Македонија
МФ ги демантира тврдењата на Транспарентност нулта корупција
Министерството за финансии ги демантира тврдењата на Транспарентност нулта корупција околу распределбата на средства од буџетот за финансирање на политичките партии.
Од таму велат дека, упатството не е ништо друго освен техничко спроведување на Законот за финансирање на политичките партии. Тоа било донесено во целост согласно законот. Критериумите за распределба на средствата биле утврдени во самиот закон, додека со упатството најтранспрентно е разработена методологијата на поделба на буџетските средства согласно законските критериуми.
„Согласно последните измени на упатството, донесени во 2010 година, најтранспарентно е изложен начинот на распределба на буџетските средства, според кои 70% од нив се распределуваат согласно освоените пратенички, односно градоначалнички и советнички мандати на последните одржани избори (во случајот локалните избори од 2009 год.)“, се вели во реакцијата од Министерството за финансии.
Транспарентност нулта корупција ќе поднесе три иницијативи до Уставниот суд во кои го оспорува новото Упатство за распределба на средствата од буџетот за финансирање на политичките партии донесено од Министерството за финансии во април минатата година.
Според невладината организација, ова упатство не е во согласност со Законот за финансирање на политичките партии донесен во 2004 година. Со ова упатство, според нив најмногу средства се издвојуваат за политичките партии со најмногу пратеници и советници на локално ниво./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Во текот на викендот се подигнати 𝟨𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад
Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода, известија од Комунална хигиена-Скопје.
Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште.
Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.
Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.
Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
ДУИ бара ревизија на приватизацијата: Владата да ги стави интересите на граѓаните пред оние на олигарсите
Јасно е дека олигарсите кои ја заробија државата објавија војна на еднаквоста и на принципите на еднакви можности за сите граѓани, велат од Демократската Унија за Интерграција повикувајќи ја Владата да го усвои Законот за рестриктивни мерки како прв чекор кон враќање на владеењето на правото и економската праведност, како и да спроведе ревизијата на процесот на приватизација.
„Ревизијата на процесот на приватизација е неопходна. Тоа не е само барање, туку обврска кон граѓаните кои со години се жртви на неправедните и корумпирани практики што ја доведоа нашата економија во оваа состојба. Ги повикуваме институциите веднаш да преземат чекори за деолигархизација, а Владата да престане да биде заробена од спонзорствата на овие олигарси“, порача ДУИ.
Партијата додаде дека деолигархизацијата не е избор, туку услов за напредок на нашата земја кон вистинска демократија и интеграција во Европската унија, па затоа време е Владата да ги стави интересите на граѓаните пред личните и интересите на олигарсите.
Македонија
СДСМ: 20 дечиња починале на Клиника во втората половина на 2024 година, Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази
„Трагичните податоци за смртноста на деца во изминатите шест месеци ја шокираа јавноста а Мицкоски и ДПМНЕ мува не ги лази. Во втората половина на 2024 година, животот го загубиле 19 бебиња и едно петгодишно девојче“, велат од СДСМ.
„Овие бројки се застрашувачки и отвораат прашања кои бараат итни одговори: каде затајува системот, како се направени пропустите и дали постои прикривање на лекарски грешки?
Последниот случај со смртта на седуммесечно бебе на Клиниката за детски болести е алармантен. Бебето било одбиено за хоспитализација без никакво образложение – втор ваков трагичен случај во само два и пол месеци. Овие трагедии не смеат да се игнорираат!
Министре Таравари, директоре Мемеди, време е да преземете одговорност. СДСМ инсистира на темелна истрага, целосна транспарентност и итно преземање мерки за спречување на ваквите трагедии.
Во време на СДСМ, преку конкретни мерки и инвестиции, смртноста кај новороденчињата беше значително намалена. Неонаталната смртност беше намалена петкратно, а перинаталната за повеќе од двојно. Инвестирано беше во модерна опрема и стручен кадар.
Сега, под актуелната власт на ВМРО-ДПМНЕ, здравствениот систем се враќа во состојбата од времето на нивното претходно владеење. Животот на децата и здравјето на граѓаните не смеат да бидат колатерална штета на неспособноста и неодговорноста на оваа власт.
Го повикуваме Министерството за здравство и сите надлежни институции да преземат итни мерки за заштита на здравјето на децата а министерот Таравари да си поднесе оставка“, соопшти СДСМ.