Спорт
Луис Хамилтон најбрз на тренингот во Шангај
Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон беше најбрз на денешниот тренинг пред неделната трка за Големата награда на Кина која се возеше во Шангај.
Возачот на Мекларен, Луис Хамилтон беше најбрз на денешниот тренинг пред неделната трка за Големата награда на Кина која се возеше во Шангај.
Хамилтон кој на последните две трки го освои шестото место сега имаше време од 1 минута, 35 секунди и 21 стотинка.
Веднаш за Хамилтон се пласира Нико Розберг од Мерцедес со заостанување од 24 стотинки а на третото место беше Џенсон Батон од Мекларен.
Повратникот во Формула 1 Михаел Шумахер се пласира на четвртото место а петтото место го освои Себастијан Фетел.
Поранешниот шампион Фернандо Алонсо од Ферари го освои десетото а клубскиот колега Фелипе Маса единаесетото место.
Рубенс Баричело на денешниот тренинг се пласира на петнаесетото место а внукот на легендата Аиртон Сена, Бруно Сена се пласира на претпоследното 23-то место.
Последен на денешниот тренинг беше Себастиен Буеми од Торо Росо.
Утре се квалификациите а за во недела е закажана трката за ГН на Кина која е трета по ред во оваа сезона./крај/ббс/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

