Спорт
Вента: Македонија има одлични ракометари
Неверојатниот пресврт кој ракометарите на Полска го направија против Шведска, кога во мечот се вратија по негатива од 11 гола, им ги зголеми апетитите дека можат да изборат место во полуфиналето.
Неверојатниот пресврт кој ракометарите на Полска го направија против Шведска, кога во мечот се вратија по негатива од 11 гола, им ги зголеми апетитите дека можат да изборат место во полуфиналето. Целта на Полска во следните две кола, во четвртфиналната Група 1, ќе биде да се забележат победи над Македонија и Германија. Полскиот селектор смета дека натпреварот со Македонија е клучен за сонот за полуфинале да стане реалност. „Ќе имаме полна арена и публика која ќе врши притисок врз нас. Македонија игра со срце, со многу емоции и демонстрира агресивна одбрана. Македонија не е само Кирил Лазаров, за тоа мора да бидеме свесни, тие имаат и други добри ракометари. Ова е клучен меч за нас, но за разлика од натпреварот со Шведска мораме да почнеме со полн гас“, рече полскиот селектор Богдан Вента.Предводникот на Полска не крие дека главна амбиција на ова првенство е пласман меѓу најдобрите четири репрезентации. „Додека постои било каква можност ние ќе се бориме за полуфиналето. Се надеваме дека ќе победиме на двете средби. Според мене, доколку ја победиме Македонија, натпреварот со Германија ќе биде решавачки, но ние сепак најпрвин мора да се фокусираме на Македонија.“Натпреварот Македонија-Полска, ќе го отвори второто коло во четвртфиналната Група 2, на Еуро 2012. крај/ehf-euro2012/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Србија и Албанија домаќини на ЕП за фудбалери до 21 година
Србија и Албанија ќе бидат домаќини на Европското првенство за фудбалери до 21 година.
Шампионатот ќе биде отворен на стадионот „Караѓорѓе во Нови Сад“, додека финалето ќе се игра на националниот стадион во Тирана, кој ги исполнува стандардите за финален натпревар од вакво натпреварување.
Бидејќи се одржува во годината пред Олимписките игри, ова ќе биде и квалификациски турнир за Олимпијадата во Лос Анџелес во 2028 година, каде место ќе обезбедат најдобрите четири европски селекции.
Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) покажа доверба во Србија и Албанија да организираат многу сериозно натпреварување, на кое ќе учествуваат 16 репрезентации.
Србија ќе биде домаќин во Нови Сад, Лесковац, Лозница и Зајечар, а градови домаќини во Албанија ќе бидат Тирана, Скадар, Драч и Елбасан.
Да потсетиме, овогодинешното издание на ЕП за фудбалери до 21 година го организира Словачка, а титулата ја брани Англија.
Спорт
Реал без Мбапе во Купот против Леганес
Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе го пропушти претстојниот четвртфинален натпревар од Купот на Шпанија против Леганес поради повреда на потколеницата.
„Вчера му дадовме на Мбапе дополнителен ден за рехабилитација, денеска тренираше нормално, но има хематом на потколеницата и утре нема да ни биде достапен“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.
Реал Мадрид во среда од 21 часот гостува кај Леганес.
Мбапе се повреди на натпреварот против Еспањол, кој неговиот тим го загуби со 0:1.
Анчелоти нема да може да смета на уште двајца играчи за натпреварот против Леганес, Давид Алаба и Антонио Ридигер.
Спорт
Хенес: Прелесно се откажавме од Нагелсман
Почесниот претседател на Баерн, Ули Хенес смета дека клубот прерано се откажал од тренерот Јулијан Нагелсман.
Нагелсман нецели две сезони ги предводеше Баварците. Во рпвата ја освои двојната круна, втората не ја заврши бидејќи доби отказ на 24.март 2023 година. Неколку месеци подоцна тој стана селектор на Германија.
„Отпуштањето на Нагелсман беше голема грешка, со која бордот на директори не се согласи, мислеа дека е премногу рано. Тоа предизвика турбуленции во клубот во време кога сè уште можевме да ја освоиме тројната круна. Ситуацијата не беше катастрофална. Знаевме што можеше да се случи ако на Јулијан му дадевме шанса на подолг рок. Посакувам клубот подобро да се справи во таа ситуација, да покажеше поголемо трпение“, рече Хенес.
Хенес верува дека не е нормално да се зборува за освојување три трофеи секоја сезона.
„Чувствувам дека Баерн сега е постабилен отколку во последните неколку години. Целиот овој разговор за освојување на тројната круна е глупост. Најважно е да се освои германското првенство. Видете, Дортмунд мина понатаму во Лигата на шампионите, а никој не зборува за тоа. Причината е што тие заостануваат 22 бода зад нас во Бундеслигата. И луѓето ми се смееја кога во ноември реков дека Дортмунд не е наш кандидат за титулата. Тогаш имаа 12 поени помалку од нас, а сега се на 22. За мене домашното првенство е мерило за сите работи: ако се освои титулата, сезоната е успешна“, изјави Хенес.