Свет
За САД и Русија приоритет е нуклеарното оружје
Рускиот претседател Медведев истакнал дека со американскиот колега Обама ќе настојуваат да ги подобрат односите меѓу двете држави. Сепак, приоритетот на закажана средба во Лондон е даден на нуклеарното вооружување
Во среда треба првпат да се состанат американскиот и рускиот претседател. Барак Обама и Дмитриј Медведев според договорот треба да се сретнат во Лондон пред почнувањето на самитот на G-20 во четврток. „Со размената на писмата од оваа година покажавме двострана подготвеност за градење стабилни двострани односи на прагамтичен и на деловен план и се согласивме дека приоритет е нуклеарното вооружување“, рекол Медведев, според написот обајвен во Washington Post што го пренесуват светските агенции. Медведев ги набројал можните полиња на соработка меѓу двете држави, но потенцирал дека тие мора да започнат од нуклеарното разоружување. Рускиот претседател додал дека тој и Обама сметаат дека процесот на разоружување ќе биде со неодложен приоритет. „Едностраните желби само за апсолутна сопствена безбедност се опасна илузија“, потенцирал Медведев додавајќи дека е охрабрен од, како што рекол, новиот партнер во Вашингтон. Медведев, покрај другото, рекол дека двете земји имаат потреба од заедничко решение за проблемите во Авганистан, и дека една конференција организарана од која и да е страна сигурно би била причина за подобра соработка отколку за натпреварување. Рускиот претседател смета, како што пренесуваат американските медиуми, дека Русија и САД на самитот во Лондон треба да го преземат лидерството во решавањето на светската економска криза. Медведев рекол дека до влошување на односите меѓу Москва и Вашингтон дошло по вина на претходната американска админстрација за инсталирање на противракетниот штит во Европа и проширувањето на НАТО до границите на Русија, како и за одбивањето да биде потпишан договор за конвенционалните сили во Европа. Само со почитување на заедничките интереси и гарантирање на еднаквоста може да се надминат несогласувањата кои ги предизвикале пренабрегнувањата на руските интереси и предизвикале одговор, смета рускиот претседател Медведев. Кој нагласил дека само врз вакви принципи неговата држава е подготвена да соработува со администрацијата на американскиот претседател Обама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

