Економија
Македонија и Русија ја интензивираат економската соработка

Продлабочување на економската соработка и поврзување на стопанствениците од Македонија и Русија, договорено е денеска македонско-рускиот бизнис форум, што се одржа во Москва.
Продлабочување на економската соработка и поврзување на стопанствениците од Македонија и Русија, договорено е денеска македонско-рускиот бизнис форум, што се одржа во Москва.На форумот пред руските стопанственици беа презентирани македонските потенцијали во земјоделско-прехранбениот сектор и можностите за интензивирање на воспоставената соработка.Покрај поголемата група македонски бизнисмени, на форумот, кој се одржа во рамки на саемската манифестација „Светот на храната“, присуствуваа и македонските министри за финансии, Зоран Ставревски и за земјоделство Љупчо Димовски.„Македонската Влада е реформски ориентирана и работи пред се на подобрување на бизнис климата и на олеснување на условите за работа на фирмите. Наша цел е постигнување и одржување на економски раст, преку развој на приватниот сектор, привлекување инвестиции и отворање нови работни места“, изјави СтавревскиТриесеттина македонски стопанственици од земјоделско-прехранбениот сектор во рамки на саемот во Москва, остварија директни контакти со руски компании, со цел воспоставување и интензивирање на соработката и зголемување на извозот на земјоделско-прехранбени производи на рускиот пазар. На бизнис форумот било констатирано дека постои потенцијал за зголемување на пласманот на македонски производи на рускиот пазар, за што покажува примерот со овошјето чиј извоз е зголемен за 20 пати.Најголем пораст на извозот има кај јаболката, за дури 90 пати од незначителни 20 илјади евра во периодот јан-јуни 2010 на 1,65 мил.евра во јан-јуни 2011. За истиот период извозот на зеленчук е зголемен за скоро 8 пати од половина милиони евра на над четири милиони евра.Радува фактот што во изминативе шест месеци евидентно е и зголемувањето на извозот на македонско вино на рускиот пазар, што влева надеж дека за брзо време ќе ја надминеме бројката од 250 илјади евра, колку што сега изнесува вредноста на извозот на македонското вино на овој пазар. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ФЕРОИНВЕСТ ќе ги воведе батериските системи на WEIHENG во Македонија

Фероинвест постигна договор за застапништво за Македонија на батериските системи на компанијата Weiheng, која е глобално препознатлива по иновативни решенија за складирање енергија. Таа се рангира меѓу водечките компании во оваа индустрија и има рејтинг ААА според независните анализи на Bloomberg.
Асортиманот на производи на Weiheng вклучува високонапонски хибридни системи за складирање енергија, кои се идеални за фотоволтаици за фабрики, комерцијални објекти и електрани.
Брендот нуди и модуларни решенија за фотоволтаици со интегрирана моќност до 5 MW, како и напредни фабрички системи за енергетска ефикасност.
Во наредниот период, Фероинвест со Weiheng ќе организира специјализирана презентација во Скопје, која ќе биде од голема важност за сите заинтересирани, со фокус на големите системи за складирање енергија и нивните предности, како и можностите за изведување на проекти по принципот ,,клуч на рака” од страна на Фероинвест.
Високи претставници на Фероинвест и на Weiheng во моментот се присутни на престижниот саем KEY – The Energy Transition Expo во Римини, Италија, кој е фокусиран на високи технологии, особено во областа на складирање на електрична енергија.
ПР текст
Економија
Кочоска: 10,4 милиони евра е вредноста на првата транша што ја исплати Министерството за финансии за поддршка на компаниите од унгарскиот заем

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.
„Министерството за финансии денеска до Развојната банка ги префрли средствата од централниот Буџет, кадешто се планирани вкупно 250 милиони евра наменети за поддршка на домашната економија. Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолни услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Дмитриевскса Кочоска и додаде:
„Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот“.
Поради големиот интерес од компаниите, премиерот Христијан Мицкоски вчера рече дека добил инспирација Владата да обезбеди уште „евтини пари“ како оние од унгарскиот кредит оти, како што рече, „бизнисот е гладен“.
Економија
„Трајни културни вредности“ на Халкбанк прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024

Скопје, 5 март 2025 „Трајни културни вредности“, настан на Халкбанк, кој на впечатлив и автентичен начин ја негува македонската култура и традиција, е прогласен за најдобар корпоративен настан во 2024 година, во рамки на манифестацијата „Best Event Awards Macedonia – BEAM“. Станува збор за настан кој се одржа во рамки на поширока иницијатива на Халкбанк, а креативниот и организацискиот потпис е на маркетинг агенцијата Ефектива.
„Трајни културни вредности“ го претвори прекрасниот амбиент на Чифте Амам во храм на македонското културно наследство. Преку совршен микс од храна од речиси сите региони на државата, уметност и мелодиите на Дуке Бојаџиев, гостите имаа можност да отпатуваат назад во времето и со сите сетила да ја почувствуваат македонската традиција.
Гастрономското наследство, покрај на трпезата, беше пресликано и во изложба на графики од шест уметници, инспирирани од боите и вкусовите на најпрепознатливите македонски специјалитети. На настанот беше промовирано исклучително вредното дело „Патување низ гастрономското наследство“ – уметничка книга со ретки рецепти прикажани преку приказни и илустрации од пет македонски реномирани илустратори.
„Оваа награда е прекрасна потврда за целата иницијатива, ангажман и за ентузијазмот кој Халкбанк го вложи во проектот Трајни Културни Вредности, во чии рамки се реализираше и конкретниот настан минатата година. Навистина сме горди на ова признание, а истовремено и благодарни на комисијата на БЕАМ која ги препозна овој настан, целата организација околу истиот, креативноста и неговата вредност. И секако, неизмерно сме благодарни на нашите соработници од агенцијата Ефектива со кои го заживеавме и развиваме проектот Трајни Културни Вредности низ годините,“, вели Маја Наумовска Савеска, директор на маркетинг и корпоративни комуникации во Халкбанк.
„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк започната пред две години, чија главна цел е промоција и зачувување на културното наследство, а ваквите признанија се доказ дека тоа го прави на инспиративен и успешен начин.
ПР текст