Свет
Одговорноста за ракетирањето на Тел Авив ja презема Исламскиот џихад, Изрел одобри мобилизација
Одговорноста за ракетирањето на јужните делови на Тел Авив што најверојатно е причината за силната експлозија што во четвртото доцна попладне одекна ја презема групата Сараја ал-Кудс, военото крило на Исламскиот џихад, јави катарската телевизија Al Jazeera.
Засега сѐ уште нема потврда дека експлозијата во густо населениот дел на Тел Авив по што беа активирани сирените за предупредување е предизвикана од палестинска ракета. Нема информации ниту за евентуални настрадани или штети.
Израелски безбедносен извор за Reuters рекол дека еден проектил кој предизвикал воздушна тревога во Тел Авив, паднал во морето. Израелската армија соопшти дека втор проектил истрелан врз централен Израел паднал во ненаселена област во предградието на Тел Авив, Авива Ришон Лезион.
Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак најави посилна воена акција против палестинските милитанти, велејќи дека ќе платат за тоа што истрелале проектили кон Тел Авив.
Барак додаде дека ѝ наредил на армијата да активира уште резервисти за „да можеме да бидеме подготвени за секоја можност“, а израелскиот генерал Јоав Мордекај изјави дека станува збор за можност за мобилизација на 30 илјади припадници на резервниот состав, којашто може да се спроведе во секој момент.
„Во тек е ширење на акцијата во Газа“, изјави Мордекај на израелската телевизија, додавајќи дека министерот за одбрана го исполнил барањето на војската да се повикаа 30 илјади припадници на резервниот состав.
Советникот на министерот за одбрана на Израел, Џош Хантман за РИА Новости ја потврдил информацијата за мобилизација на резервните сили, но не сакал да го конкретизира обемот на мобилизацијата и потврдил дека се разгледува варијанта за копнена операција.
„Тоа е едно од можните сценарија, кое министерот и премиерот го разгледуваа… Постои таква можност“, изјавил Хантман за агенцијата.
Агенцијата Associated Press јавува дека започнал транспортот на пешадија и оклопни возила на границата меѓу Израел и палестинската енклава Појасот Газа. Најмалку десетина камиони со тенкови и оклопни возила и автобуси со војници се забележани во четвртокот навечер како се движат во насока на границата, пишува агенцијата.
Последен пат израелските војници во Појасот Газа навлегоа во Појасот Газа во зимата 2008/2009 година. Тогаш во операцијата „Лиено олово“ беа убиени повеќе од илјада Палестинци, а најголемиот број жртви имаше во копнените операции./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападнат американските бази ако Трамп нападне
Иран ги предупреди соседните земји дека ќе нападне американски воени бази во регионот како одмазда за евентуален напад од страна на Вашингтон, објави „Ројтерс“.
Според „Ројтерс“, висок ирански функционер изјавил:
„Техеран им кажал на регионалните земји, од Саудиска Арабија и ОАЕ до Турција, дека американските бази во тие земји ќе бидат нападнати ако САД го нападнат Иран… и побарал од тие земји да го спречат Вашингтон да го нападне Иран“.
„Ќе преземеме многу силни мерки. Ако направат нешто такво, ќе преземеме многу силни мерки“, му рече Трамп на водителот на CBS Evening News, Тони Докупил, во ексклузивно интервју за мрежата, снимено во Дирборн, Мичиген, кое ќе се емитува во вторник.
фото/Depositphotos
Свет
Претседателот на Иран: Протестите се резултат на неисполнети економски барања
Претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, денес изјави дека протестите во Иран се резултат на неисполнети економски барања и дека демонстрациите низ целата земја можеле да се избегнат доколку барањата на граѓаните биле земени предвид порано.
Зборувајќи на состанок со министерот за економија и неговите заменици, Пезешкијан ја нагласи потребата од „итно и децентрализирано пристапување кон економските проблеми“, објави ИРНА.
Тој, исто така, рече дека властите мора да ги следат барањата на трговците и другите слоеви на општеството за да најдат решенија за нивните грижи.
Тој додаде дека плановите за економски развој треба да се прошират надвор од главниот град, особено во јужните пристанишни градови.
Протестите избувнаа кон крајот на декември 2025 година поради влошувањето на економската состојба и прераснуваат во поширок предизвик за властите што владеат со Иран од Исламската револуција во 1979 година.
Свет
Кина: Се спротивставуваме на мешањето во внатрешните работи на Иран
Кина се спротивставува на какво било надворешно мешање во внатрешните работи на Иран, објави кинеското Министерство за надворешни работи, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон ќе преземе „многу силни мерки“ против Техеран.
Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, на редовната прес-конференција изјави дека Кина не одобрува употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи, коментирајќи ги изјавите на Трамп и повиците до демонстрантите во Иран да продолжат со своите протести.
Трамп им рече на демонстрантите дека „помошта е на пат“.

