Свет
Потпретседателот на Египет вети преговори

Потпретседателот на Египет, Омар Улејман, вечерва порача дека демонстрациите треба да престанат за да може да почне дијалогот со опозицијата и ги повика демонстрантите да се вратат во своите домови и да го почитуваат политичкиот час.Сулејман рекол дека демонстрантите ја пренеле пораката што сакале – да се смени власта.„За дијалог на политичките сили потребно е да престанат демонстрациите и египетските улици да се вратат во нормала“, рекол Сулејман.За време на денешните судири меѓу поддржувачите и противниците на претседателот Мубарак во центарот на Каиро загина еден војник, а повредени се повеќе од 600 лица, според најновите официјални податоци.Опозицијата веќе девет дена организира масовни протести, барајќи повлекување на Мубарак по 30 години власт./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пропустите на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Трамп, утврди Сенатот

„Неприфатливи пропусти“ од страна на тајната служба довеле до обидот за атентат врз Доналд Трамп пред една година, утврди Комитетот на американскиот Сенат.
На 13 јули 2024 година, вооружен човек пукаше кон Трамп за време на предизборен митинг во Батлер, Пенсилванија, погодувајќи го во увото. Еден минувач бил убиен, двајца други минувачи биле тешко повредени, а вооружениот човек бил убиен.
Комитетот за внатрешна безбедност и владини работи на Сенатот, во извештај објавен во недела, зборуваше за „вознемирувачки модел на комуникациски неуспеси и небрежност што кулминираше со трагедија што можеше да се спречи“, објави агенцијата дпа.
Комитетот наведе низа „неприфатливи неуспеси“ од страна на тајната служба, вклучително и одбивање на барањата за дополнителен персонал и ресурси за заштита на Трамп.
„Она што се случи во Батлер, Пенсилванија, не беше само трагедија – тоа беше скандал“, заклучи претседателот на комисијата, Ренд Пол, републикански сенатор од Кентаки.
Пол, исто така, го осуди недостатокот на дисциплински мерки по обидот за атентат.
„Тоа е неприфатливо. Ова не беше само пропуст во проценката. Ова беше целосен распад на безбедноста на секое ниво – поттикнат од бирократска рамнодушност, недостаток на јасни протоколи и шокантно одбивање да се одговори на директни закани.“
Свет
Хаос во Берлин: 90 повредени на техно забава, 400 лица побарале помош

За време на техно забавата наречена „Rave The Planet“ во Берлин се случија голем број инциденти, во кои беа повредени 89 лица, соопшти градската противпожарна служба, додавајќи дека 69 учесници се хоспитализирани, додека неколку лица се здобиле со животозагрозувачки повреди.
Медицинските екипи им укажале помош на околу 400 лица за време на оваа масовна забава на дожд, а како што е наведено, повеќето од повредите биле предизвикани од прекумерна консумација на алкохол и дрога, објави денес германскиот весник „Билд“.
„Имало неколку сериозни повреди, а меѓу повредените имало и такви чиј живот бил во опасност“, изјавил портпарол на противпожарната служба, без точно да прецизира за какви повреди станува збор.
Извори од противпожарната служба во Берлин изјавиле за весникот „Билд“ дека за настанот се распоредени речиси сите достапни итни ресурси во градот.
„Не можете да се потпрете само на пожарникарите секоја вечер од 22 часот па натаму. Без помош на волонтерски единици, би било тешко да се справите со целата ситуација“, соопшти противпожарната служба.
Според организаторите, на настанот, кој траел до доцна навечер и покрај дождливото време, присуствувале околу 200.000 луѓе во берлинскиот Тиергартен.
Сепак, полицијата соопшти дека бројот на учесници надминал 100.000.
Според „Билд“, минатата година на оваа техно забава присуствувале околу 300.000 луѓе, а биле повикани околу 600 служби за итни случаи.
Свет
Русија и Кина со заедничка поддршка и фокус на Украина и САД

Шефовите на дипломатиите на Русија и Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји, денеска во Пекинг одржаа средба на која разговараа за перспективите за завршување на војната во Украина, како и за односите со САД, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Средбата се одржа во пресрет на учеството на Лавров на состанокот на министрите за надворешни работи на Шангајската организација за соработка (ШОС), каде Русија и Кина имаат клучна улога.
Според соопштението, двајцата министри ја потврдиле взаемната поддршка околу прашањата што се однесуваат на суверенитетот, територијалниот интегритет и националното единство на двете земји.
„Министрите изразија задоволство од позитивната динамика на руско-кинеската сеопфатна соработка и ја разгледаа билатералната агенда со фокус на спроведување на договорите од мајскиот самит во Москва“, информира руското МНР.
Во разговорот било опфатено и продлабочувањето на хуманитарната и практична соработка меѓу двете земји, како и деталите околу претстојниот самит на шефови на држави на земјите-членки на ШОС, како и проширениот формат „ШОС плус“.
Дополнително, Лавров и Ванг Ји разговарале и за односите со САД и решавањето на украинската криза, при што ја нагласиле важноста од тесна координација на глобалната сцена, особено преку Обединетите нации, Советот за безбедност, БРИКС, Г20 и АПЕК.
Кина и Русија во февруари 2022 година воспоставија стратешко партнерство без ограничувања, што беше официјализирано за време на посетата на Владимир Путин на Пекинг.