Контакт

Свет

Претходницата на арапските набљудувачи пристигна во Сирија

Објавено пред

Претходниците на набљудувачите на Арапската лига допатувала во четвртокот во сирискиот главен град Дамаск, пред почетокот на разместувањето на набљудувачките тимови

dobivaj vesti na viber

Претходниците на набљудувачите на Арапската лига допатувала во четвртокот во сирискиот главен град Дамаск, пред почетокот на разместувањето на набљудувачките тимови кој ќе проценат дали сириската власт има сериозни намери да им стави крај на деветмесечните крвави судири на демонстрантите кои бараат оставка од претседателот Башар ал-Асад и безбедносните сили.Пристигнувањето во Дамаск телефонски го потврдил за Reuters Вагиух Ханафи, помошник на генералниот секретар на Арапската лига, Наби Елараби. Претходницата на набљудувачката мисија, којашто ќе ја подготви нејзината активност ка води функционерот на Арапската лига, Самир Сеиф ал-Џазал, а ја сочинуваа 11 лица меѓу кои се финансиски, административни и правни експерти. Во Каиро каде што е сместено седиштето на Арапската лига, во меѓувреме допатувал суданскиот генерал Ахмет Мустафа ал-Даби, кој ќе разговара за неговата улога на предводник на 150-члената набљудувачка мисија која во Сирија треба да биде испратена кон крајот на декември, доколку не се случат некои  проблеми во подготовката за нивното испраќање. Генералот Даби, кој беше координатор и во разговорите меѓу суданската влада и меѓународните набљудувачи во Судан, за медиумите на каирскиот аеродром им изјавил дека ќе се состане со генералниот секретар на Арапската лига.  Тој додал дека набљудувачите ќе работат „со целосна транспарентност во набљудувањето на ситуацијата во Сирија“, како и дека постојано ќе се одржуваа средби со сите страни, вклучувајќи ја и сириската армија, опозицијата, силите за безбедност и хуманитарните организации. Елараби во вторникот изјави дека арапските набљудувачи ќе бараат слободен пристап во болниците, затворите и други локации и места во Сирија. Сирија се согласи на доаѓање на набљудувачката мисија на Арапската лига, дури откако оваа организација ја суспендираше од членството во неа и и’ наметна санкции.Во понеделникот илјадници приврзаници на сирискиот претседател Башар ал-Асад почнаа да се собираат на централниот плоштад во Дамаск, осудувајќи ги санкциите кои врз Сирија ги наметна Арапската лига.Москва и Кина, постојани членки на советот за безбедност на Обединетите нации, досега се противеа на нацрт резолуцијата на западните земји со која на Сирија и’ се закануваа со санкции доколку не го прекине крвавото задушување на протестите во кои според ОН во деветте месец откако започнаа загинале најмалку 5.000 луѓе. Минатиот четврток Русија неочекувано претстави своја верзија од нацрт-резолуција со којашто досега Москва најостро ги осудува насилствата во Сирија, за кои како што се вели во предлогот „одговорни се двете страни“, а во понеделникот овој предлог го поддржа и Кина.Според податоците на Обединетите нации, досега од март годинава во безредијата во Сирија меѓу приврзаниците на опозицијата којашто бара неодложно заминување од власта на претседателот Башар ал-Асад и безбедносните сили, загинале повеќе од 5.000 луѓе, над 14 илјади  биле затворени а околу 12.500 се раселени пред насилството во соседните држави. Сириската власти, пак, тврдат дека станува збор за повеќе 1.600 загинати од двете страни, од кои повеќе од 1.200 се припадници на безбедносните служби кои се цел на „терористички групи уфрлени од надвор“.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжија и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад, воведена во 1963 г.На почетокот од август претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“/крај/ро/мф/сн

Свет

Кралот Чарлс ја поддржува истрагата за врските на неговиот брат Ендру со Џефри Епстин

Објавено пред

Бакингемската палата денеска соопшти дека кралот Чарлс Трети ќе ѝ даде поддршка на британската полиција која ги испитува наводите дека поранешниот принц Ендру му проследувал доверливи информации на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.

dobivaj vesti na viber

Соопштението следува откако полицијата потврди дека ги разгледува тврдењата според кои Ендру Маунтбатен-Виндзор во 2010 година му испраќал на Епстин извештаи поврзани со трговија.

