Македонија
Почна 36. Шарпланински куп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/be117338-e8aa-40bf-b116-6f4da7ec081f-618.jpeg)
Натпреварувачкиот дел на 36. издание на Шарпланинскиот куп денеска започна со првата велеслаломска трка на патеката Орлова.
Натпреварувачкиот дел на 36. издание на Шарпланинскиот куп денеска започна со првата велеслаломска трка на патеката Орлова.
Шарпланинскиот куп започна со неколку часа задоцнување поради неповолните временски услови.
Тоа е најстарото скијачко натпреварување на Балканот, што датира од 1947 година.
Словенечката скијачка легенда Бојан Крижај вчера и официјално го отвори меѓународното натпреварување со симболично спуштање на патеките Орлова и Езерино.
Според најавите, на купот ќе учествуваат 41 натпреварувач од Белгија, Хрватска, Франција, Грција, Македонија, Холандија, Словенија и Словачка, а 15 – мина слаломисти се со олимписка норма.
Слаломски трки ќе се возат и утре на патеката Езерино, по што ќе бидат прогласени победниците на купот./крај/вест/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/crvena-mladina-gerila-akcija.jpg)
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.
Македонија
Изгаснат пожарот во станот во Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/Pozarnikari-Skopje.jpg)
Пожарот кој се случи во станбената зграда на улицата Виа Игнација број 8 во општина Ѓорче Петров е локализиран и изгаснат, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Во пожарот нема повредени лица, додаде тој.
Македонија
Мицкоски се сретна со хрватската амбасадорка: Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/tiganj-mickoski.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска се сретнал со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ.
„Ги потврдивме исклучителните пријателски односи меѓу двете држави“, кажа Мицкоски и додаде дека изразил благодарност за поддршката која ја добива државава од пријателска Хрватска.
„Македонија и Хрватска треба да ги искористат капацитетите на заедничкото пријателство“, рече премиерот.