранешниот американски претседател Џорџ Буш во 2004 година.Идејата е „Арес 1“ да ја крене капсулата наречена Орион, со екипажот, до Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата. Од таму Орион, со тешката опрема која ќе се наоѓа на друга ракета која до прва треба да се изгради, ќе тргне на пат кон Месечината.По проблемите со финансирањето, доцнењето на проектот и техничките проблеми, сегашниот шеф на американската држава Барак Обама задолжи посебна комисија за да ја оцени основаноста на овој план. Првичниот извештај, објавен во вторникот, укажува дека за тоа нема доволно пари во сегашниот буџет на САД, со сугестија дека „Арес 1“ можеби не е најдобра опција бидејќи е прескап.Конечната одлука ќе зависи од оценката на комисијата која се очекува за неколку недели.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп неодлучен за испорака на ракетите „ Томахавк“ на Украина

Како што објави „Гардијан“, американскиот претседател покажа двоумење во врска со испораката на Томахавк во Украина, велејќи: „Една од причините зошто сакаме да ја завршиме оваа војна е… не ни е лесно да ви дадеме… огромни количини многу моќно оружје… Се надеваме дека нема да им требаат. Се надеваме дека можеме да ја завршиме војната без да размислуваме за ракетите Томахавк“.
„Ќе зборуваме за ракетите Томахавк и многу повеќе би сакале да не им требаат тие ракети. Искрено, многу повеќе би сакале војната да заврши. Бидејќи, знаете, ние сме тука за војната да заврши… Продаваме многу различни видови оружје, како што знаете, на Европската Унија. Не сме тука за тоа. Ние сме тука за војната да заврши“, продолжи тој.
Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
Свет
Зеленски: Подготвени сме на Америка да ѝ понудиме дронови во замена за „Томахавк“ ракети

Во одговор на прашање од новинар, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена да им понуди на САД свои дронови во замена за далекуметните ракети „Томахавк“.
„Украина може да ѝ обезбеди на Америка илјадници дронови ако Вашингтон дозволи употреба на ракети ‘Томахавк’. Затоа, таму каде што можеме да соработуваме и да ја зајакнеме американската продукција, имаме голема понуда што се однесува на нашите дронови“, рече Зеленски.
На прашањето дали таков договор би го интересирал, поранешниот американски претседател Доналд Трамп одговори: „Да, би нè интересирал. Во моментов имаме многу дронови – ги произведуваме сопствените, но купуваме и од други, а Украинците произведуваат многу добри дронови.“
Трамп беше прашан и што мисли за тоа Украина да употребува ракети за напад подлабоко во Русија. „Ќе разговараме за тоа“, рече тој.
„Тоа е ескалација, но ќе разговараме за тоа“.
Украина бара од САД да испорачаат ракети „Томахавк“ кои можат да погодат цели на оддалеченост од речиси 2.000 километри.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.