Свет
НАТО ја презема одговорноста за смртта на пакистанските војници
Огнот што го отвориле силите на НАТО при што беа убиени 24 (според некои извори 28) пакистански војници во пограничната област со Авганистан на крајот од ноември е последица на „низата грешки“ од двете страни, соопшти во четвртокот Алијансата базирајќи ги своите сознанија на темелна истрага.
Огнот што го отвориле силите на НАТО при што беа убиени 24 (според некои извори 28) пакистански војници во пограничната област со Авганистан на крајот од ноември е последица на „низата грешки“ од двете страни, соопшти во четвртокот Алијансата базирајќи ги своите сознанија на темелна истрага.„Истрагата покажа дека е направена серија од грешки на двете страни во координацијата на акциите пред и во текот на операцијата“, стои во соопштението на НАТO што го цитира AFP.Во соопштението на Алијансата се додава дека врз пакистанските војници „не се стрелало намерно“.„Акцијата на нашите сили беше легитимна“, се нагласува во соопштените на западно-атлантскиот воен сојуз.Меѓународните сили отвориле оган во ситуација на „легитимна одбрана“ откако биле мета на „неидентификувани сили“ за кои првично „не се сметало дека се пакистански војници“, се истакнува во соопштението на НАТО. Веднаш по бомбардирањето, НАТО случајот го нарече „трагичен и без намера“, ветувајќи целосна истрага за тој инцидент.Претставници на пакистанската армија веднаш по инцидентот, пак, изјавија дека неколку НАТО хеликоптери упаднале во воздушниот простор на Пакистан од Авганистан и извршиле воздушен напад врз контролен пункт во племенска област Моманд во северо-западниот дел од земјата во близина на границата со Авганистан. Во нападот загинаа најмалку 28 војници а 14 беа ранети, според пакистанската армија.Бомбардирањето на НАТО, според нив, траело речиси два часа и продолжило и откако војниците ги молеле коалиционите сили да престанат, тврди пакистанската војска.Неименуван авганистански претставник рече дека авганистански командоси и американските специјални сили спроведувале мисија на авганистанската страна од границата, кога врз нив бил отворен оган од правец на Пакистан. Коалиционите сили потоа одговориле со воздушни напади.Пакистанската армиија остро демантираше дека нејзините војници први отвориле оган и со тоа го предизвикале бомбардирањето на НАТО.Според информациите на пакистанските медиуми, неколку борбени хеликоптери на НАТО околу 2 часот по полноќ по локално време навлегле во воздушниот простор на Пакистан од соседен Авганистан и извршиле напад во контролен пункт во областа Баизаи во паштунската племенска провинција Моманд, во северозападниот дел од земјата во Пакистан северозападно во саботата. Тогаш пакистанската армија го осуди нападот како „неиспровоциран“.Ова не е прв ваков напад на хеликоптери на НАТО врз припадници на пакистанската армија. Така, на 30-ти септември 2010 година во племенскиот регион Оракзаи на границата со Авганистан, хеликоптери отворија оган врз пакистанските војници. Притоа загинаа две лица, а четворица беа повредени. Инцидентот предизвика сериознo заладување на односите меѓу Пакистан и НАТО. Тензиите меѓу Пакистан и западните земји а особено со САД се зголемија и по 26-ти ноември. Тоа доведе пред десет дена американскиот Конгрес да одлучил да ги замрзне 700-те милиони долари помош за Пакистан, сé додека „Исламабад не докаже дека ја помага борбата против исламистичките бунтовници чија мета се американските војници“.Претходно, Исламабад изјави дека таквата акција на западните сили „е во спротивност со суверенитетот на земјата“. Потоа, во знак на протест Пакистан ги затвори коридорите за логистичка поддршка за силите на НАТО.Преку Пакистан се доставува повеќе од 70 отсто од логистиката за силите на меѓународната коалиција кои се борат со талибанските бунтовници на авганистанска територија. Бидејќи во Авганистан нема железничка линија, целата логистика, како и горивата за потребите на НАТО, се транспортираат со камиони од пакистанските пристаништа на Арапското Море, особено од пристаништето Карачи.По ова минатата седмица следуваа два напада врз конвоите на НАТО на пакистанска територија, при што во првиот беа запалени 34 камиони на Алијансата а во вториот беа запалени уште седум камиони-цистерни на меѓународните сили./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.