Македонија
Започна изградба на лабораторија за мебел
Камен-темелник за изградба на Лабораторија за испитување на мебел, градежна столарија и други дрвни и недрвни материјали во склоп на Шумарскиот
Камен-темелник за изградба на Лабораторија за испитување на мебел, градежна столарија и други дрвни и недрвни материјали во склоп на Шумарскиот факултет беше поставен денеска.
Лабораторијата, која ќе го испитува квалитетот на мебелот, ќе издава и сертификати за квалитет, кои се потребни при извоз на мебел за задоволување на европските стандарди и критериуми, а истовремено ќе биде и заштита за потрошувачите во Македонија од увезениот неквалитетен мебел. Tаа ќе ги зголеми можностите на професорите од Шумарскиот факултет во нивната научно-истражувачка работа, а исто така, ќе можат да ја користат и студентите.
Лабораторијата за испитување на мебелот, ќе биде опремена со специјални уреди за тестирање на мебел, прозорци, врати, душеци, паркет и други дрвни и недрвни материјали.
Проектот за лабораторијата е изработен од страна на Шумарскиот факултет и одобрен од страна на Владата на Република Македонија, а нејзината изградба се очекува да заврши кон крајот на септември, оваа година.
Камен-темелникот го поставија министерот за образование и наука Перо Стојановски, ректорот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Велимир Стојковски и деканот на Шумарски факултет, проф. д-р Бранко Рабаџиски./крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

