Регион
Турските сили ликвидирале 32 курдски герилци

Турските безбедносни сили во текот на викендов на претежно курдскиот југоистокот од земјата убиле 32 припадници на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), соопштија во неделата армиски извори.
Станува збор за еден од најкрвавите викенди откако во јули 2015 година беше обновен триесетгодишниот бунт на Работничка партија на Курдистан (PKK) во кој загинаа повеќе од 40.000 луѓе, откако по меѓусебните обвинувања пропадна мировниот процес меѓу владата во Анкара и заточениот курдски лидер Абдула Оџалан започнат кон крајот на 2012 година.
Во градовите Чизра и Силопи, наделеку од границите со Ирак и со Сирија, во саботата биле убиени 16 курдски герилци, а четворица се убиени во градот Дијарбекир, соопшти војската. Во соопштението се наведува и дека вкупно 307 бунтовници се убиени во овие области откако на 15-ти декември е воведен полицискиот час и откако во декември започнаа безбедносните операции.
Полицијата убила уште 12 припадници на PKK, откако ги открила во една куќа во југоисточниот град Ван ноќта кон неделата, изјавиле безбедносни извори. Еден полициски офицер загинал, а двајца се ранети во оваа операција. /крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.