Свет
Русија не прифаќа мешање во нејзините внатрешни работи
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во четвртокот во неговото четврто и последно обраќање од оваа функција пред Федералното собрание на Руската федерација, односно двата дома на рускиот парламент, изјави дека неговата земја нема да го толерира мешањето во нејзините внатрешни работи.
Рускиот претседател Дмитриј Медведев во четвртокот во неговото четврто и последно обраќање од оваа функција пред Федералното собрание на Руската федерација, односно двата дома на рускиот парламент, изјави дека неговата земја нема да го толерира мешањето во нејзините внатрешни работи.„Властите нема да им дозволат на провокаторите и екстремистите да ги вовлекуваат граѓаните во авантуризам и нема да прифатат мешање однадвор“, нагласи претседателот Медведев обраќајќи им се на руските пратеници.Обраќањето на Медведев се случи два дена пред најавениот протест на опозицијата во центарот на Москва, која најавува дека во сабота ќе се соберат неколку десетици илјади луѓе. Тие ќе протестираат зашто според нив на парламентарните избори од 4-ти декември се случила изборна измама во полза на владејачката партија Единствена Русија на претседателско-премиерскиот двоец Дмитриј Медведев и Владимир Путин. Европскиот парламент минатата седмица побара организирање нови „слободни и редовни избори“ во Русија, поради „многуте неправилности утврдени“ во текот на парламентарните избори од 4-ти декември. Претходно со исти критики истапи и американската државна секретарка Хилари Клинтон.Претходно, пак, рускиот премиер Владимир Путин ги обвини САД дека ги подгреваат тензиите во неговата земја поради изборите и се обидуваат да создадат сценарио за хаос.Министерката за надворешни работи на Европската унија, Кетрин Ештон, во вторникот изјави пред парламентот дека европските челници имаат намера да ја искористат средбата со рускиот претседател Дмитриј Медведев за да му ја изразат својата загриженост за проблемите забележани во текот на изборите.Набљудувачите од Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБСЕ) оценија дека на изборите имало сериозни показатели за местење на резултатите.Единствена Русија на премиерот Владимир Путин освои 238 пратенички места од вкупно 450. Комунистичката партија е втора со 92 пратеника, Праведна Русија доби 64, а Либерално демократската партија 56. Останатите партии не го поминаа изборниот цензус.Во претходниот парламентарен состав Единствена Русија имаше 315 пратеници, Комунистичката партија е втора со 57 пратеника, Праведна Русија доби 38, а Либерално демократската партија 40.Еден од членовите на ЦИК побара смена на претседателот на Комисијата Владимир Чуров, поради изборен фалсификат, но таквото барање беше отфрлено.Воедно беа отфрлени и жалбите на партијата Јаблоко, која не влезе во Думата, за кршење на изборните правила во околу 500 избирачки места.Во својот говор од четвртокот Медведев кој претходно изјави дека треба да се истражат наводите за изборната измама, рече дека е подготвен да ги сослуша критиките за начинот на кој изборите биле спроведени. Исто така, рече и дека протестите кои следеа по изборите за думата се доказ за развојот на демократијата во Русија. „Луѓето се менуваат и стануваат активни во изразувањето на своите ставови и им упатуваат нови барања на властите, а тоа е добар знак. Тоа значи дека нашата демократија станува позрела“, истакнал Медведев додавајќи дека „на Русија и’ е потребна демократија, а не хаос“.Медведев ги пофалил напорите за сузбивање на корупцијата во земјата. „Резултатите од таа работа (антикорупциските напори), се гледаат во тоа што пред лицето на правдата се изведени три илјади руски функционери во текот на првите шест месеци од 2011 година“, рекол рускиот претседател.Во својот последен извештај за индексот на корупцијата објавен на 1-ви декември Transparency International ја стави Русија на 143-то од 182 места во групата земји како Уганда и Нигерија. Медведев, исто така, повика на сеопфатна реформа на политичкиот систем во земјата предложувајќи директни избори за регионалните гувернери, наместо нив да ги именува Кремљ.„Јас предлагам сеопфатна реформа на нашиот политички систем. Треба да им се даде на сите активни граѓани легална можност за учество во политичкиот живот“, рече претседателот на Русија.„Русија има намера да ја зајакне стопанската интеграција на пост-советскиот простор и очекува остварување на Евроазиската стопанска унија со Белорусија и Казахстан до 2015 година“, рече Медведев./крај/рн/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин
Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.
Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.
Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.
Свет
Маск: САД 1.000 посто ќе банкротираат без вештачка интелигенција и роботи
Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“
Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат околу еден билион долари годишно, што веќе го надминува воениот буџет.
Маск објасни дека неговата поддршка за кратење на државната потрошувачка, додека го водел Одделот за ефикасност на владата (DOGE), имала цел да се забави „неодржливата фискална траекторија“ и да се добие време додека новите технологии го поттикнат економскиот раст.
Тој предупреди дека масовната автоматизација може да доведе и до силна дефлација, бидејќи производството на добра и услуги би растело побрзо од паричната маса.
Сепак, експертите посочуваат дека САД имаат предности – доларот е светска резервна валута, а Министерството за финансии може да се задолжува по релативно ниски каматни стапки. Комитетот за одговорен федерален буџет предупреди дека, иако е невозможно да се предвиди точен момент, некаква фискална криза е речиси неизбежна доколку не се промени насоката на фискалната политика.
Свет
Соработничката на Епстин бара помилување од Трамп за да сведочи пред Конгресот
Партнерката на американскиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, Гилен Максвел, е подготвена да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доколку ѝ биде одобрено помилување или намалување на казната од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти нејзиниот адвокат, Дејвид Маркус.
Претходно, Максвел одби да сведочи, повикувајќи се на уставното право да молчи и одбивајќи да одговара на прашањата на членовите на комитетот.
„Ако овој комитет и американската јавност навистина сакаат да ја слушнат нефилтрираната вистина за тоа што се случило, постои едноставен пат. Госпоѓа Максвел е подготвена да зборува целосно и искрено ако претседателот Трамп ѝ одобри помилување“, напиша Маркус на социјалната мрежа Икс.
Како причина за одбивањето да сведочи, одбраната наведе дека е во тек постапка за преиспитување на законитоста на пресудата, тврдејќи дека осудителната пресуда се темели на „фундаментално неправедно судење“.
Во соопштението се наведува и дека дел од поротниците за време на изборот на поротата дале неточни изјави за да бидат избрани, како и дека администрацијата наводно ветила имунитет, кој потоа бил прекршен – нешто што, според адвокатот, го потврдуваат новообјавените документи.
„Само таа може да даде целосен приказ на настаните. Вистината е важна, дури и ако на некого не му се допаѓа“, наведува Маркус, додавајќи дека ниту Трамп ниту поранешниот претседател Бил Клинтон „не учествувале во никакви незаконски дејствија“ и дека Максвел може да објасни зошто.
Претседавачот на Комитетот за надзор, републиканецот Џејмс Комер, ја оцени одлуката на Максвел да се повика на правото на молчење како „многу разочарувачка“, истакнувајќи дека пратениците имале бројни прашања за кривичните дела и можните соучесници.
Демократите во комитетот ја обвинија Максвел дека се обидува да „купи помилување“ со одбивањето да сведочи.
Според Си-Ен-Ен, Трамп досега не ја исклучил можноста да ѝ одобри помилување или намалување на казната.
Трамп и Клинтон, чии имиња се појавуваат во документите објавени од американското Министерство за правда, негираа било каква вмешаност во незаконски активности поврзани со Епстин.
Гилен Максвел во 2021 година беше прогласена за виновна за улогата во сексуалното злоупотребување малолетнички организирано од Епстин и беше осудена на 20 години затвор.
Џефри Епстин во 2019 година беше обвинет пред федерален суд во Менхетен за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација. Тој беше пронајден обесен во својата ќелија додека го чекаше судењето, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

