Свет
Војската во Бангкок се подготвува за пресметки
Тајландските војници во полна борбена опрема во понеделникот патролираа низ деловниот центар на Бангкок, со цел да ги спречат илјадниците антивладини демонстранти да ги прошират демонстрациите и на тој дел од градот, јавува агенцијата Reuters
Со тоа се зголемија стравувањата од нови крвави судири во поларизираната земја. „Црвените кошули“ за вторник најавија марш по улицата „Силом“, дел од престолнината каде што се сместени повеќето банки и канцеларии на угледни компании. Демонстрантите со маршот низ улицата сакаат да го искажат својот пркос кон одлуката на владата да воведе вонредна состојба, која забранува јавни собири. Војниците, вооружени со автоматски пушки, стојат зад бодликавата жица и металните барикади, соочени со илјадниците демонстранти кои, пак, зад своите линии веќе имаат подготвено залихи од палки и камења. Премиерот Абхисит Веџаџива во петокот го именуваше шефот на генералштабот, генерал Анупонг Паочинда, за раководител на службата за национална безбедост, по што се заостри реториката на армијата. Од таму најавија дека петнеделните протести, кои ја десеткуваа клучната туристичка индустрија, мора да завршат и дека армијата за таа цел е подготвена дури и да се судри со демонстрантите.„Сакам да апелирам до лидерите на демонстрантите да не користат деца и старци како штит во првите линии. Без оглед на се, операциите за прекин на демонстрациите ќе започнат, со тоа што ќе се оди од помеки кон посцврсти мерки“, соопшти генерал Паоичинда по преземањето на функцијата. Згора на се позатегнатата ситуација, „Жолтите кошули“, кои го подржуваат актуелниот премиер, се заканија дека ќе започнат масивни демонстрации, ако владата во рок од седум дена не преземе нешто да ги сопре демонстрациите, со што ја ставаат земјата во ризик од конфликт со размери без преседан во поновата историја на земјата. Локалните аналитиччари предупредуваат дека минатонеделните судири, во кои загинаа 25 луѓе, а преку 800 беа повредени, ги заострија ставовите и на двете страни и може да претставуваат иницијална каписла за поширок и многу поопасен конфликт. Околу влезовите во станиците на метрото и на трговскките центри се подигнати огради од жица, а некои граѓани на нив закачуваат пораки со повици за мир. Полицијата и војската особено внимателно ги набљудуваат високите згради, кои пружаат одлични засолништа за снајперистите. Од своја страна, лидерот на деммонстрантите Натавут Саикуа, во понеделникот не кажа прецизно дали ќе се одржи најавеното проширување на демонстрациите во вторникот. Демонстрантите најавија дека бескрајни колони од демонстранти ќе се влеат во градот. Според него, поставувањето на војниците во улицата „Силом“ најпрвин било со цел да се разбие главнината на демонстрантите, но високите офицери во последен миг го смениле мислењето. Тој информациите ги добил од војниците кои се симпатизери и кои ги нарекуваат „лубеници“ (зелени од надвор поради униформата, но црвени од внатре). Ваквата поделба во армијата ги загрижува високите офицери, кои сега не знаат кому да веруваат. Згора на тоа, се шират шпекулации дека тврдолинијашите во армијата подготвуваат воен удар, со кој би ја прекинале петгодишната политичка нестабилност во земјата. „Црвените кошули“, кои се во најголем дел сочинети од сиромашни работници и селани, ја обвиннуваат елитата во армијата за поддршка на таканаречените „жолти кошули“, сочинети до ројалисти, деловната елита, аристократите и урбаната средна класа и дека учествувале во заговорт за отстранување на поранешниот преиер Таксин Шинаватра, кој беше избркан во 2006 година поради наводна корупција. Во декември 2008 година, „Жолтите кошули“, поточно припадниците на „Алијансата за демократија“, изведоа осумдневна блокада на меѓународниот аеродром во Бангкок, при што повеќе од 250.000 туристи останаа заглавени. Опсадата на аеродромот заврши откако тогашната владеачка партија, која одржуваше блиски врски со протераниот премир Шинаватра, беше укината поради наводна изборна измама, со што се отвори пат за парламентарно гласање за именување на актуелниот премиер. „Црвените кошули“ тврдат дека гласањето било под целосно влијание на армијскиот врв.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Свет
Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што ја потресоа земјата.
„Шокиран сум од извештаите за насилство и прекумерна употреба на сила од страна на иранските власти против демонстрантите што резултираа со смртни случаи и повреди во последните денови“, напиша Гутереш на Икс.
Shocked by reports of violence & excessive use of force by the Iranian authorities against protesters resulting in deaths & injuries in recent days.
The rights to freedom of expression, association & peaceful assembly must be fully respected & protected.
I urge the Iranian…
— António Guterres (@antonioguterres) January 11, 2026
„Правата на слобода на изразување, здружување и мирно собирање мора целосно да се почитуваат и заштитат“, додаде тој.
Гутереш ги повика властите да „покажат максимална воздржаност“ во врска со непотребната или непропорционалната употреба на сила. „Исто така, повикувам на чекори за да се овозможи пристап до информации во земјата, вклучително и враќање на комуникациите“, рече тој.
Протестите започнаа пред околу две недели поради тешката економска криза во земјата, но брзо се претворија во политички протести против владата на Исламската Република.
Свет
Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог
Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира.
Тој нагласи дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на проблемот и потврди дека интернет-поврзувањето ќе биде вратено и во амбасадите и владините министерства, објавија странските медиуми.
Арагчи, исто така, се осврна на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна воена акција доколку протестите во Иран станат насилни.
Иранскиот министер ги нарече ваквите закани „терористички чин“, тврдејќи дека изјавите на Трамп ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите и безбедносните сили со цел да предизвикаат странска интервенција.
И покрај тензиите, Арагчи заврши со помирувачка, но цврста порака: „Подготвени сме за војна, но и за дијалог“.

