Спорт
Атлетико го тестира Реал

Натпреварите кои ќе се одиграат на „Сантијаго Бернабе“ и „Санчез Писхуан“ ќе го обележат 10. коло во фудбалското првенство на Шпанија. Во Мадрид, во градската пресметка ќе се сретнат Реал и Атлетико
„Кралскиот клуб“ е лидер на табелата со бод повеќе од Барселона, која во ова коло гостува во Мадрид кај Хетафе. Реал во натпреварот со Атлетико, поради формата во која се наоѓа, влегува како апсолутен фаворит. Второто дерби ќе се одигра во понеделник, Севиља ќе и’ се спротистави на Валенсија. Севиља игра по системот топло-ладно, на последните пет натпревари екипата има две победи и три пораза. Валенсија по добриот старт влезе во серија на лоши резултати, на последните три првенствени средби тимот од „Местаља“ освои само еден бод. Комплетни двојки од 10. коло во Примера, во сабота, 6. ноември играат Реал Сосиедад – Расинг Сантандер и Еспањол – Малага, додека во недела 7-ми ноември се среќаваат Сарагоса – Мајорка, Виљареал – Атлетик Билбао, Алмерија – Спортинг Хихон, Осасуна – Херкулес, Леванте – Депортиво Ла Коруња, Хетафе – Барселона и мадридското дерби меѓу Реал и Атлетико.Во понеделник 10-то коло од Ла Лига ќе биде затворено со дуелот меѓу Севиља и Валенсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER