Македонија
Милошоски допатува Крф
Македонскиот министер за надворешни точно напладне со владиниот авион пристигна на грчкиот остров Крф каде што ќе учествува на неформалниот министерски состанок на државите членки на ОБСЕ, кој викендов се одржува во организација на грчкото Претседателство, јави известувачот на МИА
Ова ќе биде прв состанок од ваков тип во рамките на ОБСЕ и на него се очекува шефовите на дипломатиите и другите претставници на 56-те држави-членки да дискутираат за прашања поврзани со современите безбедносни притисоци со кои се соочува Европа, потребата од зајакнување и унапредување на постоечките европски безбедносни аранжмани и структури и изнаоѓање начини и механизми за брз и ефикасен заеднички одговор на можните закани по мирот и стабилноста на државите од Европскиот континент. Предвидено е најголем дел од дискусиите да се водат на вториот ден од состанокот на кој ќе се дискутира за сеопфатна безбедност, потврда на постигнувањата и разгледување на перспективите за обновување и зајакнување на меѓусебната доверба и разбирање. Состанокот на ОБСЕ ќе започне со неформална вечера непосредно по средбата на министерскиот Совет на шефовите на 28-те членки на НАТО, кој исто така се одржува денеска на Крф, на тема „Русија – НАТО“. Беше предвидено оваа средба да се одржи на 20 мај во Брисел, но Русија одби да дојде во знак на протест поради маневрите на НАТО во Грузија. Покрај учеството на работните сесии на состанокот и предвиденото обраќање, министерот Милошоски на маргините ќе оствари повеќе билатерални средби со своите колеги. Засега нема одговор од официјална Атина на барањето на македонското Министерство за надворешни работи на состанокот на Крф да се реализира одвоена средба меѓу македонскиот министер Антонио Милошоски и неговата грчка колешка Дора Бакојани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

