Македонија
Сите водостои се во опаѓање

Сите водостои во Република Македонија се во опаѓање, соопшти денеска Координативното тело за превенција од природните непогоди. Водостојот на Охридското Езеро, според утринските мерења е на истото ниво како и претходните денови
Сите водостои во Република Македонија се во опаѓање, соопшти денеска Координативното тело за превенција од природните непогоди.
Водостојот на Охридското Езеро, според утринските мерења е на истото ниво како и претходните денови, изјави портпаролот на министерството за транспорт и врски, додавајќи дека дотекот на реката Сатеска кој на крајот на февруари изнесуваше 50 м3/с, сега е 25 м3/с, а испуштањето на водата во реката Дрим е 61 м3 во секунда.
Активностите за превенирање на евентуални последици од природните непогоди продолжуваат и денеска, а тимови на Координативното тело повторно ќе излезат на терен со цел мониторинг на актуелната состојба и ќе ги посетат реоните во Струга, Охрид, Пештани, патниот правец Битола – Ресен и патниот правец Струга – Дебар кај Луково
Кај месноста Луково, кај патниот правец Струга – Дебар продолжуваат активностите за уредување на коритото на реката Црн Дрим. На оваа локација превентивно се прави земјен насип во должина од 350 метри, висина од 5 м и широчина од 7 метри. Согласно усогласената динамика на превентивни активности на Координативното тело, предвидено е овој насип да биде финализиран за 7 дена. За таа цел, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување во 2 смени работат на оваа локација.
Оваа локација денеска ќе ја посети и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување кој ќе изврши увид во активностите на лице место.
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денешниот ден се предвидува облачно време со локални врнежи од снег, а попладне облачноста ќе се намалува. Во периодот од понеделник до среда, исто така се очекуваат врнежи од снег.
Kоординативното тело имајќи ги предвид овие информации континуирано ја следи состојбата на теренот на територијата на цела Република Македонија, стручни екипи се на теренот и продолжуваме со преземање на превентивни мерки за заштита на граѓаните од евентуални последици од природните непогоди, рече портпаролот на министерството за транспорт и врски./крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи.
Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.
„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец.
И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска во напишаното.
Дополнително упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно?
Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ, пишува Арсовска.
Македонија
„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
Причина за пријавата, како што појаснуваат е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа, фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година. Од „Вреди“ се сомневаат дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).
„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“.
Бараат Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи.
„Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.
Од „Вреди“ велат дека ја преземаат ваквата иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваат ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага.
„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.
Македонија
Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот кај село Луково

Од 12:42 часот, сообраќајот на патниот правец Струга – Дебар кај с.Луково е во прекин во двата правца, поради случена сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.