Економија
На Вол стрит акциите скокнаа за 3 отсто
Во четвртокот на Вол Стрит цените на акциите забележаа скок за повеќе до 3 отсто, бидејќи на пазарите завладеа еуфорија откако европските лидери соопштија дека ги усогласиле своите ставови за надминување на двегодишната должничка криза.
Во четвртокот на Вол Стрит цените на акциите забележаа скок за повеќе до 3 отсто, бидејќи на пазарите завладеа еуфорија откако европските лидери соопштија дека ги усогласиле своите ставови за надминување на двегодишната должничка криза. Индексот Dow Jones порасна за 2,86 отсто на 12.208 бодови. Првпат пробивајќи се од 1-ви август над психолошки значајната бариера од 12.000 поени. Индексот S&P 500 скокна, пак, за 3,43 отстo на 1.284 поени, додека индексот Nasdaq за 3,32 отстo на 2.738 поени. Договорот на челниците од еврозоната за зголемување на фондот за финансиска стабилизација EFSF и докапитализацијата на банките, како и согласност ана банките да отпишат 50 отсто од нивната сопственост врз грчките обврзници, предизвика еуфорија на пазарите.Во сите десет сектори од S&P 500 индексот во четвртокот цените на акциите се зголемија за повеќе од 1 отсто, а на вредноста добија и сите 30 акции од Dow Jones индексот. Најголемото поскапување забележаа акциите на банките, кои последните месеци поради европската должничка криза беа под најголем притисок. S&P индексот од овој сектор се зголеми за повеќе од 6 отсто.Оптимизмот на пазарот во четвртокот доби поддршка и од макроекономските податоци. Во третиот квартал бруто домашниот производ на САД се зголеми за 2,5 отсто на годишно ниво, што претставува најголем раст во стопанството во последната година и речиси е двојно поголем отколку во претходното тримесечје, кога изнесуваше 1,3 отсто.Продолжена е и низата од подобри од очекуваните квартални деловни извештаи на компаниите. Така „Exxon Mobil“ извести дека неговата добивка во третото тримесечје изнесувала дури 41 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, благодарејќи на зголемените цени на нафтата и преработувачката маржа. Доколку продолжи растот на цените на акциите и во следните денови, S&P 500 индексот би можел да го забележи најголемиот пораст во еден месец од 1974 година. Од почетокот на октомври овој индекс се зголеми за 13,5 отсто, додека во октомври 1974 година скокна за 16,3 отсто. И на европските берзи во четвртокот цените на акциите силно пораснаа. Лондонскиот FTSE зајакна за 2,89 отсто на 5.713 поени, франкфуртскиот индекс DAX скокна за 5,35 отсто на 6.337 поени, додека парискиот CAC за 6,28 отсто на 3.368 поени./крaј/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Биткоинот силно паѓа
Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.
XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.
Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.
Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.
Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.
Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.
Економија
Бислимоски – Сјаојен: Енергетската транзиција е приоритет број еден
Над 55 % од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори и определбата на земјава е јасна дека енергетската транзиција е приоритет број еден – е пораката што претседателот Марко Бислимоски и членовите на РКЕ ја истакнаа на средбата со амбасадорката на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Соговорниците ги споделија искуствата во секторот, истакнувајќи дека полето на соработка може да се прошири, ако се земе во предвид дека материјали со кинеско производство се повеќе се употребуваат при реализација на значаен дел на инвестициите во енергетиката.
„Инвеститорите се добредојдени во земјава, но соработката мора да биде базирана на законските прописи кои се синхронизирани со европските правила што подразбираат јавни и транспарентни тендерски постапки “ посочи Бислимоски.
На средбата се разговараше и за тоа како новите технологии – паметните мрежи, батериите за складирање на електрична енергија, можат да придонесат за побрза енергетска транзиција
Економија
Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади
Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, вкупните потребни средства се искачуваат на 80.548 денари.
За храна и пијалоци се издвојуваат 23.534 денари, додека 6.130 денари се потребни за режиски трошоци, соопшти Сојузот на синдикатите, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во однос на минатиот месец, кога за покривање на основните трошоци биле потребни 65.544 денари, сега е забележано намалување од 371 денар.

