Свет
САД и Ј. Кореја се подготвени за промените во врвот на С. Кореја

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс истакна дека сојузништвото со Јужна Кореја никогаш не било толку силно како сега во периодот на транзицијата на власта во Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес
Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс истакна дека сојузништвото со Јужна Кореја никогаш не било толку силно како сега во периодот на транзицијата на власта во Северна Кореја, пренесува Асошиејтед прес
Претходно, висок севернокорејски функционер за телевизиската мрежа АПТН потврди дека најмладиот син на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ил, Ким Јонг Ун и официјално е новиот лидер на последниот тврдокорно комунистички бастион на светот.
На заедничката прес конференција со својот јужнокорејски колега, Ким Тае-јунг, Гејтс рече дека останува да се види дали промената во политичкиот врв на Северна Кореја ќе донесе промена во однесувањето на власта на оваа земја. /крај/ап/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Труење со хлор во бања во Унгарија: 14 лица хоспитализирани, околу 120 евакуирани

Поради труење со хлор, 14 лица се итно хоспитализирани, а 120 се евакуирани од бањата Туркева во Унгарија.
Адам Немет, портпарол на Дирекцијата за управување со катастрофи на округот Јас-Наѓкун-Солнок, изјави дека мешањето на две хемикалии за прочистување на водата предизвикало формирање на токсичен гас, кој предизвикал гадење кај капачите.
Унгарските медиуми објавија дека 14 лица морале веднаш да бидат однесени во болница.
Хлорниот гас е жолтеникаво-зелен по боја, има силен мирис и може да предизвика труење дури и во мали количини. Во повисоки концентрации, може да доведе до смрт, според написите.
Експертите појаснуваат дека труењето со оваа состојка е скриена, но реална опасност во домаќинствата, како и во индустријата. Гасот може да се појави како резултат на мешање на различни средства за чистење.
Хлорниот гас прво ги напаѓа дишните патишта. Вдишувањето може да го иритира носот, грлото, очите и белите дробови на краток рок. Дури и при ниски концентрации, може да се појави гребење во грлото, солзење, кашлање и течење на носот.
Во случај на умерени количини, симптомите се влошуваат: пациентот може да почувствува чувство на задушување, притисок во градите и главоболка.
Високите концентрации се особено опасни: може да се развие белодробен едем, кој често не се појавува веднаш, туку дури и неколку часа подоцна, предизвикувајќи сериозен недостаток на кислород и состојба опасна по живот.
Труењето е особено опасно за децата, постарите лица и лицата со хронични белодробни заболувања.
Фото: принтскрин
Свет
Песков: Се користат големи ресурси за да се претстави Русија како непријател на Европа

Кремљ ја забележа вчерашната изјава на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за нов рок за прекин на огнот во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во понеделникот, Трамп го скрати претходно утврдениот рок од 50 дена за прекин на огнот на 10 или 12 дена, наведувајќи го недостатокот на напредок во решавањето на конфликтот, објави РИА Новости.
Исто така, Трамп се закани дека ќе воведе секундарни санкции и царини за земјите што соработуваат со Русија, наведувајќи дека таквите мерки би можеле да вклучуваат „100-процентни царини“.
„Вчера ја добивме изјавата на претседателот Трамп“, изјави Песков пред новинарите, коментирајќи ја најавата на Трамп, но не прецизираше каков ќе биде понатамошниот одговор на Кремљ на тие изјави.
Исто така, Песков ги негираше извештаите за можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Трамп, наведувајќи дека такво прашање дури и не било на дневен ред и сè уште не е.
Кога беше прашан за сегашните односи меѓу Русија и Европа, Песков рече дека работата за создавање слика за Русија како непријател во Европа продолжува, „за што Москва жали“.
„За ова се користат големи ресурси, а оваа работа продолжува, на наше големо жалење. Ова очигледно не е во интерес на народите на европските земји“, рече Песков.
Тој повтори дека Русија останува посветена на мирно решавање на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека „специјалната воена операција продолжува“, но дека Москва сè уште се стреми да го реши конфликтот преку мирен процес, а воедно да ги обезбеди интересите на Руската Федерација.
Фото: принтскрин
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.