Полицијата од областа Темз Вели, која е надлежна за регионите западно од Лондон, вклучително и Виндзор каде што се наоѓала поранешната резиденција на членот на кралското семејство, покренала истрага по медиумските објави за мејлови што укажуваат дека тогашниот принц му испраќал на Епстин извештаи од својата турнеја во Југоисточна Азија во 2010 година, кога бил британски пратеник за меѓународна трговија.

Кабинетот на принцот Вилијам соопшти дека тој е „длабоко загрижен“ поради откритијата што произлегуваат од американската истрага поврзана со починатиот сексуален престапник.

Прикажи повеќе...

Свет

Маск: САД 1.000 посто ќе банкротираат без вештачка интелигенција и роботи

Објавено пред

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, предупреди дека експлозијата на американскиот јавен долг може да доведе до финансиски колапс на САД доколку вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата, јавува „Форбс“

dobivaj vesti na viber

Во интервју за подкастерот Дваркеш Пател, Маск изјави дека без масовна примена на ВИ и роботи, САД „1000% ќе банкротираат“. Тој посочи дека јавниот долг достигнал 38,5 билиони долари, а каматите изнесуваат околу еден билион долари годишно, што веќе го надминува воениот буџет.

Маск објасни дека неговата поддршка за кратење на државната потрошувачка, додека го водел Одделот за ефикасност на владата (DOGE), имала цел да се забави „неодржливата фискална траекторија“ и да се добие време додека новите технологии го поттикнат економскиот раст.

Тој предупреди дека масовната автоматизација може да доведе и до силна дефлација, бидејќи производството на добра и услуги би растело побрзо од паричната маса.

Сепак, експертите посочуваат дека САД имаат предности – доларот е светска резервна валута, а Министерството за финансии може да се задолжува по релативно ниски каматни стапки. Комитетот за одговорен федерален буџет предупреди дека, иако е невозможно да се предвиди точен момент, некаква фискална криза е речиси неизбежна доколку не се промени насоката на фискалната политика.

Прикажи повеќе...

Свет

Соработничката на Епстин бара помилување од Трамп за да сведочи пред Конгресот

Објавено пред

Партнерката на американскиот финансиски магнат и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, Гилен Максвел, е подготвена да сведочи пред Комитетот за надзор на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес доколку ѝ биде одобрено помилување или намалување на казната од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти нејзиниот адвокат, Дејвид Маркус.

dobivaj vesti na viber

Претходно, Максвел одби да сведочи, повикувајќи се на уставното право да молчи и одбивајќи да одговара на прашањата на членовите на комитетот.

„Ако овој комитет и американската јавност навистина сакаат да ја слушнат нефилтрираната вистина за тоа што се случило, постои едноставен пат. Госпоѓа Максвел е подготвена да зборува целосно и искрено ако претседателот Трамп ѝ одобри помилување“, напиша Маркус на социјалната мрежа Икс.

Како причина за одбивањето да сведочи, одбраната наведе дека е во тек постапка за преиспитување на законитоста на пресудата, тврдејќи дека осудителната пресуда се темели на „фундаментално неправедно судење“.

Во соопштението се наведува и дека дел од поротниците за време на изборот на поротата дале неточни изјави за да бидат избрани, како и дека администрацијата наводно ветила имунитет, кој потоа бил прекршен – нешто што, според адвокатот, го потврдуваат новообјавените документи.

„Само таа може да даде целосен приказ на настаните. Вистината е важна, дури и ако на некого не му се допаѓа“, наведува Маркус, додавајќи дека ниту Трамп ниту поранешниот претседател Бил Клинтон „не учествувале во никакви незаконски дејствија“ и дека Максвел може да објасни зошто.

Претседавачот на Комитетот за надзор, републиканецот Џејмс Комер, ја оцени одлуката на Максвел да се повика на правото на молчење како „многу разочарувачка“, истакнувајќи дека пратениците имале бројни прашања за кривичните дела и можните соучесници.

Демократите во комитетот ја обвинија Максвел дека се обидува да „купи помилување“ со одбивањето да сведочи.

Според Си-Ен-Ен, Трамп досега не ја исклучил можноста да ѝ одобри помилување или намалување на казната.

Трамп и Клинтон, чии имиња се појавуваат во документите објавени од американското Министерство за правда, негираа било каква вмешаност во незаконски активности поврзани со Епстин.

Гилен Максвел во 2021 година беше прогласена за виновна за улогата во сексуалното злоупотребување малолетнички организирано од Епстин и беше осудена на 20 години затвор.

Џефри Епстин во 2019 година беше обвинет пред федерален суд во Менхетен за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација. Тој беше пронајден обесен во својата ќелија додека го чекаше судењето, а неговата смрт официјално беше прогласена за самоубиство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...

Свет8 часа

ЕУ забранува уништување на непродадена облека и обувки

Европската комисија денеска усвои мерки со кои се спречува уништување на непродадена облека, модни додатоци и обувки, со цел да...

Македонија8 часа

Даниел не се замерил со никого, мотивот најверојатно е пари, рече адвокатот на Кајмакоски кој по киднапирањето е стабилен, но под стрес

Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во Белград ноќта меѓу сабота и недела, а по трауматичниот настан моментално се опоравува,...

Македонија9 часа

Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, епидемиологот Оранска рече дека болеста е донесена однадвор

Кај четворица слушатели на курсот за професионални војници во велешката касарна е потврдена шуга. Тие се пуштени на домашно лекување...

Македонија10 часа

„Сите сме под стрес“: сопругата на пејачот Даниел Кајмакоски разговараше со медиумите по киднапирањето

Сопругата на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, Марина, се огласи еден ден по неговото киднапирање . Имено, ноќта меѓу сабота и...

Топ13 часа

Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река

Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна...

Македонија14 часа

За една недела, 4.991 прекршок преку системот „Безбеден град“, најмногу за брзо возење

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се...

Топ15 часа

Кривична пријава за сопственик на фирма од Охрид по смртта на негов вработен, не му обезбедил соодветна обука

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи...

Македонија15 часа

ОЈО ГОКК: Се разменуваат информации со српското обвинителство за да се утврди евентуална поврзаност на двата случаи и потеклото на марихуаната

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони...

Македонија15 часа

Министри и градоначалници на средби со високи претставници на УНЕСКО во Париз, ќе се разговара за статусот на Охрид

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна...

Македонија16 часа

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) денес испрати уште еден повик до работниците утре во 9 часот да излезат на...

Македонија17 часа

„Немирната совест го натера Заев на панични реакции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во...

Свет18 часа

Врските на Епстин со Силиконската долина биле многу повеќе од комуникација само со Гејтс и Маск

Најновото објавување на милиони документи од Министерството за правда на САД поврзани со осудениот педофил Џефри Епстин фрли нова светлина...

Европа19 часа

Празната украинска амбасада во Москва казнета поради неплаќање струја

Московскиот суд ѝ наложи на украинската амбасада во Русија, која е затворена од почетокот на руската инвазија во февруари 2022...

Европа19 часа

(Видео) Моќен напад со дронови врз Одеса: погодена зграда, едно лице загина

Руските сили извршија серија напади со ракети и беспилотни летала врз неколку украински градови во текот на ноќта. Во Одеса,...

Европа19 часа

Зеленски: Русија секојдневно ја напаѓа нашата железничка инфраструктура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија речиси секојдневно ја напаѓа железничката инфраструктура на Украина, но дека Киев сè уште...

Македонија21 час

Почувствуван земјотрес во Тетово и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера вечер во 23...

Македонија1 ден

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија1 ден

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија2 дена

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...